Алофон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Табела фонем-алофон-определување

Алофон е варијација на фонемата. Алофон потекнува од грчките зборови ἄλλος- дгруг и phōnē- глас.. Алофонот не е карактеристична, туку варијантна форма на фонемата. При промена на алофонот нема да се промени значењето на зборот, но резултатот може да звучи неприроден или неразбирлив.Секогaш кога еден говорен звук е произведен,тој ќе биде поразличен од другите звуци.Само некои од варијациите се значајни или забележливи за говорителите. Може да има и дополнителни алофони кои се дистрибуирани во рамките на говорот во фонетската средина.. Исто така може да има и забележливи слободни варијанти кои се по личен избор. Не сите фонеми имаат значително значајни алофони. Во случај на комплементарни алофони, секој алофон се користи во одреден фонетски контекст и можат да бидат вклучени во фонетскиот процес.

Примери на англискиот јазик во споредба со другите јазици

На пример /pʰ/ во pin (игла) и /p/ како spin (врти) се алофони на фонемата /p/ во англискиот јазик затоа што зборовите не можат да се разликуваат.Англиските говорители ги третираат како ист звук, но тие се различни: првиот е аспиративен, а вторион е неаспиративен. Plain /p/ (рамнина) го опфаќа /p/ како и cap /kʰæp/ , или второто p во paper /pʰeɪ.pɚ/. Во англискиот јазик има многу алофонски процеси како недостаток на „експлозија“, назална „експлозија“,делумно обезвучување на сонорните звуци, целосно обезвучување на сонорните звуци,продолжување и скратување на самогласките, итн.

  • Аспирација – силна воздушна експлозија. Во англискиот јазик, безгласните плозиви (p),т (t)и(k)се аспиративни кога стојат како единствена согласка на почетокот на нагласениот слог, или на почетокот на зборот.
  • Носен плозив – во англискиот јазик (/p, t, k, b, d, ɡ/) имаат назална препрека кога се следени од носен призвук внатре во зборот.
  • Делумно обезвучување на сонорните звуци – Во англискиот јазик сонорните звуци, (/j, w, l, r, m, n, ŋ/) се делумно обезвучени кога тие следат безвучен звук во рамките на истиот слог.
  • Комплетно обезвучени сонорните звуци – Во англискиот јазик, сонорните звуци , се комплетно обезвучени кога по нив доаѓа аспиративен плозив (/p, t, k/).

Бидејќи изборот на алофони е ретко свесно изговаран, луѓето може да не го сфаќаат нивното постоење. Англиските говорители можат да станат свесни за разликата помеѓу два алофона,ако тие имаат спротивен изговор.Алофоните на англиското /l/ може да биде забележан light' [l] (светло [l])leaf [ˈliːf](лист) е во спротивност со dark' [ɫ] (темно)од feel [ˈfiːɫ]. Оваа разлика е поочигледна во турскиот говор (во кои [l] и [ɫ] се одделни фонеми) отколку во англискиот во кој има повеќе алофони во една единствена фонема.

Претставување на фонема со алофон

Бидејќи фонемите се апстракции на говорните звуци, а не самите звуци, тие немаат директна фонетска транскрипција. Кога тие се транскрибираат без алофонска варијација, е употребена едноставна транскрипција, т.н. broad transcription.Како и да е, кога има комплементарни алофони на фонемата, при што алофонот е значаен, работите стануваат комплицирани.Често, ако има само еден алофон, едноставно е да се транскрибира. Сепак, може да има неколку алофони или јазичари кои можеби претпочитаат поголема прецизност отколку што е дозволена. Во вакви случаи заедничката конвенција е да се користи "elsewhere condition" (друга состојба), која ќе одлучи кој алофон да застане на местото на фонемата. Овој "друг" алофон потсетува за условите кои се пропишани во фонетските правила. На пример, англискиот јазик, ги има и усните и оралните алофони на своите самогласки. Моделот е дека самогласките се носни само кога претходната назална согласка е во рамките на истиот слог, во други случаи е орална. Затоа од страна на конвенцијата "друга состојба" оралните алофони се сметаат за главни, а назалните самогласки во англискиот јазик се сметаат за алофони на оралните фонеми.

Во други случаи алофонот може да биде избран да ја претставува својата фонема поради тоа што има повеќе заедничко со другите светски јазици отколку другите алофони, поради тоа што го претставува потеклото на фонемата или поради тоа што дава поинзбалансиран поглед на фонемската листа.