Правилник за четите на ТМОРО: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
сНема опис на уредувањето
с Правилникот за четите на ТМОРО преместена како Правилник за четите на ТМОРО: не членувана форма на наслов на статија
(нема разлика)

Преработка од 00:58, 21 март 2010

Правиникот за четите на ТМОРО бил изработен од страна на Гоце Делчев и Ѓорче Петров во 1898 година[1], и тоа врз членот 11 од Уставот на ТМОРО и окружното на ЦК од октомври 1898 година. Според Борис Сарафов, правилникот бил изработен од Ѓорче Петров и капетанот Јордан Венедиков[2]. Правилникот бил хектографиран и верификуван од страна на Централниот Комитет. За време на Солунската провала од 1901 година (Солунска афера), правилникот се нашол во рацете на турските власти, и од тука најверојатно потекнуваат бројните негови варијанти, односно слободни толкувања кој се нашле меѓу солунските конзули.

Правилникот се состоел од 47 члена, поделени во 5 глави. I глава не била нумерирана и на свој начин преставувала преамбула. Во II глава се регулирани а) агитацијата, б) организацијата, в) извршените задачи г) крајните задачи на четата. III глава се однесува на општите правила за четата. Во IV глава се утвредени односите помеѓу комитетот и четата. V глава ги регулира составот и внатрешниот ред на четите.

I глава: Во секој револуционерен реон се утврдува по една чета, која е неразделен дел на Организацијата. Таа се движи тајно во реонот по потреби на делото и по распоред на Месниот комитет[3]

II глава: член 1. Четата како дополнителен дел на месната организација ги разјаснува и шири меѓу населението идеја, целта и задачата на Организацијата, определени во нејзиниот Устав и Правилник, член 3. Четата треба да влијае морално кај населението во корист на идејата за самоворужување, член 5. Четата е должна да го обучува населението во воен поглед, член 6. Четата е должна да се грижи за воружувањето на населението, член 7. Четата е должна да му помага на месниот комитет при насилно собирање пари за потребите на делото, член 8. По наредба на Комитетот, четата ги исполнува смртните казни, член 9. Четата е должна да ги прогонува разбојниците независно од ниваната вера и национална припадност. Истовремено таа ги преследува сите други чети на својата територија, кои не припаѓаат на ТМОРО, член 10. Четата не смее да прави никакви политички обири и грабежи во името на ослободителното дело, член 11. Четата како воружена јатка на повик на ЦК треба прва да го крене и разве знамето на востанието.[3]

III глава: член 16. мерки од покрупен карактер, кои можае да ја завлечат организацијата предвремено во борба, се сметаат за престапни и предавнички. Виновниците се гонат и казнуваат како престапници и народни душмани[3]

IV глава: член 19. Четат е потчинета на месното раководно тело, ги исполнува неговите наредби, а за своите намери бара дозвола од него и го известува за стореното, член 25. Четата не смее да го напушти својот реон без дозвола на ЦК[3]

V глава: член 27. Четата се состои од 7 или повеќе души, според потребите и условите во кои се наоѓа реонот. Секоја чета има свој началник кој се определува од ЦК, член 29. Составот на четниците е направен во согласност со месното раководство, четата не може да прими нов член без знаење на раководителот, но ни тој не може да и наложи таков без нејзина согласност, член 30. Се допушта привремено засолнување во четата на лица кои се компромитирани пред властите, член 42. Четниците и нивниот началник сносат еднаква одговорност пред Комитетот за постапките на четата, член 45. Интригите, среброљубието, егоизмот и непослушноста се казниви, член 46. Смртна казна следува за а) предавството кон поединец, четата или Организацијата, б) поради издавање на тајна со која е доведена во опасност Организацијата, четата или поединец в) ако поради своеглавост и од лични амбиции се преземаат дејства спротивни од намената на четата и духот на Организацијата г) дезетерство за време на акција д) кога четата по подолго набљудување на некого оцени дека заслужува смрт, член 47. Решенијата за смрт се донесуваат од целата чета и со одобрување на реонското раководно тело.[3]

Извори

  1. Д. Димески, Македонското нацинално движење во Битолскиот вилает 1893 - 1903
  2. Спомени на Борис Сарафов
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Правилник за четите на Тайната Македоско - Одринска революционна организация, ам. ф. Фо, мф 329, 195/2157, No. 207

Надворешни врски

  • [1] (Правилник на четите на Тајната македонско-одринска револуционерна организација)