Александра Костенјук: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с македонски назив на шаблонот
с Бот Додава: simple:Alexandra Kosteniuk
Ред 92: Ред 92:
[[pt:Alexandra Kosteniuk]]
[[pt:Alexandra Kosteniuk]]
[[ru:Костенюк, Александра Константиновна]]
[[ru:Костенюк, Александра Константиновна]]
[[simple:Alexandra Kosteniuk]]
[[sl:Aleksandra Kostenjuk]]
[[sl:Aleksandra Kostenjuk]]
[[zh:科斯坚纽克]]
[[zh:科斯坚纽克]]

Преработка од 20:46, 31 март 2010

Александра Костенјук
Целосно имеАлександра Константиновна Костенјук
Земја Русија
Роден23 април 1984
Перм, Русија
Титулавелемајстор (2004)
Ранг2524 (март 2010)
Најв. ранг2540 (април 2006)

Александра Константиновна Костенјук (руски:Александра Константиновна Костенюк) (родена на 23 април 1984 во Перм) е руска шахистка, велемајстор и актуелна светска првенка во шах.

Шаховска кариера

Александра научила да игра шах на 5 години, а нејзин учител бил нејзиниот татко. Таа има помлада сестра Оксана, која е женски ФИДЕ мајстор.

Нејзината шаховска кариера е исполнета со значајни шаховски достигнувања. Во 2001, на 17 години, таа беше финалист на женското светско првенство во шах, но загуби од Џу Чен. Три години подоцна, таа стана европска првенка, победувајќи на турнирот во Дрезден. Во 2005, таа победи на женското првенство во шах на Русија, кое се одржа во Самара, завршувајќи го тувнрот со резултат +7 =4 -0. Во август 2006, Александра стана првата светска првенка во случаен шах, победувајќи ја најдобрата германска шахистка Елизабет Пец со 5.5-2.5. Во 2008, таа успешно ја одбрани титулата, победувајќи ја Катерина Лано со 2.5-1.5.[1] Но, сепак најголемиот свој успех, Костенјук го постигна во 2008, кога победувајќи го кинеското „чудо од дете“ Хоу Јифан со 2.5-1.5 стана светска првенка во шах.

Александра на 35. шаховска олимпијада во Блед во 2002

Во ноември 2004, Костенјук стана велемајстор, со што стана десеттата жена која ја добила оваа титула. Пред тоа, таа ги имаше титулите женски велемајстор и интернационален мајстор. Во април 2006, таа го достигна највисокиот рејтинг во кариерата, од 2540.

Двете изреки на Костенјук се „шахот е кул“ и „убавината и интелигенцијата одат заедно“. Со ова, Костенјук го промовира шахот со капацитет на модна убавица и амбасадор на шахот во светот.[2]

Таа исто така е сопственик на популарната подкастинг датотека „Шахот е кул“, која на читателите им дава информации за сите новости во нејзиниот живот и сите шаховски достигнувања.

Личен живот

Костенјук е омажена за Швајцарецот Диего Гарсес, кој е од колумбиско потекло и е 25 години постар од неа.[3] На 22 април 2007, Александра роди ќерка, Франческа Марија. Франческа се роди 2,5 месеци порано, но по осумнеделното лекување од болница, успешно беше пуштена.

Александра и нејзиниот сопруг живеат во предградието на Мајами Ки Бискејн. Таа е споредувана со нејзината сонародничка, тенисерката Ана Курникова, што неа лично не и се допаѓа. Александра и нејзиниот сопруг Диего, се исто така блиски и со шаховската куќа на славните во западен Кендал, каде таа е вистинска ѕвезда.[4]

Официјалното мрежно место на Александра Костенјук е одржувано од страна на нејзиниот сопруг и ги содржи сите шаховски настани, на кои таа учествува и ги нуди сите информации поврзани со неа.

Антологиски шаховски партии

Шаховско творештво

Референци

Надворешни врски

Претходник
Сју Јухуа
Светска првенка во шах
2008 - сè уште
Наследник
-