ДНК-полимераза: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: ar:بوليميراز الدنا
с Бот Додава: id:DNA polimerase
Ред 22: Ред 22:
[[fr:ADN polymérase]]
[[fr:ADN polymérase]]
[[he:DNA פולימראז]]
[[he:DNA פולימראז]]
[[id:DNA polimerase]]
[[it:DNA polimerasi (DNA-dipendente)]]
[[it:DNA polimerasi (DNA-dipendente)]]
[[ja:DNAポリメラーゼ]]
[[ja:DNAポリメラーゼ]]

Преработка од 10:47, 16 март 2010

ДНК полимеразите се ензими кои учествуваат во синтетизирањето на нови ДНК нишки или вериги користејќи ги постоечките ДНК нишки како шаблони. Пред клеточната делба, ДНК се удвојува преку процес на полимеризација. Кај сите клетки од сите живи организми, ДНК полимеразите се протеинските катализатори кои ги поврзуваат нуклеотидите од новиот ДНК полимер во процесот на репликација.

Друга улога на ДНК полимеразата е репаративната (поправната). Геномската ДНК може да се оштети од страна на високореактивни молекули кои се создаваат во клетката за време на нормалниот метаболизам или, пак, се внесуваат во клетката од надворешната средина. Доколку ваквото оштетување не се поправи, можат да настанат мутации во геномот или смрт. ДНК полимеразата ги отстранува оштетените нуклеотиди и ја ресинтетизира ДНК одново.

Механизам на дејствување

Сите ДНК полимерази делат заеднички механизам за синтеза на ДНК нишките. Полимеризацијата на ДНК се случува постепено, односно со поврзување на еден нов нуклеотид со постариот нуклеотид од ДНК нишката. Сето ова се одвива по правилото на комплементарност на базните парови (тимин се поврзува со аденин; гванин со цитозин). За време на репликацијата, и двете ДНК молекули (нишки) служат како шаблони за синтеза на нова ДНК. ДНК нишките се одвојуваат и секоја се копира од страна на ДНК полимеразата. Со ова се добиваат две идентични копии од оригиналниот дуплекс на ДНК молекули кои се наменети за двете идни клетки.

ДНК полимеразата ја користи нуклеозид трифосфатната форма на деоксинуклеотидите за да изгради ДНК полимер. Монофосфатната форма на деоксинуклеотидот се вметнува во растечкиот ДНК ланец, при што се ослободува пирофосфатна молекула. ДНК полимеразата може да додава нуклеотиди само на 3′-OH крајот од растечкиот ДНК ланец. Според ова, полимеризацијата на ДНК се одвива во еден правец.