Џон Неш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон Неш

Џон Неш (англиски: John Nash) (1752 - 13 мај 1835) бил англиски архитект одговорен за изгледот на Регентски Лондон.

Роден е во Ламбет, Лондон како син на велшки млиноконструктор и учел кај архитектот Сер Роберт Тејлор, но неговата кариера била првично краткотрајна и неуспешна. По добивањето на големо наследство, тој се повлекол да живее во Велс, но го изгубил речиси целото богатство по пат на лоши инвестиции и во 1783 банкротирал. Ова го натерало да продолжи со работата како архитект, првично фокусирајќи се на куќи на село, во успешно орташтво со пејзажниот градинар, Хемфри Рептон; тие соработувале така што едниот го правел објектот, а другиот неговиот терен. По некое време, Неш се почувствувал способен за да се врати на работа во Лондон, во 1792.

Нешовите градби го свртиле вниманието на принцот-регент (подоцна кралот Џорџ IV) кој, во 1811 од него нарачал да се изгради реонот тогаш познат како Мерилебонски парк. Со поддршка на регентот (и големи придонеси од страна на Рептон), Неш изработил геенрален план за реоноѕ, кој почнал да го реализира во 1818. Овој реон се протегал од Св. Џејмсовиот реон северно и во него спаѓале Регентовата улица, Регентовиот парк и соседните улици, лепенки, кресенти (лаковидни градби) и вили. Неш не ги изработил баш сите детали на планот; во некои случаи, изведбените фази биле оставени во рацете на архитектот Џејмс Пенеторн и младиот Десимус Бартон.

Неш бил и директор на Компанијата на Регентовиот канал основана во 1812 за создавање на каналска врска од западен Лондон до реката Темза на исток. Во Нешовиот генерален план, овој канал течел покрај северната меѓа на Регентовиот парк; што се однесува до другите проекти, тој ја оставил изведбата на еден од неговите помошници, во овој случај Џејмс Морган. Првата фаза на Регентовиот канал била отворена во 1816.

Потоа следеле и други Лондонски нарачки, како ремоделирањето на Бакингемската куќа, и со тоа, со здавањето на Бакингемската палата (1825-1835), како и Кралските Коњушници и Мермерната Арка (првибитно дизајнирана како триумфална арка на влезот на Бакингемската палата). Кога четвртото крило на палатата било изградено (по дизајн на Едвард Блор), арката била преместена на барање на кралицата Викторија која сметала дека местото каде таа стоела било премало. Потем Мермерната арка станала влез на Хајд парк и Големата Изложба.

Други Лондонски проекти:

Дела вон Лондон:

Неш починал и бил закопан во црквата Св. Џејмс, Каус. Промените на Лондон благодарение на Неш се документирани во филмот, „John Nash and London“ („Џон Неш и Лондон“) со Едмунд Н. Бејкон. Филмот се засновал на делови од неговата книга Дизајнот на градовите („Design of Cities“).