Ал Капоне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ал Капоне
Капоне во 1935
РоденАлфонс Габриел Капоне
17 јануари 1899
Бруклин, Њујорк, САД
Починалјануари 25, 1947(1947-01-25) (возр. 48)
Палм Ајланд, Флорида, САД
ОбвиненијаДаночна евазија
Казна11 годишна затворска казна во Алкатраз
ЗанимањеГангстер, нелегален транспорт на алкохол, криминалец, рекетар, шеф на Чикашката мафија
СопружникМае Капоне
ДецаАлберт Френсис Капоне

Алфонс Габриел „Ал“ Капоне (17 јануари 1899 - 25 јануари 1947) бил најпознатиот американски криминалец од добата на „сувиот закон“ во САД.[1] Тој бил водачот на Чикашката мафија, која оперирала во 20-тите години од минатиот век во Чикаго и се занимавала со незаконска трговија со алкохол, проституција и изнудување рекет.[2]

Капоне е роден во Бруклин, сиромашна населба во Њујорк, како дете на италијански доселеници со неаполитанско потекло.[3] Од училиште бил избркан на 13 годишна возраст, по што се вклучил во локалните криминални банди.[4] Кога наполнил 20 години се преселил во Чикаго, каде заработувал шверцувајќи алкохол и покрај таквата забрана со закон. Покрај ова, поткупувал владини лица и се занимавал со организирана проституција.[5]

И покрај овие нелегални активности, Капоне станал видна јавна личност. Донирал парични средства во многубројни хуманитарни организации, со што го добил прекарот „современиот Робин Худ“. Неговиот јавен углед бил нарушен со аферата „Масакрот на Св. Валентин“ (1929), кога настанала вооружена престрелка помеѓу членови на неговиот клан и на фамилијата на ирецот Багз Моран. Во таа пресметка биле убиени седум членови на непријателската банда.

Во 1931 г. Капоне бил обвинет за даночна евазија и бил испратен во федералниот затвор, но бил ослободен во 1939.[6] Затворската казна ја издржувал во тогаш новоотворениот казнено-поправен дом Алкатраз. По ослободувањето, Капоне имал тешки физички и ментални нарушувања, кои дополнително се влошиле поради болеста невросифилис (кила на мозочното ткиво) која била во поодминат стадиум.[7] Починал на 25 јануари 1947, како последица на застој во срцевата работа, откако претходно претрпел мозочен удар.

Ал Капоне како тема во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ал Капоне (прв дел)“. Попара.мк. 2013. Посетено на 2013-05-10.
  2. „Кралот на подземјето: Ал Капоне“. Факултети.мк. 28 август 2012. Посетено на 2013-05-10.[мртва врска]
  3. „Биографија на Ал Капоне“ (бугарски). Криминалист. 1 октомври 2005. Архивирано од изворникот на 2013-03-30. Посетено на 2013-05-10.
  4. „5 интересни факти за Ал Капоне“. Кафепауза.мк. 19 јануари 2011. Посетено на 2013-05-10.
  5. „History Files - Al Capone“ (англиски). Chicago Historical Society. 1999. Архивирано од изворникот на 2014-05-12. Посетено на 2013-05-10.
  6. „Ал Капоне (втор дел)“. Попара.мк. 2013. Посетено на 2013-05-10.
  7. „Фото: Погледнете во тајната викендица на Ал Капоне“. Пулс 24. 6 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-05-09. Посетено на 2013-05-10.
  8. YouTube, Riblja Corba-Al Kapone (посетена на 19.4.2017)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: