Фердинанд II (Арагон): Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Менува: bs:Ferdinand II, kralj Aragonije |
с Бот Менува: id:Fernando II dari Aragon |
||
Ред 90: | Ред 90: | ||
[[hr:Ferdinand II. Aragonski]] |
[[hr:Ferdinand II. Aragonski]] |
||
[[hu:II. Ferdinánd aragóniai király]] |
[[hu:II. Ferdinánd aragóniai király]] |
||
[[id: |
[[id:Fernando II dari Aragon]] |
||
[[it:Ferdinando II di Aragona]] |
[[it:Ferdinando II di Aragona]] |
||
[[ja:フェルナンド2世 (アラゴン王)]] |
[[ja:フェルナンド2世 (アラゴン王)]] |
Преработка од 06:18, 28 јануари 2010
Фердинанд II | |
---|---|
Крал на Арагон, Крал на Кастилја и Леон | |
Крал на Арагон | |
На престол | 20 јануари 1479 - 23 јануари 1516 |
Претходник | Хуан II |
Наследник | Хуана I и Карлос I |
Крал на Кастилја | |
На престол | 1475-1503 |
Претходник | Henry IV |
Наследник | Хуана и Филип I |
Сопружник | Изабела I Кастилјска |
Жена |
|
Деца | Изабела Португалска Хуан, принц од Астуриас Хуана Кастилјска Марија Арагонска Катерина Арагонска |
Династија | Династија Трастамара |
Татко | Хуан II Арагонски |
Мајка | Хуана Енрикез |
Фернандо II од Арагон, познат и како Фернандо Католикот (шпански: Fernando II de Aragón y V de Castilla "el Católico") бил крал на Арагон (1479. – 1516.), Сицилија (1468. – 1516.), Неапол (1504. – 1516.), Валенсија, Сардинија и Навара, Гроф на Барселона, крал на Кастилја (1474. - 1504., преку бракот со Изабела I), а потоа и регент на Кастилја во име на своjата ментално болна ќерка Јоана од 1508. до својата смрт.
Заедно со сопругата, кралицата Изабела од Кастилја, Фердинанд бил успешен владетел кој ги поставил основите на Шпанија како единствена држава и европска и светска сила.
Владеење
Преку бракот со Изабела I од Кастилја создале личен сојуз помеѓу соседните кралства Арагон и Кастилја по што следело обединување на нивните територии и создавање на заедничка држава Шпанија, именувана според античкото римско име Хиспаниа, иако заедничката држава формално не била администрирана како единствена, туку како две посебни, сѐ до 18. век.
Фернандо и Изабела ги протерале Маврите од Пиринејскиот полуостров и ја освоиле нивната територија и последна муслиманска енклава на Европско тло - Гранада во 1492. Истата година, го испратиле Кристофер Колумбо во експедиција кон новиот свет. Исто така во 1492. со Декретот од Алхамбра ги условиле евреите да го прифатат христијанството или да ги напуштат Арагон и Кастилја, што довело до голема миграција на стотици илјади евреи кон Португалија и цела Европа. Во 1494. со Договорот од Тордесиљас постигнале спогодба со Португалија за поделба на светот надвор од Европа.
Со цел да го зајакнат католицизмот, во 1478. ја создале шпанската инквизиција, која била под нивна директна власт, за разлика од средновековната која била под контрола на папата.
Заклучок
Фернандо и Изабела постигнале ефикасен сојуз во текот на владеењето: Шпанија била обединета, териториите проширени, верски обединета со протерувањето на муслиманите и евреите, основале војска и морнарица која ќе биде основа на освојувањата на светот во следните 150 години, црквата била реформирана. Со сите овие постигнувања, како и со откритијата на нови територии и природни богатства во Новиот свет, Фердинанд и Изабела ја создале првата светска сила во денешното значење.
|
- Родени во 1452
- Починати во 1516
- Луѓе од Сарагоса
- Династија Трастамара
- Владетели на Арагон
- Владетели на Кастилја
- Грофови на Барселона
- Монарси од Неапол
- Кралство Сицилија
- Луѓе од Реконквиста
- Римокатолички монарси
- Историја на Католицизмот во Шпанија
- Историја на евреите во Шпанија
- Витези на Сантијаго
- Витези на Подвеската
- Витези на Златното Руно
- Луѓе од 15 век во Шпанија
- Луѓе од 16 век во Шпанија