Јужен Остров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јужен Остров
Наречен и: Копното
Географија
МестоОкеанија
АрхипелагНов Зеланд
Површина151.215 км2
Подреденост по површина12ти
Највисоко издигнување3.754 м
Највисока точкаКукова Планина
Управување
Нов Зеланд
РегиониЗападно Крајбрежје
Кантербери
Марлборо
Нелсон
Отаго
Саутленд
Тасман
Најголема населбаКрајстчерч (pop. 404,500)
Демографија
Население1,135,500 (June 2018)
Густина0,0 /km2 (0 /sq mi)
Етнички групиЕвропејци, Маори, Кинези


Јужен Остров (англиски: South Island, маорски: Te Wai Pounamu) — еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Северниот Остров. Маорското име на островот е Te Wai Pounamu.

Во XIX век, на некои карти овој остров се нарекува Среден Остров (Middle Island) или Нов Алстер (New Ulster), а името Јужниот Остров (South Island) или Нов Линстер (New Leinster) се однесувало на денешниот Стјуартов Остров.

Јужниот Остров (вклучувајќи ги и локалните острови), во споредба со Северниот Остров


Јужниот Остров зафаќа површина од 151.215 км2, и како таков е 12-тиот најголем остров во светот. Долж неговиот западен брег се простираат Јужните Алпи; Куковата Планина е највисоката точка на островот и во земјата со 3,754 м надморска височина.

Историски, како и од неодамна, движењето за независност на Јужниот Остров се залага за финансиска и административна самоуправа на Јужниот Остров.

Региони на Јужниот Остров[уреди | уреди извор]

Градови на Јужниот Остров[уреди | уреди извор]

Географски поими[уреди | уреди извор]

Филмски места[уреди | уреди извор]

На јужниот остров се снимани неколку филма, од кои најпознати се „Господарот на прстените“ и „Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и ормарот“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Координати: 43°59′Ј, 170°27′И