Аеродром Виена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродром Виена
Flughafen Wien-Schwechat
{{{name}}}
Општо
Писти
Правец Должина Површина
ft m
11/29 11,483 3,500 Асфалт
16/34 11,811 3.500 Асфалт
Поглед кон аеродромот

Меѓународен аеродром Виена (IATA: VIE, ICAO: LOWW) — аеродром 18 километри југоисточно од Виена е најголемиот и најпрометен аеродром во Австрија. Аеродромот е база на Austrian Airlines.

Историја[уреди | уреди извор]

Оригинално изграден како воен аеродром во 1938 година, беше преземен од Британците во 1945 година. Постоеше само една писта долга 3000 метри, додека во 1972 година беше изградена и втора писта. На аеродромот имаат пристигано и олимписки тимови бидејќи Австрија двапати има бидено домаќин на едни Олимписки игри.

Терминали[уреди | уреди извор]

Поглед кон авионите на паркингот

Моментално, аеродромот во Виена има три терминали. Два главни терминали 1 и 2, и еден провизорен 1А терминал, кој се користи повеќе од нискобуџетните авиокомпании. Во 2006, започна изградбата на нов терминал наречен SkyLink, со кој ќе се овозможи поголем проток на патници. Преку овој терминал ќе биде возможно и услуги за Ербас А380. На терминал 1 се наоѓа Austrian Airlines, тука вклучувајќи ги и партнерите од Star Alliance. Tерминалот 1А е користен од flyNiki, Air Berlin, GermanWings, SkyEurope. Сите терминали се контролирани од FraPоrt, Vienna Airport Handling, Swissport и Austrian Airlines.

План 2015[уреди | уреди извор]

Контролната кула висока 109 метри претставува вистинска атракција на аеродромот посебно во вечерните часови

Поради постојаното зголемување на сообраќај на аеродромот, одлучено е зголемување на бројот на згради на аеродромот:

  • Нова контролна кула. Нова контролна кула беше изградена. Со височина од 109 метри, целиот аеродром е ставен на дланка, и дава можност за спектакуларен поглед на целиот аеродром, како и ноќно светлечко шоу, со кое неретко се дочекуваат патниците.
  • Нов терминал. Поради постојаниот зголемен проток на патници одлучено е изградба на нов терминал кој се очекува да биде завршен до крајот на 2008 година. Ако и после тоа има потреба од повеќе простор, има можност за проширување на постоечкиот терминал.
  • Трета писта. План за изградба на трета писта некаде во 2009 година.
  • Железничка станица. Подземна железничка станица ќе биде изградена и ќе се изгради директна железничка линија до Братислава.

Авиокомпании и одредишта[уреди | уреди извор]

Патнички авиокомпании[уреди | уреди извор]

Карго авиокомпании[уреди | уреди извор]

Поранешни авиокомпании и одредишта[уреди | уреди извор]