Нови птици: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с македонски назив на шаблонот
с Бот Додава: gl:Neornithes
Ред 142: Ред 142:
[[es:Neornithes]]
[[es:Neornithes]]
[[fr:Neornithes]]
[[fr:Neornithes]]
[[gl:Neornithes]]
[[he:עופות בתראים]]
[[he:עופות בתראים]]
[[hu:Neornithes]]
[[hu:Neornithes]]

Преработка од 21:56, 31 март 2010

  1. F0DC82"
  1. F0DC82"
Нови птици
Период: Доцна Креда–денес
Ној, палеогнатна птица
Делфинов галеб, неогнатна птица
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Aves
Поткласа: Neornithes
Gadow, 1893[1]
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Надредови

Palaeognathae
Neognathae

Нови птици (или Neornithes) − поткласа која ги вклучува сите рецентни птици и нивните потомци.

Новите птици се карактеризираат со пердуви, клун без заби (древните птици поседувале заби), производство на тврдочерупкести јајца, висок степен на метаболизам, четирикоморно срце и лесен, но цврст скелет. Кај сите птици предните екстремитети се изменети во крила и повеќето можат да летаат, со мали исклучоци (птици-тркачи, пингвини и неколку различн ендемични островски видови). Птиците исто така поседуваат единствен дигестивен и респираторен систем кои се високо адаптирани за лет. Некои птици, особено враните и папагалите, се меѓу најинтелигентните животински видови; неколку видови на птици користат и произведуваат различни алатки, а многу социјални видови го предаваат своето знаење на наредните генерации.

Многу видови на нови птици секоја година мигрираат, а други изведуваат пократки неправилни движења. Птиците се социјални; тие комуницираат користејќи визуелни сигнали и преку повици и песни, а покажуваат и социјално однесување, како кооперативно одгледување на подмладокот и ловење, здружување во јато и бркање на предаторите. Најголем дел од птиците се социјално моногамни, обично во една сезона на парење, а некогаш и со години, но ретко цел живот.

Систематика

Новите птици се поделени на два надреда: палеогнати (Palaeognathae, каде припаѓаат тинамувидните птици и нелетачките тркачки птици, како на пример ноевите), и многу разновидниот надред на неогнати (Neognathae, кој ги содржи сите останати птици). Во зависност од гледната точка на таксономијата, бројот на видови варира некаде од 8800 до 10200 опишани рецентни птици во светот. Општо е прифатено тврдењето дека новите птици еволуирале во Креда, како и тоа дека расчленувањето меѓу таксонот Galloanserae и другите неогнати се случило пред кредско-терциерната екстинкција. Сепак, постојат различни размислувања во врска со тоа дали радијацијата на останатите неогнати се случила пред или по екстинкцијата (истребувањето) на останатите диносауруси.[2] Ова недоразбирање делумно е предизвикано и од дивергенцијата во доказите, при што молекуларните истражувања укажуваат на кредска радијација, додека фосилните докази ја поддржуваат терциерната радијација. Обидите со цел да се поистоветат молекуларните и фосилните докази се покажаа како контроверзни.[2][3]

Систематиката на новите птици е осетливо прашање. Сиблиевата & Алквистовата Филогенија и класификација на птиците (1990) е капитално дело во областа на систематиката на птиците, иако е често дискутирано и преуредувано. Поголем дел од доказите укажуваат на тоа дека редовите на нови птици сочинуваат точно определен таксон. Меѓутоа, научниците не се согласуваат за врските кои постојат меѓу редовите. Новите фосилни и молекуларни докази даваат поголема светлина на еволуцијата на редовите од нови птици.

 
Aves 

Archaeopteryx


 Pygostylia 

Confuciusornithidae


 Ornithothoraces 

Enantiornithes


 Ornithurae 

Hesperornithiformes


 Neornithes 

Palaeognathae


 Neognathae 

Galloanserae



Neoaves








Основна филогенија на птиците која ги прикажува новите птици и изумрените древни групи (упростено по Chiappe, 2007[4])
Кладограм кој ја прикажува најскорешната систематика на новите птици, основана на неколку филогенетски истражувања.

Подолу е дадена листа на систематските редови во поткласата Neornithes, односно нови птици.

Поткласа Neornithes

Забелешка: Оваа листа е основана на традиционалната систематика (т.н. Клементсови редови) - со додавање на широко прифатените разграноци (кладови) Galloanserae и Neoaves. Но, развиена е и радикално различна систематика основана на молекуларните податоци (т.н. Сибли-Монро или Сибли-Алквистова систематика).

Филогенија

Скица на филогенетското дрво на новите птици за време на и по К-Т екстинкција.

Основни разгранувања (дивергенции) на новите птици по Сибли-Алквистовата систематика.

Neornithes  
Palaeognathae 

Struthioniformes



Tinamiformes



 Neognathae 
 

Neoaves


Galloanserae 

Anseriformes


    

Galliformes






Видете исто така

Референци

  1. System Naturae 2000
  2. 2,0 2,1 Ericson PGP, Anderson CL, Britton T, Elzanowski A, Johansson US, Kallersjo M, Ohlson JI, Parsons TJ, Zuccon D, Mayr G (22 December 2006). „Диверзификација на Neoaves: интеграција на податоците од молекуларните секвенци и фосилите“. Biol Lett. 2 (4): 543–547. doi:10.1098/rsbl.2006.0523. PMID 17148284. Занемарен непознатиот параметар |pmcid= (се препорачува |pmc=) (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Brown J, Payne B, Mindell D (27 June 2007). „Јадрената DNA не ги поддржува 'карпите' и 'часовниците' кај Neoaves: коментар на Ericson et al.“. Biol Lett. 3 (3): 1–3. doi:10.1098/rsbl.2006.0611. PMID 17389215. Занемарен непознатиот параметар |pmcid= (се препорачува |pmc=) (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Предлошка:Цитирана книга