22 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Февруари 2024 22 февруари — 53-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 312 денови до крајот на годината (313 во престапна).

Настани:

1281  Мартин IV станува папа.
1819  Шпанија ја продава Флорида на САД за пет милиони американски долари.
1862  Во текот на Американската граѓанска војна, Џеферсон Дејвс бил прогласен за претседател на Конфедерацијата на државите на Америка, составена од 11 јужни држави.
1879  Во Јутика, Њујорк, САД, Френк Вулворт ја отвора првата продавница од својот синџир на продавници.
1955  Поради повреда, предизвикана од паѓање од коњ, тенисерката Морин Коноли, позната како „Малата Мо“ се повлекла од тенисот. Таа победила на Вимблдон трипати по ред, во 1952, 1953 и 1954 година.
1979  Карипскиот остров Света Луција стекна независност по 165 години поминати под британска управа.
1980  Израелската влада донесе одлука за пуштање во оптек на нова национална валута, шекел, која ја замени израелската фунта.
1980  Хокеарската репрезентација на САД извојува победа над екипата на СССР во финалето на Зимските олимписки игри во 1980 г.
1986  Долгогодишниот претседател на Филипините, диктаторот Маркос бил принуден да ја напушти земјата, под притисок на јавноста.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
2011  Градот Крајстчерч во Нов Зеланд е погоден од катастрофален земјотрес.

Родени:

1403  Шарл VII Победникот — крал на Франција.
1732  Џорџ Вашингтон — првиот претседател на САД.
1788  Артур Шопенхауер — германски филозоф.
1810  Фредерик Шопен — полски композитор.
1857  Хајнрих Рудолф Херц — германски физичар.
1878  Христо Узунов — македонски револуционер.
1913  Ранко Маринковиќ — хрватски и југословенски писател.
1921  Џулиета Масина - италијанска глумица.
1932  Едвард Кенеди — американски политичар, член на Демократската партија на САД.
1935  Данило Киш — српски и југословенски писател.
1937  Петар Радаковиќ — хрватски и југословенски фудбалер.
1942  Војин Лазаревиќ — српски фудбалер.
1943  Едуард Лимонов — руски писател и политичар.
1949  Ники Лауда — австриски автомобилист, првак во трките на „Формула 1“.
1959  Кајл Меклахлан — американски глумец.
1964  Магнус Висландер — шведски ракометар.
1969  Брајан Лаудруп — дански фудбалер.
1972  Мајкл Ченг — американски тенисер.
1975  Дру Баримор — американска глумица.
1984  Бранислав Ивановиќ — српски фудбалер.
1981  Георгиос Принтезис — грчки кошаркар.
1990  Тарас Бурлак — руски фудбалер.
1992  Харис Сеферовиќ — швајцарски фудбалер.
1995  Рајан Кристи — шкотски фудбалер.

Починале:

606  Сабинијанримски папа.
1512  Америго Веспучииталијански морепловец.
1875  Камиј Каро — француски сликар.
1888  Ана Кингсфорд — англиски доктор.
1907  Митре Влаот — македонски револуционер.
1907  Андон Брештенски — македонски револуционер.
1942  Штефан Цвајг — австриски писател.
1980  Оскар Кокошка — австриски сликар.
1987  Енди Ворхол — американски уметник, режисер и писател.
1988  Петар Богданов - Кочко — македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија.
2002  Чак Џонс — американски аниматор, творец на неколку познати ликови од цртаните филмови.
2022  Радован Павловски — македонски поет.