Сао Томе и Принсипе: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: mwl:San Tomé i Príncepe
Ред 249: Ред 249:
[[mr:साओ टोमे आणि प्रिन्सिप]]
[[mr:साओ टोमे आणि प्रिन्सिप]]
[[ms:São Tomé dan Príncipe]]
[[ms:São Tomé dan Príncipe]]
[[mwl:San Tomé i Príncepe]]
[[nah:Santo Tomé īhuān Tlahtohcāpilli]]
[[nah:Santo Tomé īhuān Tlahtohcāpilli]]
[[nds:São Tomé un Príncipe]]
[[nds:São Tomé un Príncipe]]

Преработка од 22:45, 27 јануари 2010

Демократска Република Сао Томе и Принсипе
República Democrática de São Tomé
e Príncipe
Знаме
ХимнаIndependência total
Местоположба на Сао Томе и Принсипе
Главен градСао Томе
0°20′N 6°44′E / 0.333° СГШ; 6.733° ИГД / 0.333; 6.733
Најголем град главниот град
Службен јазик португалски
Признаени регионални јазици Форо, анголар, принсипенски
Уредување демократска полу-претседателска република
 •  Претседател Фрадик де Менезес
 •  Премиер Жоакин Рафаел Бранко
Независност од Португалија 
 •  датум 12 јули 1975 
Површина
 •  Вкупна 964 км2 (183-та)
 •  Вода (%) 0
Население
 •  проценка за 2005 г. 157,000 (188-ма)
 •  Густина 171 жит/км2 (65-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $259 милиони[1] 
 •  По жител $1,643[1] 
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 •  Вкупно $145 милиони[1] 
 •  По жител $922[1] 
ИЧР (2007) 0.654
Error: Invalid HDI value · 123-та
Валута Добра (STD)
Часовен појас UTC (UTC+0)
Се вози на десно
НДД .st
Повик. бр. 239

Сао Томе и Принсипе, официјално Демократска Република Сао Томе и Принсипе, е островска нација во Африка, во центарот на Гвинејски Залив. Државата се состои од два острови: Принсипе и Сао Томе, разделени меѓу себе 140 км, а додека од брегот на Африка се оддалечени 250 односно 225 км. Двата острови се состојат од венец на изумрени вулкански острови. Сао Томе, поголемиот остров, се наоѓа северно од екваторот и го добил името по Свети Тома, поради тоа што Португалците пристигнале за прв пат на островот на самиот ден Св. Тома. Сао Томе и Принсипе е втората најмала земја во Африка, во поглед на населението. Исто така, таа е најмалата земја каде се зборува португалски јазик.

Историја

Островите Сао Томе и Принсипе биле ненаселени пред доаѓањето на португалците во околу 1470-та година. Островите биле откриени од Жоао де Сантарем и Педро Ескобар. Португалските морепловци го истражиле островот и одлучиле да останат таму бидејќи биле на добра местоположба.

Географија и клима

Карта на Сао Томе и Принсипе

Островите Сао Томе и Принсипе се наоѓаат во Алтантскиот Океан на околу 300 и 250 километри оддалеченост од Габон и воедно е втора најмала држава во Африка. Двата острова се дел од камерунската вулканска линија.

Сао Томе е 50 километри долг и 32 километри широк и повеќе е планински одошто Принсипе. Највисокиот врв во Сао Томе е 2.024 метри. Принсипе е долг 30 километри и 6 километри широк.

Климата во Сао Томе и Принсипе е тропска и топла со просечна годишна темепература од 27 °C. Температурата ретко се подига над 32 степен. Ноќите се поладни. Дождната сезона во Сао Томе и Принсипе е од октомври до мај.

Политички систем

Сао Томе и Принсипе е повеќепартиско општество од 1990 година. Претседателот на Сао Томе и Принсипе се избира за мандат од пет години. Еден претседател може да се кандидира за два мандата. Премиерот се избора од страна на претседателот, а додека четиринаесетчлениот кабинет се избира од страна на премиерот.

Националното собрание е составено од 55 членови, кои се избрани за четиригодишен мандат. Судската власт во Сао Томе и Принсипе е независна.

Административна поделба

Сао Томе и Принсипе е поделен на две покраини: Принсипе и Сао Томе.

Покраините понатака се поделени на седум области, од кои шест се на островот Сао Томе и една на островот Принсипе. Принсипе има самоуправувачка влада од 29 април 1995.

Економија

Пазар во Сао Томе

Од 1800-тите, економијата на Сао Томе и Принсипе била базирана на земјоделието. Кога државата се обидувала да стекне независност, португалските поседи на плантажите заземале околу 90% од обработливата земја. После независноста, контролата над поседите потпаднала во рацете на повеќе земјоделски компании. Главна суровина за извоз на Сао Томе и Принсипе е какаото и зазема околу 95% од вкупниот извоз.

Население, јазик и религија

Деца во Сао Томе и Принсипе.

Вкупното население на Сао Томе и Принсипе е 138.500, од кои 137.500 живеат на Сао Томе, а додека 6.000 жители има на Принсипе. Сите се потомци на различни етнички групи, па така досега се забележани:

  • Местици - мешано население,
  • Анголци - доселеници од Ангола,
  • Serviçais - работници од различни африкански држави,
  • Тонги - деца на работници од различни држави,
  • Европејци, особено португалци, и
  • азијци

Иако Сао Томе и Принсипе е мала држава таа има четори национални јазици: португалски јазик (официјален), португалски креолски јазик, форо јазик, анголски јазик и принсипенски јазик.


Скоро цело население на Сао Томе и Принсипе се христијани, поточно католици и протестанти.

Култура


Културата во Сао Томе и Принсипе е мешавина на африкански и европски елементи.

Сао Томе е познат по усуата, додека Принсипе по деша ритамот. Чилоли е музички танц кој изразува праматична приказна.

Видете исто така

Надворешни врски

Влада
Општо
Вести
Туризам
Други

Референци