Александар Лепавцов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Лепавцов
Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија
На должноста
20 март 1991 – 4 септември 1992
Премиер Никола Кљусев
Претходник нема
Наследник Антони Пешев
Лични податоци
Роден(а) 1935
Прилеп
Починал(а) 9 март 2008
Софија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ[1]

Александар Методиев Лепавцов (роден во 1935 година во Прилеп - починал на 9 март 2008 година во Софија) — македонски публицист и политичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар Лепавцов своето средно образование го завршил во Софија, студирал на Градежните факултети во Скопје и Љубљана, дипломирал во Скопје во 1962 година, каде и магистрирал како прв градежен инженер на Економскиот факултет. Докторирал на Градежниот факултет во Ниш, специјализирал од областа на инфраструктурата во Минхен, бил научен советник во Заводот за водостопанство - Скопје. Лепавцов има објавено преку 100 студии, научни и стручни статии во истакнати списанија од областа на градежништвото, транспортот, екологијата.

Лепавцов бил прв доктор на науки од областа на патиштата на Македонија и прв доктор на науки од областа на одржувањето на прани мрежи во СФРЈ. Бил меѓу пионерите на бетонската префабрикација во Македонија и СФРЈ, за кое сведочи и книгата „Инженерски статии IV“. Добитник е на бројни признанија како заслужен и почесен член на Сојузи на инженерски асоцијации во бившата СФРЈ и СРМ.

Бил претседател на бројни комисии н државно ниво (СФРЈ и СРМ). Како оперативец и проектант реализатор е на големи објекти од областа на инфраструктурата, супструктурата, градежништво, урбанизам, сообраќај и екологија во првата влада на Република Македонија на бројни меѓународни протоколи и тоа во 1991/1992 година со уставното име на Република Македонија. Во кариерата бил проектант, главен инженер, технички директор и директор Учесник е набројни светски и регионални меѓународни конгреси и советувања со и без свои трудови. Со одобрение на Управниот одбор на Фондот за води на РМ, учествува во издавањето на бројни книги од областа на инженерската градежна техника од признати македонски експерти.

Во текот на својот плоден работен век заговара и поставува инструкции за начелата за водење на политиката за водење на водните ресурси, транспортнта политика на РМ, усовршување на политиката на станбената изградба и политиката во областа на екологијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
нема
Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија
20 март 1991 - 4 септември 1992
Наследник
Антони Пешев