Јоко Оно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јоко Оно
Јоко Оно во Mузејот на современа уметност во Сан Пауло, Бразил во 2007 г.
Роден(а)Јоко Оно
18 февруари 1933
Toкио, Јапонија
Активен период1961–денес
ДецаШон Ленон

Јоко Оно (18 февруари 1933, Токио) - американско-јапонскa уметничка и активистка. Во широката јавност е позната како некогашна жена на Џон Ленон, како и по редовите од областа на авангардна уметност, конкретно филм и музика. Поставила феминизам во фокус на својата уметност. Исто така е позната по својот придонес на уметноста, мирот и борбата против СИДА.

Ленон еднаш рекол за неа: „Таа е најпозанaтиот непознат уметник на светот“

Детство, младост и семејство[уреди | уреди извор]

Јоко Оно е родена 1933 година во Токио. Нејзиниот татко, Еисуке Оно, во раната младост бил пијанист, а потоа банкар. Името Јоко на јапонски значи „дете на океанот“. Две недели пред нејзиното раѓање нејзиниот татко бил преместен со работата во Њујорк, а потоа во Ханој, а после тоа семејството повторно се враќа во Јапонија. Јоко со нејзиното семејство го преживуваат бомбардирањето во Јапонија, а после тоа следи тежок период за неа и за нејзиното семејство. За тешкото време, после фрлањето на двете атомски бомби во Јапонија, семејството се борело да обезбеди егзистенција за малку храна. После тешките години, работите тргнуваат на подобро кога нејзиното семејство се сели повторно во Њујорк каде Јоко продолжува со усовршувањето во областа на уметноста.

Џон Ленон[уреди | уреди извор]

Јоко Оно, после преселувањето со нејзиното семејство во Њујорк, се занимава со уметност. Ги прикажувала своите дела во разни њујоршки галерии. Така на една изложба во 1969 година се запознава со Џон Ленон кој тогаш бил во брак со Синтија Пауел. По една од многуте верзии на приказни, ги запознал сопственикот на галеријата, Џон Данбар. Набрзо потоа, тие останале во контакт што на жената на Ленон не и се допаѓало. Ленон во почетокот се оправдувал дека само сакал да ѝ помогне на Јоко во своите напори за да ја покаже својата уметност во широката јавност. Во текот на 1968 година, во отсуство на својата сопруга, Ленон ја повикал Јоко да биде гостинка во неговата куќа. Јоко Оно останала бремена и бременоста резултирала на спонтан абортус во ноември истата година, неколку месеци по разводот на Ленон од неговата сопруга станала правосилна.

Џон Ленон и Јоко Оно во 1980 година

За време на последните две години кои ги поминал во Битлси, Ленон заедно со Јоко Оно почнал јавни протести против војната во Виетнам. Јоко Оно во 1969 година се мажи за Џон Ленон на Гибралтар. После венчавањето продолжуваат со заеднички настапи, најчесто во вид на перформанс, кои се умерени во воспоставувањето на трајниот мир помеѓу луѓето. Овој период, Ленон го овековечил во песната „Балада за Џон и Јоко“. Јоко се појавувала и на концертите со Џон Ленон. На повикувањето на Френк Запa да свири со него, Ленон се појавил со Јоко Оно. Заеднички ангажирања на некои песни се објавени како изработки на бендот „Plastic Ono Band“. Во 1980 година, Џон Ленон и Јоко Оно го објавиле албумот „Двојна фантазија“ (Double Fantasy) на кој се наоѓа и песната „Драга Јоко“ (Dear Yoko).[1]

Џон Ленон во 1980 година бил убиен во фоајето во зградата во која живеел. Убиството го изврчил Марк Дејвид Чепмен, кој пукал во Ленон со пиштол одблиску, кој преминал за пат кон болница. Овоj настан го потресол цел свет, посебно обожавателите на Битлс. Нешто помалку не бил ни за Јоко Оно која била сведок на убиството.

