Констанциј II: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: an:Constancio II
с Бот: Промена на шаблон: Биографија инфо
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Инфокутија Личност |
{{Биографија инфо |
име=Константиј II|
име=Константиј II|
портрет=Bust of Constantius II (Mary Harrsch).jpg|
портрет=Bust of Constantius II (Mary Harrsch).jpg|

Преработка од 12:53, 11 април 2010

Констанциј II

Флавиј Јулиј Констанциј (лат.Flavius Julius Constantius), (7 август 317- 3 ноември 361 год.) е византиски император, вториот син на Константин Велики и Фауста. Во 324 година е прогласен за цезар. Во 337 година империјата е поделена и тој е прогласен за управник на Азија и Египет, или истокот на империјата. Пред таа поделба ги убил сите машки наследници од вториот брак на татко му со Теодора, оставајќи ги браќата Константин II,Констанс I и братучедите Гал и Јулијан. По смртта на неговиот брат Констанс I, 350 година, Константиј прогласил Гал за цезар на западот.

Војни

На исток започнала тешка борба со персите од Сасанидската Империја под водството на Шапур II. Во тие борби Констанциј не бил доволно енергичен, кои главно биле за месопотамските тврдини. За среќа на римјаните, персите била нападнати од хионитите. Сите борби завршиле лошо за римјаните, најповеќе таа кај Сингара, каде поради лошата дисциплина на војската испуштиле речиси добиена победа. 350 година генералот Ветраниј се прогласил за император. При средбата на двете војски кај Сердика, Константиј со силата на своите зборови ја натерал целата војска на противникот да премине на негова страна. Ветраниј бил разрешен, но од почит кон неговата возраст оставен жив.

Дури во 351 година го победил узурпаторот Магнетиј во битката кај Мурса. Победен наново во 353 година Магнетиј извршил самоубиство, а нешто по тоа Константиј го убил и Гал. На тој начин станал господар на целата Римска империја. Се јавиле нови проблеми на границата со германските племина и бидејќи зафатен со војната на исток, го прогласил Јулијан за цезар, кој успеал да ги порази напаѓачите. 358 година започнала војна со сарматите. Есента, кога Дунав бил полн, римјаните ја преминале реката и нападнале на противникот. Сарматите биле поразени и побегнале, а по нив биле поразени и квадите, кои им дошле на помош. Накрај биле растурени и лимигантите. Со тоа била заштитена дунавската граница и запрена наездата на барбарски племиња.

Во наредната година наново започнала војната со персите и Констанциј се преместил во Константинопол, за да биде поблизу до борбите. Во 360 година дознал дека германските легиони го прогласиле Јулијан за император. Константиј се нашол во тешка состојба, зашто не можел да го прекине подготвуваниот поход против персите и преку Ерменија навлегол во Месопотамија. Римјаните опсадиле Безабда, но никако не успеале да го заземат градот и по неуспехот се повлекле во Антиохија. Есента на 361 година персите се повлекле и Константиј се кренал на војна со Јулијан. Но по патот се разболел и малку пред да умре прогласил Јулијан за негов наследник.

Религија

Податотека:147 Constantius II.jpg
Монета на Констанциј II

Неговот владеење било триумф за арианството. Смртта на Констанс I оставила православното христијанство без заштитник и Константиј слободно ги покажал своите симпатиј кон арианството. На црковниот собор во Милано 356 година, св. Атанасиј бил избркан од Александрија. Во тоа време црквата се наоѓала речиси во состојбаа ѓраѓанска војна. Наедно со тоа Константиј ги бркал и паганските култови, забранувајќи ги жртвувањата.

Извори