8 ноември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
392  Византискиот цар Теодосиј I го воведува христијанството како официјална религија на Византија.
1620  Триесетгодишна војна: Битка на Бела Планина и решителна победа на Светото Римско Царство.
1793  Во Париз француската револуционерна власт го отворила Лувр за јавноста како музеј.
1889  Монтана станала 41-ва држава на САД.
1895  Експериментирајќи со електрицитет, Вилхелм Рентген ги открил икс-зраците.
1932  Франклин Делано Рузвелт е избран за претседател на САД.
1941  Основана е Комунистичката партија на Албанија.
1944  НОВ: Ослободени се Штип, Неготино и Струга.
1960  Џон Ф. Кенеди е избран за претседател на САД.
1977  Грчкиот археолог Манолис Андроникос тврди дека го открил гробот на Филип II Македонски во Кутлеш, Берско, Егејска Македонија.
1995  Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.
1995  Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа.
2016  Доналд Трамп е избран за претседател на САД.