Еди Меркс: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
с Бот: козметички промени |
||
Ред 50: | Ред 50: | ||
== Референци == |
== Референци == |
||
{{reflist}} |
{{reflist}} |
||
[[Категорија:Белгиски велосипедисти]] |
[[Категорија:Белгиски велосипедисти]] |
Преработка од 18:09, 11 април 2010
Предлошка:Инфокутија Велосипедист Едуард Луј Жозеф, Барон Меркс (роден на 17 јуни 1945 во Меензел-Кизегем, Белгија[1]), познат како Еди Меркс е поранешен белгиски професионален велосипедист. Францускиот магазин Vélo го нарекол „најголемиот велосипедист којшто светот некогаш го познавал."[2] Од американското издание VeloNews е наречен „најголемиот и најуспешен велосипедист на сите времиња“.[3] Во својата кариера, Меркс победил по 5 пати на Трката околу Франција и Трката околу Италија, еднапш на Трка околу Шпанија. Тој исто така станал светски првак како аматерски и професионален возач и го урнал рекордот во трката на еден час. Победил и на сите трки од класични трки, освен на Париз-Тур.[2]. Тој е познат и како друмски и како велосипедист во сала.
Еди Меркс бил познат како многу други познати во спортисти во другите спортови. Иако, Марк Шпиц освоиил 7 златни медали на Олимписките игри во Минхен во 1972, а Мохамед Али бил неприкосновен на крајот од 1960-тите и 1970-тите, сепак реално, Еди Меркс е најголемиот спортист во тој период во светот.
Го нарекувале Ајншатајн на две педали и Гигант.
Се чини покрај трката Париз-Тур, единствена друга победа која му недостига е победа на Олимписките игри. На Олимписките игри настапил само еднаш, и тоа на Олимписките игри во Токио во 1964, на кои на уличната трка во поединечна конкуренција го освоил 12. место. Подоцна како професионалец и поради крутите аматерски принципи, му било оневозможено да настапи на Олимписките игри.
Споредбата со другите великани во велосипедизмот е излишна. За разлика од многумина, кои во годината имале 50 натпреварувачки денови , Еди Меркс имал над 200.
Референци
- ↑ L'Equipe, Rider database, Eddie Merckx
- ↑ 2,0 2,1 Vélo, France, November 2000
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница