Микена: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: vi:Mycenae
с Бот Додава: simple:Mycenae
Ред 55: Ред 55:
[[sc:Micene]]
[[sc:Micene]]
[[sh:Mikena]]
[[sh:Mikena]]
[[simple:Mycenae]]
[[sk:Mykény]]
[[sk:Mykény]]
[[sl:Mikene]]
[[sl:Mikene]]

Преработка од 16:24, 12 март 2010

Лавовската порта на влезот во Микена.

Микена (на старогрчки: Μυκῆναι, грчки: Μυκήνες) е археолошко наоѓалиште во Грција кое се наоѓа околу 90 km југозападно од Атина, во североисточниот дел на Пелопонез.

Во вториот милениум п.н.е., Микена била еден од најважните центри на грчката цивилизација и воено утврдување кое доминирало на голем дел од јужна Грција. Периодот на грчката историја од 1600 п.н.е. до околу 1100 п.н.е. се нарекува микенски период.

Иако тврдината ја создале Грците, се смета дека името не е грчко, а веројатно предгрчко и наследено од претходните жители. Предгрчкиот јазик останал непознат, а нема силни докази дека припаѓал на индоевропските јазици.

Се верува дека акрополот или "високиот град" на Микена е утврден во раниот XV век п.н.е. на основата на еден пронајден гроб од тој период. Околу 1350 п.н.е., акрополот и околните ридови одново се соѕидани во "киклопски стил", бидејќи блоковите од карпи биле толку големи што во подоцнежните векови се верувало дека ги граделе еднооки суштества познати како киклопи. Во внатрешноста на ѕидините се изградени монументални палати.