Youthanasia е шестиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден е во 1994 г. и следи по комерцијалниот пробив со претходниот нивни албум. Во 2004 година бил направен ремикс на албумот и биле додадени четири бонус нумери.
Името Youthanasia е спој од англиските зборови „youth“ (младина) и „euthanasia“ (евтаназија - убиство од милосрдие). Насловот ги одразува личните убедувања на Мастејн, кој смета дека општеството деструктивно влијае врз младите. На омотот е прикажана жена како остава новороденчиња да се исушат во дворот, што симболично го открива значењето на насловот.