Уметност и активизам[уреди | уреди извор]

Без разлика на богатата уметничка кариера во различни области, од експериментална до популарна музика, преку визуелни уметности и филмови, па до социјален активизам, Јоко Оно останала во сенката на човекот која современо била најпопуларна личност на планетата.

Некои ја памтат како личност која ја извела „Исечено парче“, во која го претставила своето непомрднато седечко тело облечено во конвенционална облека, во која публиката била повикана да ја исечат со ножиците кои стоеле пред неа. Таа изведба подоцна ќе се нарече перформанс, што се случила во Кјоту, јули во 1964 година и во Токио во август истата година, за да подоцна биде повторено во Париз 2003 година. Во ориигиналната изведба претставен е нејзиниот став спрема војната во Виетнам, а во повторенатаспрема војната во Ирак. Некои други ја паметат по експерименталните фимови кои воедно ги режисирала, пишувала музика за нив, монтирала, а понекогаш и играла во нив, како „Број 4“ (или познати како: „Газови“) од 1966 година. Делот од публиката се надоврзува на проектите од областа на популарната музика со Пластик Оно Бенд, додека вистинскиот корен на нејзината уметничка кариера, всушност, бил поврзан за нова експериментална музика.

Композитори со кои соработувала и од кои учела биле: Хенри Кауел, Стефан Волпе, и Едгар Варезе (каде што студирал и Френк Запа), а преку Волпе го запознала и Џон Кејџ чија поддршка неа ја уверила дека патот по кој интуитивно тргнала навистина води кај некоја нова уметност.

На изложбата во АГ Галерија во Њујорк во 1961 година, изложила „Слика со инструкции“, а на изложба во Индика Галеријата во Лондон во 1966 година ја изложила „Недовршени слики“. На повеќе навраќања прогласувала некое дрво „дрвото на желби“ и ја повикувала публиката на некои ливчиња да ги запишат своите желби и да ги закачат на него. Јоко Оно се вклучила и во дебата која се однесувала на новиот американски закон за контролата на оружјето. Таа на својот профил на „Твитер“ поставила фотографија со крвави очила на нејзиниот покоен сопруг, Џон Ленон, на 44-годишнината од брак.

Сликата испратила изјава: „Повеќе од 1.057.000 луѓе се убиени од огнено оружје во САД од кога е убиен Џон Ленон, 8 декември 1980 година.“

Критики[уреди | уреди извор]

Многу и денес сметаат дека Јоко Оно е непосреден виновник за распаѓањето на Битлси. Имено, од почетокот на својата врска со Ленон, не се одвојувала од него. Присуствувала на сите готови проби со групата, на снимањето на песни, дури и понекогаш пеела на некоја од пробите.[2] Нејзиното присуство кај останатите членови на бендот предизвикувало нетрпеливост спрема неа, затоа што очигледно била намалена уметноста кај Ленон, кој сè помалку време поминувал со останатите членови на групата.[3]

Целокупната ситуација кулминираше со распаѓање на Битлси во 1970 година, што навлекло уште поголем гнев кон Јоко Оно од страна на обожавателите на групата. Критичарите и пошироката јавност биле едногласни во оценката дека таа ја искористувала дотогашната огромна популарност на Џон Ленон за да привлече внимание на себе и на својата работа, без да се интересира за распаѓањето на групата.

После молчењето и причината за распаѓањето на „Битлси“, на оваа тема проговорил Пол Макартни, во интервјуто кое го дал на познат британски водител Дејвид Фрост, објавено во Гардијан, велејќи дека Јоко Оно не е причината за распаѓањето на групата, тоа веќе се причини сосема различни. Тој навел дека групата веќе била пред распаѓање, затоа што Ленон веќе решил да излезе од групата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. YouTube, John Lennon & Yoko Ono-1980-Double Fantasy (пристапено на 17.6.2017)
  2. „Јоко Оно пее на проба“. www.youtube.com.
  3. „Џорџ Харисон го напушта бендот“. The Beatles bible. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)