Омов закон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: mg:Lalan'i Ohm
Нема опис на уредувањето
Ред 22: Ред 22:
</math>
</math>


кајшто '''J''' е [[густина на струја]]та (струја по единична површина), '''σ''' е [[електрична спроводливост|електричната спроводливост]], а '''E''' е [[електрично поле|електричното поле]] (во волти по метар).
каде што '''J''' е [[густина на струја]]та (струја по единична површина), '''σ''' е [[електрична спроводливост|електричната спроводливост]], а '''E''' е [[електрично поле|електричното поле]] (во волти по метар).


== Референци ==
== Референци ==

Преработка од 00:26, 3 март 2010

Напонскиот извор V, предизвикува електрична струја I, низ отпорникот R, трите величини на кои се однесува Омовиот закон: I = V/R.

Омовиот закон се однесува на електрични кола, тој вели дека:

Струјата помеѓу две точки е директно пропорционална со потенцијалната разлика (напонот) и обратно пропорционална со отпорот помеѓу нив.

Математички, тоа се изразува како:

Каде што I е струјата во ампери, V е потенцијалната разлика во волти, и R е електричната отпорност изразена во оми. Потенцијалната разлика е позната и како пад на напонот, и може да се означува и со U, E или ЕМС (електромоторна сила).[1]

Оваа законитост ја открил германскиот физичар Георг Ом, и ја објавил во 1827. година како резултат на лабораториски мерења, и во малку посложена форма.

Отпорноста на повеќето отпорнички материјали отпорници е константна за широк спектар на струи и напони. Кога отпорникот се употребува во вакви околности, неговата отпорност се нарекува „омска“. Покрај омската отпорност, постои и капацитивна и индуктивна, кои се јавуваат кај променливите и наизменичните струи.

Омовиот закон, во презентираната форма, е мошне корисен за електротехниката, затоа што опишува како напонот, струјата и отпорот се поврзани на „макроскопско“ ниво, односно како елементи на електричното коло. Физичарите кои ги проучуваат електричните својства на материјалите на микроскопско ниво ја употребуваат векторската равенка:

каде што J е густина на струјата (струја по единична површина), σ е електричната спроводливост, а E е електричното поле (во волти по метар).

Референци

  1. Handbook of Chemistry and Physics, Fortieth Edition, p.3112, 1958