Аеродром Вацлав Хавел Прага

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродром Прага Рузуње
Letiště Praha-Ruzyně
Prague-Ruzyně Airport
{{{name}}}
Општо
Писти
Правец Должина Површина
ft m
06/24 12,191 3,715 Асфалт
13/31 10,665 3,250 Асфалт

Аеродром Вацлав Хавел Прага (IATA: PRG, ICAO: LKPR) е најголем аеродром кој го опслужува главниот град Прага. Аеродромот се наоѓа на 10 километри од центарот на градот и е централа на Czech Airlines. За првпат беше отворен на 5 април 1937 година. Аеродромот е најзафатен во Чешка, и со 12.4 милиони патници во 2007 година е најзафатен аеродром во новите земји членки на Европската Унија. Најголемиот број на летови заминуваат од Северниот Терминал (Север 1 и Север 2). Јужниот терминал се користи најмногу за чартер, ВИП и за генерална авијација. Аеродромот има две писти 06/24 и 13/31. Јавниот транспорт од и до аеродромот е можен со автобусот број 119 до метро станицата Дејвичка и потоа со трансфер до зелената метро линија до станицата Зличин, која е недалеку од центарот на Прага. Вообичаено, патувањето трае околу 40 минути. Од декември 2005 година, автобуската линија АЕ (Airport Express) нуди нонстоп транспорт од терминалите Север 1 и Север 2 и железничката станица Холешовице, секој ден од 5 часот наутро до 22 часот навечер, на секои 30 минути и цената во еден правец е 100 денари.

Терминал 1 на десно и Терминал 2 лево.

Историја[уреди | уреди извор]

Чехословачка, денешна Чешка, беше една од водечките европски земји каде што беше воведена цивилна авијација. Аеродромот Прага Рузуње започна со операции на 5 април 1937 година[1], но воздухопловството во Чехословачка започна 1919 година на воениот аеродром Кбели во близина на Прага. Поради зголемениот сообраќај во 20-тите и 30-ти владата на Чехословачка одлучува цивилниот сообраќај да се премести на Рузуње аеродромот. Во 1937 година, аеродромот добива награда на International Art and Technical Exhibition во Париз за техничката концепција на централниот аеродром, најмногу поради архитектурата на терминалната зграда. Аеродромот има одлична положба поради близината со центарот на Прага како и поради близината со многу Европски земји.

Старата контролна кула - сега дел од Терминал Југ 1
Старата контролна кула за време на посетата на Двајт Ајзенхауер на Прага, 12 октомври 1945 година

Идни планови[уреди | уреди извор]

Бидејќи капацитетот на аеродромот го достигнува својот максимум во последните неколку години, властите на аеродромот имаат во план изградба на нова писта паралелна со пистата 06/24, и се планира да влезе во употреба 2010 година. Со изградбата на новата писта, ќе се избегне бучавата која се произведува во населбите околу аеродромот.

Терминали[уреди | уреди извор]

Терминал "Север 1"[уреди | уреди извор]

Сите домашни летови, летови вон Шенген зоната и интерконтинентални летови (Северна Америка, Азија, Африка, Близок Исток) како и Обединетото Кралство.

Терминал "Север 2"[уреди | уреди извор]

Летови помеѓу земјите од Шенген зоната.

Терминал "Југ 1" и "Југ 2"[уреди | уреди извор]

ВИП и приватни летови. Владини летови и чартер летови.

Превозници и одредишта[уреди | уреди извор]

Товарни превозници[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „History of Václav Havel Airport Prague“. Vaclav Havel Airport Prague, Ruzyne (англиски). Посетено на 2020-01-30.