MusicBrainz

Од Википедија — слободната енциклопедија
favicon of MusicBrainz MusicBrainz
MusicBrainz logo
Вид место
семрежна музичка енцклопедија
СопственикЗадолжбина MetaBrainz
АдресаMusicBrainz.org
Место на Алексанагативен пораст 25.763 (април 2014)[1]
Комерцијалноне; ЈС/CC-BY-NC-SA
Зачленувањесе бара за уредување податоци

MusicBrainz (изг. мјузикбрејнс) — отворена музичка база на податоци слична на проектот freedb, а основана како одговор на ограничувањата наметнати врз CDDB. Меѓутоа, MusicBrainz не собира само метаподатоци з компактни дискови, туку претставува структурирана бааза за музиката воопшто.[2][3]

Базата чува информации за музичарите, нивните снимени дела и односот помеѓу нив. Минималната содржина на секој запис снимено дело опфаќа наслов на албумот, насловите на нумерите и времетраењето на секоја нумера. Записите ги пишуваат и одржуваат доброволни уредници, кои ги следат пишаните правила за стилот на заедницата. Во записите може да стои и земја и година/датум на издавање, назнака на ЦД-то, омотот, акустички отпечаток, прибелешки во слободен текстуален облик, како и други метаподатоци. На 6 февруари 2014 г., MusicBrainz содржел информации за околу 850.000 музичари, 1,3 милиони издадени дела и 13,5 милиони снимки.[4]

Крајните корисници може да бидат програми што се поврзуваат со MusicBrainz за да додаваат метаподаточни ознаки во нивните дигитални снимки во облик на MP3, Ogg Vorbis или AAC.

Програми што ја користат базата[уреди | уреди извор]

Покрај тоа, корисничките програми на freedb можат да дојдат до податоците на MusicBrainz преку протоколот на freedb, користејќи ја преодната служба од MusicBrainz кон FreeDB наречена mb2freedb.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Musicbrainz.org Site Info“. Alexa Internet. Архивирано од изворникот на 2018-07-26. Посетено на 2014-04-01.
  2. Highfield, Ashley. "Keynote speech given at IEA Future Of Broadcasting Conference", BBC 27 јуни 2007
  3. doi:10.1109/5254.988466
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  4. „Статистики на базата“. MusicBrainz. Посетено на 2014-06-14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]