Георги Димитров: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 66.190.90.198 (разговор), вратено на последната верзија на Xqbot
с Бот Додава: ca:Georgi Dimitrov
Ред 37: Ред 37:


[[bg:Георги Димитров]]
[[bg:Георги Димитров]]
[[ca:Georgi Dimitrov]]
[[cs:Georgi Dimitrov]]
[[cs:Georgi Dimitrov]]
[[da:Georgi Dimitrov]]
[[da:Georgi Dimitrov]]

Преработка од 18:24, 5 март 2010

Георги Димитров
Роден 18 јуни, 1882
Ковачевци, Кнежество Бугарија
Починал 2 јули, 1949
Москва, СССР

Георги Димитров (Ѓорѓи Димитров) (18 јуни 1882 - 2 јули 1949) е политичар од Бугарија со потекло од Македонија[1], раководител на Бугарската комунистичка партија и на Комунистичката интернационала, како и премиер на Народна Република Бугарија од 1946 до својата смрт.

Димитров станува член на Бугарската социјалдемократска работничка партија во 1902 година, а следната година, кога настанува расцеп во партијата на тесни и широки социјалисти, Димитров се приклучува кон крилото на тесните социјалисти. Во 1909 станува член на ЦК на БСДРП и секретар на Сојузот на револуционерни синдикати на Бугарија.

По Октомвриската револуција бугарските тесни социјалисти се приклучуваат кон Коминтерната, а на нејзиниот Трет конгрес зема учество и Димитров. По неуспешното Септемвриско востание во 1923 година во Бугарија, Димитров е осуден на смрт и е принуден да пребегне во СССР. Таму зема учество во апаратот на Коминтерната, но од 1929 до 1933 година тој е немилост кај Сталин и советското раководство поради несогласувањето со политиката на Коминтерната кон социјалдемократијата и фашизмот по 1928 година

Димитров се стекнува со светска слава кога при Лајпцишкиот процес организиран од германските нацисти со цел да се обвинат комунистите за палањето на Рајхстагот во 1933, многу успешно се одбрани и успева да биде ослободен од обвинението. Имајќи го в предвид неговиот стекнат имиџ при овој процес, Сталин во 1934 го поставува на чело на Коминтерната. Димитров ја врши функцијата генерален секретар на Коминтерната сè до нејзиното распуштање во 1943.

На 22 септември 1946 година Димитров бил избран за премиер на Бугарија. Два месеци подоцна со телефонограма од 27 декември 1946 на околискиот управител до кметовите во Неврокопско се наредува сите граѓани да бидат пишувани како Македонци по националност, со исклучок на Евреите, Турците, Циганите и Бугарите коишто се родени надвор од Неврокопско. Наредено е исто така сите бугаро-мохамедани да се пишуват како Македонци.[2][3][4][5]

Во македонската историја Димитров е особено важен како прв челник на Бугарија што ја признал македонската националност[6]. Фактите покажуват дека македонската националност за прв патОва било со це Затоа во негова чест, неговото име го носи една скопска гимназија.

Извори

  1. Виктор Цветаноски, "Македонците крем на бугарското општество" (4), "Георги Димитров комунист со светски маштап", "Утрински весник", број 2860, петок, 12 декември 2008.
  2. Бърза! Телефонограма до Г Г кметовете на околията: Незабавно свикайте контрольорите и преброителите и им съобщете при попълване на графа 13 от домакинската карта и графа 5 на домакинския лист Б народност да се пише МАКЕДОНСКА, по изключение само евреите, циганите, турците и българите дошли от пределите на България. Българомохамеданите да се пишат по народност македонци, без разлика дали са отсам или оттатък р. Места. #10269, 27 XII 1946 г., гр. Неврокоп. Окол. Управител: Лаков (подпис и печат) - „од државниот архив на Благоевград, ф.242, оп.1, а.е.25, л.50“ (бугарски)
  3. Българско историческо дружество - „Исторически преглед“, София, 1990, Институт за история към Българската академия на науките, стр. 55/56
  4. Добрин Мирчев - „Македонския въпрос в българо-югославските отношения“, София, 1994, Университетско издателсвто „Св. Климент Охридски“, стр. 277
  5. Веселин Ангелов - „Премълчани истини: Лица, събития и факти от българската история (1941-1989)“, София, 2005, ИК „Анико“, стр. 9
  6. Георги Димитров, Македонски крем на бугарското општество

Надворешни врски