Хидроксид: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Брише: nl:Hydroxylgroep |
с Бот Додава: ka:ჰიდროქსიდი |
||
Ред 41: | Ред 41: | ||
[[it:Idrossido]] |
[[it:Idrossido]] |
||
[[ja:水酸化物]] |
[[ja:水酸化物]] |
||
[[ka:ჰიდროქსიდი]] |
|||
[[ko:수산화물]] |
[[ko:수산화물]] |
||
[[la:Hydroxidum]] |
[[la:Hydroxidum]] |
Преработка од 00:24, 9 април 2010
Хидроксидите се неоргански соединенија образувани од метал (или катјон од некоја полиатомска групација) и една или повеќе хидроксидни групи - OH.
Номенклатура на хидроксидите
Хидроксидите се именуваат слично како и оксидите. Прво се наведува името на металот што го гради хидроксидот, веднаш до него, слеано оксидациониот број што го има истиот во хидроксидното соединение и на крај одделно се додава хидроксид.
Ако металот има променлив оксидационен број (повеќе оксидациони броеви), истиот број се наведува:
Pb(OH)4 - олово(IV)хидроксид
Cu(OH)2 - бакар(II)хидроксид
Ni(OH)2 - никел(II)хидроксид
Додека ако металот нема променлив оксидационен број (еден единствен), истиот број нема потреба да се наведува:
NH4OH - амониум хидроксид
Ca(OH)2 - калциум хидроксид
Al(OH)3 - алуминиум хидроксид
Особини на хидроксидите
Растворливите хидроксиди при растворувањето во вода даваат бази. Додека при реакција со киселините, хидроксидите образуваат соли.
Меѓутоа, постојат и хидроксиди коишто може да образуваат соли не само при реакција со киселини, туку и при заемно дејство со раствори на бази, уште познати и како амфотерни хидроксиди. Вакви хидроксиди се цинк хидроксид (Zn(OH)2) и алуминиум хидроксид (Al(OH)3).
Елементот бор, којшто во периодниот систем спаѓа во истата група како и алуминиумот, образува соединение чија формула B(OH)3 одговара на онаа на алуминиум хидроксидот. Но, ова соединение е киселина, а впрочем и така се вика - борна киселина. Според правилата за номенклатура на киселините, формулата на борната киселина е H3BO3. Значи не секое растворливо соединение што може да го запишеме како хидроксид ќе се однесува како база, што кажува дека хидроксид и база не се еднакви поими.