ІІ македонски конгрес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата
Македонски комитет
Печат на Македонскиот комитет

Вториот македонски когрес на македонските друштва, бил свикан по неуспешното Мелничко востание со окружно под бр. 265 од 5.11.1895 година.

Заседание и делегати[уреди | уреди извор]

Конгресот се одржал од 3 до 16 декември 1895 година во Софија. На него присуствувале 32 делегата. На овој когрес им било забрането да присуствуваат делегатите од Плоеш - Романија, Плевен, Кула и Цариград [1].

Работа[уреди | уреди извор]

На когресот бил разгледан односот помеѓу Комитетот и официрите, идната тактика на Комитетот во однос на македонското дело, односите меѓу ТМОРО и Комитетот. Конгресот заклучил дека имало финансиска злопотреба со комитетската каса и недоволна кординација меѓу Комитетот и бирото, и се побарало поголемо согласие [2].

Решенија[уреди | уреди извор]

Македонскиот комитет бил преименуван во Врховен Македонски Комитет. Во тајните протоколи било до прецизирано што се подразбира под други средства,имено Терор и Востание.Притоа во новиот комитет влегле 12 членови, за претседател бил избран генералот Данаил Николаев, потпретседател Јосиф Ковачев ,касиер Александар Радев и секретар Г. Паунчев.

Раскол[уреди | уреди извор]

На овој конгрес дошло до судир меѓу комитетот и официрите и тие се одволиле во посебен комитет на чело со Наум Туфекчиев задржувајќи го старото име Македонски Комитет[3]. На конгресот била повикана и ТМОРО да испрати свои делегати но таа ја одбила поканата.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. К. Пандев, Националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, страна 96.
  2. К. Пандев, Националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, страна 96-97.
  3. К. Пандев, Националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, страна 102-105