Фока (византиски цар): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Биографија инфо
с Бот: Промена на шаблон: Инфокутија Личност
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Инфокутија Личност
{{Инфокутија за личност
| име=Фока<br/>
| име=Фока<br/>
| портрет=Phocas cons.jpg
| портрет=Phocas cons.jpg

Преработка од 14:11, 11 април 2010

Фока
Починал 27 ноември 610
Константинопол

Фока (лат.Flavius Phocas Augustus) бил цар на Византија од 602 година до 610. Бил прогласен за император при буната на римската војска на Дунав. Со помош на партијата на зелените, влегол во Константинопол.Императорот Маврикиј бегал во Халкидон и пратил најголемиот син Теодосиј да бара помош од персијскиот цар Хозрој II. Маврикиј бил фатен и убиен, а пред тоа по наредба на Фока натеран да гледа како се убиени неговите синови. Теодосиј бил фатен во Никеја и исто така убиен. Користејќи смртта на Маврикиј за повод, Хозрој II нападнал Византија. За да може да се бори со него, Фока заклучил срамен мир со Аварите, задолжувајќи се да им плаќа огромен данок. Оставен без заштита, Балканот бил заземен од словенските племиња. На исток римската војска трпела тешки порази. Персијците ги истерале од Месопотамија, Феникија, Палестина, навлегле и во Мала Азија. Незадовоството против Фока растело бргу, а тој со силен терор се обидувал да ја задржи властта. Африканскито екзарх Ираклиј откриено се побунил, запрел да плаќа данок и влегол во сојуз со зетот на Фока, талентираниот војсководец Приск. Нивните војски од Египет преку море и копно во октомври 610 година влегле во Константинопол под водството на Ираклиј помладиот. Фока бил убиен заедно со сите негови приврзаници.