Јахја Кемал Бејатли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јахја Кемал Бејатли
Yahya Kemal Beyatlı
Роден 2 декември 1884
Скопје, Отоманско Царство, денешна Република Македонија
Починал 1 ноември 1958
Истанбул)
Занимање поет и политичар

Јахја Кемал Бејатли (роден на 2 декември 1884 во Скопје - 1 ноември 1958 во Истанбул) бил турски поет и политичар.

Јахја Кемал Бејатли е роден е во Скопје, каде што живеел до својата осумнаесет годишна возраст, по што се преселил во Истанбул. Јахја Кемал Бејатли своето средно образование го завршил во Истанбул. По ова заминал да учи политички науки во Париз, Франција. Во 1912 година се вратил во Истанбул. Во периодот од 1915 до 1923 година работел како универзитетски професор. Во 1923 година станал пратеник во новата турска република. Во турските амбасади работел во периодот од 1926 до 1935 година во градовите Варшава и Мадрид. По своето враќање во Турција, повторно станал пратеник, до 1946 година.

Литературно дело[уреди | уреди извор]

Јахја Кемал Бејатли се смета за еден од основоположниците на современата турска поезија[1], кој се прославил уште додека бил жив, но не објавил ниту една своја книга. Дури по неговата смрт се објавени неговите дела, меѓу кои се и "Нашето небо", "Со ветрот на старата песна" "Возвишен Истанбул", "Разговори за историјата", "Наведнете се планини".

Наводи[уреди | уреди извор]