Јонатан (јаболко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стандарднен „Јонатан“

Јонатан е јаболко со средна големина, по вкус слатко, но и кисело, со цврста, но мазна лупка. Овој вид е во блиско сродство со јаболкото Езопус Шпиценбург.

Ова јаболко потекнува од 1826 од фармата на Филип Рик во Вудсток, Грофовија Алстер, Њујорк. Се мисли дека расадот бил Езопус Шпиценбург. За првпат забележано е во 1826. Иако можеби првобитно се нарекувало „Rick apple“ („Риково јаболко“), наскоро Џаџ Буел, Претседателот на Хортикултурното Друштво на Албани го преименувал во чест на Џонатан (мак: Јонатан) Хасбрук, кој го открил ова јаболко и му го посочил на Буел.

Поврзано[уреди | уреди извор]