Џон Далтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон Далтон
John Dalton
Роден(а)6 септември 1766(1766-09-06)
Иглсфилд, Англија
Починал(а)27 јули 1844(1844-07-27) (возр. 77)
Манчестер, Англија
Значајни студентиЏејмс Џул
Познат поанатомска теорија [1], атомските тежини на хемиски елементи, Dalton's Law of Partial Pressures, Daltonism
Потпис

Џон Далтон (Иглсфилд, 6 септември 176627 јули 1844) — англиски хемичар и физичар, еден од основачите на атомската теорија на материјата, што прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото „Нов систем на филозофијата и на хемијата“, каде го објасни Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини на хемиски елементи. Ги испитуваше основите на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологија. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа аномалија, која според него е наречена далтонизам.

Наводи[уреди | уреди извор]