Ѓумурџина

Координати: 41°6′N 25°25′E / 41.100° СГШ; 25.417° ИГД / 41.100; 25.417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓумурџина
Κομοτηνή
Поглед на стариот град и џамијата
Поглед на стариот град и џамијата
Ѓумурџина is located in Грција
Ѓумурџина
Ѓумурџина
Местоположба во областа
2011 Dimos Komotinis.svg
Координати: 41°6′N 25°25′E / 41.100° СГШ; 25.417° ИГД / 41.100; 25.417
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругРодопи
Површина
 • Општина644,93 км2 (249,01 ми2)
 • Општ. един.385,4 км2 (148,8 ми2)
Надм. вис.&1000000000000004500000045 м
Најг. вис.&1000000000000001900000019 м
Население (2011)[1]
 • Општ.66.919
 • Општ. густина100/км2 (270/ми2)
 • Општ. един.60.648
 • Општ. един. густина160/км2 (410/ми2)
Заедница
 • Население54272
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.691 00
Повик. бр.25310
Рег. таб.ΚΟ
Мреж. местоwww.komotini.gr

Ѓумурџина (грчки: Κομοτηνή, Комотини, турски: Gümülcine, Ѓумулџине) — главен град на округот Родопи во источниот дел на Источна Македонија и Тракија. Градот Ѓумурџина е административен центар, но најголем и најважен град е Кавала.[2]

Природни услови[уреди | уреди извор]

Ѓумурџина се наоѓа во средишниот дел на грчка Тракија, на местото каде рамницата преоѓа во брдско подрачје на север. Градот се наоѓа на надморска висина од 32 до 38 м. Северно од градот се простира приморскиот дел на планинската верига Родопи. Јужно од градот се простира рамница до не така оддалеченото Егејско Море (околу 20 км). Климата во градот е изменето средоземна, со топли лета и ладни зими. Близу Ѓумурџина е Порто Лаго (34 км кон југозапад). Порто Лаго се наоѓа на тесен појас земја меѓу заливот Вистони и лагуната Вистони. Ова подрачје е познато по разноликоста на птиците и рибите.

Историја[уреди | уреди извор]

Византиската тврдина во Ѓумурџина
Поглед на саат-кулата

Во околината на градот Ѓумурџина откриени се остатоци од праисториски луѓе, веројатно предци на Тракијците. Во римско време ова подрачје значително напредувало, пред сè благодарение на добрата местоположба на Вија Игнација. На крајот на овој период доаѓа до пробој на варварите на ова подрачје, па младата византиска држава од градот прави тврдина, која и денес е сочувана над современиот град.

Во текот на XX се случиле големи промени во подрачјето. Со Првата балканска војна од 1912 година дотогашното турско подрачје станува дел од Бугарија, но после Првата светска војна и даден на Грција. После тоа, заради Грчко-турската војна од 1922-1923 година, дошло до иселување на Турците и останатите муслимани и доселување на Грци од Мала Азија. За време на Втората светска војна дошло до осовременување на градот што довело до негов раст.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Ѓумурџина е позната по добро сочуваната балканска архитектура во рамките на старото градско јадро. Покрај другите знаменитости има и неколку интересни музеи (археолошки, на народната уметност и византиски музеј на црковната уметност).

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2011 година, градот брои 66 919 жители. Населението е поделено на Грци (скоро половината) и муслиманско малцинство во Грција (скоро половина), кое опстанало во Тракија. Остатокот го чинат Роми и Ерменци. Поголемиот дел од месните муслимани се сметаат за Турци. Многубројно е грчкото население со потекло од Мала Азија, а во поново време и од просторот на бившиот Советски Сојуз.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. http://www.visitgreece.gr/el/main_cities/komotini

Предлошка:Ѓумурџина