Амазон

Координати: 0°42′28″N 50°5′22″W / 0.70778° СГШ; 50.08944° ЗГД / 0.70778; -50.08944
Од Википедија — слободната енциклопедија
0°42′28″N 50°5′22″W / 0.70778° СГШ; 50.08944° ЗГД / 0.70778; -50.08944
Амазон
Amazonas, Apurímac, Ene, Tambo, Ucayali, Amazonas, Solimões
Залез на Амазон кај Летисија, Колумбија
Земји Бразил, Колумбија, Перу
Притоки
 - леви Марањон, Жапура/Какета, Рио Негро/Гвајнија, Путомајо
 - десни Укајали, Пурус, Мадејра, Тапажос, Шингу
Град Икитос (Перу); Летисија (Колумбија);
Табатинга (Бразил); Тефе (Бразил);
Итакоатиара (Бразил) Паринтинс (Бразил);
Обидос (Бразил); Сантарем (Бразил);
Алмејрим (Бразил); Макапа (Бразил)
Извор Анди
 - место Мисми, Арекипа, Перу
 - височина 5.170 м
 - координати 15°31′5″S 71°45′55″W / 15.51806° ЈГШ; 71.76528° ЗГД / -15.51806; -71.76528
Утока Атлантски Океан
 - височина м
 - координати 0°42′28″N 50°5′22″W / 0.70778° СГШ; 50.08944° ЗГД / 0.70778; -50.08944 [1]
Должина 6.437 км [2]
Слив 7.050.000 км2 [2]
Истек
 - просечен 209.000 м3 [3]
Сливот на Амазон
Сливот на Амазон
Сливот на Амазон
Наколни живеалишта во Летисија

Амазон (шпански и португалски: Amazonas) — значајна река во Јужна Америка и најголемата река во светот во однос на волуменот на количество вода која тече поголем од 8-те најголеми реки заедно. Амазон, кој има најголем речен слив, се смета дека околу една петтина од сите речни текови во светот. За време на влажната сезона Амазон е помеѓу 190 км и 210 км широк. Поради огромните димензии се нарекува и речно море. На ниедно место Амазон не се преминува со мостови, тоа е последица на огромните димензии, најмногу поради ширината. Всушност Амазон не е толку широк за да не може модерен мост да ја премости, но најголемиот дел од реката тече низ прашума каде има многу малку патишта и малку гратчиња па нема реална потреба од премостување.

Додека Амазон е најголема река во светот во однос на повеќето мерки, моментално географската заедница смета дека е втора по должина, само за малку пократка од Нил. Дел од научниците од Бразил и Перу на ја прифаќаат оваа теорија.

Басенот на Амазон[уреди | уреди извор]

Басенот на Амазон е најголем базен, во светот, за истечни води покрива 40% од Јужна Америка, област од 6.915.000 км2. Водите во овој басен се собираат од 5° СГШ до 20° ЈГШ. Најнедостапните извори се наогаат на внатрешната висорамнина Андрејан, чија локација е на многу кратко растојание од Тихиот Океан.

Територијата покриена со вода од Амазон и нејзините притоки се зголемува за трипати во текот на една година. Во сушна сезона во просек 110.000 км2 од земјена површина се покриени. Во дождлива сезона површината која се поплавува од Амазон достигнува до 350.000 км2.

Количината вода која се излева од Амазон во Атлантскиот Океан е огромна и достигнува до 300.000 км3 во секунда во дождовна сезона. Од вкупната количина свежа вода која се влева во океаните, Амазон слева една петтина. Океанот во делот каде Амазон се слева има многу помала соленост сè до 500 километри внатре во морето. Во овој дел од океанот вода за пиење може да се испумпа од океанот иако е многу далеку во недоглед.

Поплавите на Амазон[уреди | уреди извор]

Не сите притоки на Амазон се поплавуваат во исто време од годината. Многу ограноци почнуваат да се поплавуваат во ноември, а многу други надојдуваат дури во јуни. Надојдувањето на Рио Негро започнува во февруари или март, а се повлекува во јуни. Мадиера надојдува и се поплавува два месеци порано од останатите делови на Амазон.

Просечната длабочина на реката, кога најинтензивно врне, изнесува 40 метри и просечната ширина може да достигне до 40 км. Главната река (која што просечно е широка 10 км) е пловна и за големи океански бродови сè до Манаус, 1.500 км должина од вливот на реката. Помали океански бродови од 3000 тони до 9 000 тони со пречник од 5,5 метри можат да пловат до Икитос, Перу, што е 3.600 км од морето. Помали речни чамци можат да пловат и до 780 км од сливот сè до Понго де Мансериче.

Амазон како мотив во уметноста и популарната култура[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Amazon River - Топонимски опслужувач GEOnet (англиски)
  2. 2,0 2,1 Ziesler, R.; Ardizzone, G.D. (1979). „Amazon River System“. The Inland waters of Latin America. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. ISBN 92-5-000780-9. Архивирано од изворникот 2014-11-08. Посетено на 2015-01-26.
  3. Seyler, Patrick; Laurence Maurice-Bourgoin; Jean Loup Guyot. „Hydrological Control on the Temporal Variability of Trace Element Concentration in the Amazon River and its Main Tributaries“. Geological Survey of Brazil (CPRM). Посетено на 24 July 2010.
  4. Luna (22) – Nestvarne Stvari (пристапено на 30.1.2023)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]