Иван Точко: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: uk:Иван Точко |
белешка |
||
Ред 24: | Ред 24: | ||
[[bg:Иван Точко]] |
[[bg:Иван Точко]] |
||
[[uk: |
[[uk:Іван Точко]] |
Преработка од 16:51, 8 март 2010
Иван Точко (Охрид, 9 јануари 1914 - Скопје, 12 ноември 1973) е раскажувач, новинар и драмски писател. Се школувал во Охрид и Битола. Завршил Правен факултет во Белград и Театарска академија во Софија.[1]
Беше учесник во НОВ на Македонија. Работеше како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје и беше уредник на списанието „Македонија“.
Автор е на збирките раскази „Бојана“, „Акорди“, „Прстен“, „Раскази“ и „Лебедова песна“, како и новелите „Вино за душите“ и „Грев“. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени со прилог „Плуто“.
Литературно творештво
- Бојана (раскази, 1953)
- Акорди (раскази, 1956)
- Прстен (раскази, 1959)
- Раскази (1962)
- Вино за душите (новелети, 1968)
- Премиера (раскази, 1970)
- Грев (лирски минијатури, 1971)
- Плуто (драма, 1972)
- Охридска трилогија (три драмски текстови - Под Акропол, Робинка и Плуто, 1974)
Референци
- ↑ Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002