Александра Костенјук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александра Костенјук
Целосно имеАлександра Константиновна Костенјук
Земја Русија
Роден23 април 1984
Перм, Руска СФСР, СССР
Титулавелемајстор (2004)
Светски првак2008-2010 (женска конкуренција)
ФИДЕ-рејтинг2533 (јули 2014)
Најв. рејтинг2540 (април 2006)

Александра Константиновна Костенјук (рус. Александра Константиновна Костенюк, р. 23 април 1984 во Перм) е руска шахистка, велемајстор и поранешна светска првенка во шах.

Шаховска кариера[уреди | уреди извор]

Александра научила да игра шах на 5 години, а нејзин учител бил нејзиниот татко. Таа има помлада сестра Оксана, која е женски ФИДЕ мајстор.

Нејзината шаховска кариера е исполнета со значајни шаховски достигнувања. Во 2001, на 17 години, таа беше финалист на женското светско првенство во шах, но загуби од Џу Чен. Три години подоцна, таа стана европска првенка, победувајќи на турнирот во Дрезден. Во 2005, таа победи на женското првенство во шах на Русија, кое се одржа во Самара, завршувајќи го тувнрот со резултат +7 =4 -0. Во август 2006, Александра стана првата светска првенка во случаен шах, победувајќи ја најдобрата германска шахистка Елизабет Пец со 5.5-2.5. Во 2008, таа успешно ја одбрани титулата, победувајќи ја Катерина Лано со 2.5-1.5.[1] Но, сепак најголемиот свој успех, Костенјук го постигна во 2008, кога победувајќи го кинеското „чудо од дете“ Хоу Јифан со 2.5-1.5 стана светска првенка во шах.

Александра на 35. шаховска олимпијада во Блед во 2002

Во ноември 2004, Костенјук стана велемајстор, со што стана десеттата жена која ја добила оваа титула. Пред тоа, таа ги имаше титулите женски велемајстор и меѓународен мајстор. Во април 2006, таа го достигна највисокиот рејтинг во кариерата, од 2540.

Двете изреки на Костенјук се „шахот е кул“ и „убавината и интелигенцијата одат заедно“. Со ова, Костенјук го промовира шахот со капацитет на модна убавица и амбасадор на шахот во светот.[2]

Таа исто така е сопственик на популарната подкастинг податотека „Шахот е кул“, која на читателите им дава информации за сите новости во нејзиниот живот и сите шаховски достигнувања.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Костенјук е омажена за Швајцарецот Диего Гарсес, кој е од колумбиско потекло и е 25 години постар од неа.[3] На 22 април 2007, Александра роди ќерка, Франческа Марија. Франческа се роди 2,5 месеци порано, но по осумнеделното лекување од болница, успешно беше пуштена.

Александра и нејзиниот сопруг живеат во предградието на Мајами Ки Бискејн. Таа е споредувана со нејзината сонародничка, тенисерката Ана Курникова, што неа лично не и се допаѓа. Александра и нејзиниот сопруг Диего, се исто така блиски и со шаховската куќа на славните во западен Кендал, каде таа е вистинска ѕвезда.[4]

Официјалното мрежно место на Александра Костенјук е одржувано од страна на нејзиниот сопруг и ги содржи сите шаховски настани, на кои таа учествува и ги нуди сите информации поврзани со неа.

Антологиски шаховски партии[уреди | уреди извор]

Шаховско творештво[уреди | уреди извор]

  • Kosteniuk, Alexandra (2001). How I became a grandmaster at age 14. Moscow. ISBN 5-8293-0043-5.
  • Как стать гроссмейстером в 14 лет. Moscow, 2001. 202, [2] с., [16] л. ил. ISBN 5-89069-053-1.
  • Как научить шахматам : дошкольный шахматный учебник / Александра Костенюк, Наталия Костенюк. Moscow : Russian Chess House, 2008. 142 с ISBN 978-5-94693-085-7.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Сју Јухуа
Светска првенка во шах
2008 - 2010
Наследник
Хоу Јифан