Јуруци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јуруци
Вкупен број
околу 3.000.000
Јазици
турски
Вероисповед
ислам
Сродни народи
Турци и другите туркиски народи

Јуруцитуркиски народ чии припадници живеат претежно во Турција, односно во Анадолија, а со потело се од Огузите. Во време на Отоманското Царство, Јуруците најмногу биле населени во Македонија и Тракија. Денес, делови од оваа етничка група живеат и на Балканскиот Полуостров, а најмногу во Албанија, Македонија и Грција. Зборот „јурук“ значи номад. Јуруците потекнуваат од областа Конија во Турција.[1]

Јуруците во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија, Јуруците се населиле во XIV век, за време на освојувањата од страна на Османлиите. Тогаш, Јуруците имале статус на „евлади фатихан“, што значело „деца на освојувачот“, т.е. тие се движеле заедно со османлиската војска. Најголем број од Јуруците во Македонија живеат во селата што се наоѓаат на планината Плачковица, како: Коџалија, Прналија, Али Коч и др. Исто така, тие живеат и во селата во близината Дојран, Штип и Струмица. По вероисповед, Јуруците се муслимани, а зборуваат на дијалект на турскиот јазик. За нив е карактеристична живописната носија која ја носат жените, а во која доминираат силни бои, најчесто црвена, сина, зелена и жолта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Марија Тасев, „Направија свадба за четиригодишно девојче, но без зет“, Публика - неделен политички прилог, број 202, сабота, 1 ноември 2014, стр. 4-5.