Југ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Југ на компас

Југ е правец во географијата и една од четирите страни на светот. Се наоѓа на спротивната страна од север и на 90 степени од исток и запад. Во навигацијата со компас, југ е означен со агол од однос 180°.

Географски југ е во правецот на јужниот крај на оската околу која се врти Земјината топка, завршувајќи со Јужниот Пол.

Магнетен југ е во правецот на јужната магнетна точка која е обично далеку од јужниот географски пол.

Југ како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Југ“ - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[1]
  • „Оди на југ“ (Go South) - песна на американската хард-кор група „Воид“ (Void) од 1981 година.[2]
  • „Север, југ, исток и запад“ (North, South, East and West) - песна на австралиската рок-група „Чрч“ (The Church) од 1988 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]