Принципат: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
D'ohBot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: id:Principatus
с Бот Додава: uk:Принципат
Ред 40: Ред 40:
[[tl:Prinsipado]]
[[tl:Prinsipado]]
[[tr:Principatus]]
[[tr:Principatus]]
[[uk:Принципат]]
[[zh:元首制]]
[[zh:元首制]]

Преработка од 10:47, 22 март 2010

Принципат (лат.: principatus, од princeps — прв, глава) е општоприфатен назив за државното уредување што го воспоставил првиот римски цар Октавијан Август[1], кој владеел од 31 г. п.н.е. до 14 г. н.е. Ваквото државно уредување претставувало специфична форма на монархија во која формално постоеле републикански институции, но владетелот имал императорска власт и се нарекувал принцепс (прв граѓанин).

Принципатот, воопштено, траел од почетокот на владеењето на Октавијан Август, па се до стапувањето на престолот на царот Диоклецијан во 284 г., иако голем дел од III век всушност бил обележан со постојано менување на царевите на престолот, кои своеволно биле прогласувани од страна војниците ширум Царството. Затоа тој период понекогаш се нарекува и време на војничките цареви.

Сепак, принципатот формално исчезнува дури со Диоклецијан, кој воведува ново државно и општествено уредување во Царството, познато како доминат, кое понатаму ќе го измени неговиот наследник Константин Велики.

Референци