Мона Лиза: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: fy:Mona Lisa
с Бот Додава: bn:মোনালিসা
Ред 51: Ред 51:
[[az:Mona Liza]]
[[az:Mona Liza]]
[[bg:Мона Лиза]]
[[bg:Мона Лиза]]
[[bn:মোনালিসা]]
[[bs:Mona Liza]]
[[bs:Mona Liza]]
[[ca:La Gioconda]]
[[ca:La Gioconda]]

Преработка од 16:11, 3 јануари 2010

Мона Лиза

Мона Лиза (италијански: Mona Lisa) или Џоконда (La Gioconda) е слика изработена со маслени бои врз табла од топола во текот на 16 век од страна на Леонардо да Винчи и е една од најпознатите слики во западната историја на уметноста. Сликата е во сопственост на француската влада и се чува во Лувр во Париз. Димензиите на сликата изнесуваат 76,8 x 53 cm.

Име на сликата

Името Мона Лиза произлегува од биографијата на Леонардо да Винчи, напишана од Џорџо Вазари и објавена 31 година по смртта на да Винчи. Во неа тој ја идентификува седнатата дама како Лиза, сопруга на богатиот трговец од Фиренца, Франческо дел Џокондо. „Мона“ е многу често среќавано и во италијанскиот јазик како „мадона“, што означува „моја дама“, еквивалент на францускотоmadame“, односно на македонски: „госпоѓа“. Така, името на сликата значи „Мадам Лиза“.

Во 19 век, името Мона Лиза започнува да означува „многу“ низ европските народи. Пред да се утрвди името на оваа слика, биле употребувани многу друѓи различни имиња. Едно од тие имиња е „непознатата дама од Фиренца“.

Историја

Многу е веројатно Леонардо да Винчи со работата врз сликата и нејзиното цртење да започнал во 1503 година, и, според Васарија, завршил околу четири години подоцна. Да Винчи ја зел со себеси сликата од Италија во Франција во 1516, кога кралот Франсоа I го поканил уметникот да работи во Кло Лисе блиску до замокот на кралот во Амбоаз. Тогаш кралот ја купил сликата за 4000 екиа.

По смртта на да Винчи, сликата била пресечена, при што биле отстранети делови од двете страни на сликата. На прв поглед имало колони од двете страни на фигурата.

Најпрвин сликата била изложена во Фонтенбло, а подоцна е преместена во Версајскиот двор. По Француската револуција е преместена во Лувр.

Наполеон Бонапарт ја преместил во неговата спална соба во дворецот Тилери, а подоцна повторно била вратена во Лувр. Во време на Франко-Пруската војна од 1870 до 1871, сликата била извадена од Лувр и скриена некаде во Франција.

Сликата не била многу позната до средината на 19 век, кога неколку симболистички уметници почнале да ја ценат и ја поврзале со нивните идеи за женската мистичност. Критичарот Валтер Патер, во неговиот есеј за Леонардо од 1867 година, го изразил овој поглед преку опишување на фигурата на сликата како еден вид на митско претставување на вечната женственост, што е „постаро од камењата на коишто седи“ и што било „мртво многу пати и ги научило тајните на својот гроб“.

Во текот на 1911 година, сликата била украдена од Лувр од страна на италијанскиот граѓанин Винченцо Перуџа. Тој сакал Мона Лиза да ја врати назад во Италија, „каде што всушност припаѓала“. По две години сликата повторно се појавила во Фиренца.

Во 1956 година во нејзиниот „атентат“, со киселина ѝ бил отсечен долниот дел на сликата. На 30 декември 1956 година, еден од посетителите на Лувр фрлил камен врз сликата. Поради овој чин овој човек морал да го напушти својот дом во Боливија. Во 60-тите и 70-тите години на 20 век, Мона Лиза била изложена во Њујорк, Токио и Москва. Моментално се наоѓа во Лувр, Париз.

Претпоставка за ликот на сликата

Во текот на годините по смртта на Леонардо да Винчи, луѓето започнале да си го поставуваат прашањето за тоа која е всушност жената на сликата која е насликана од да Винчи. Освен за сопруга на трговец, Мона се смета за женскиот облик на да Винчи, односно дека на сликата е самиот да Винчи. При задавањето на прашањето зошто Лиза се насмевнува ладно и како можела да стои неподвижна и насмевната толку многу време, историчарите и толкувачите сметаат дека оваа „жена“ всушност имала болест која не дозволувала мускулите на лицето да се отпуштат или пак според некои француски и канадски истражувачи, всушност Мона Лиза била бремена за време на нејзиното цртање.

Создавање

Најверојатно, за создавањето на сликата, да Винчи користел пирамида со цел жената да ја постави на точното место на сликата, и да ѝ биде пријатно и спокојно при нејзиниот изглед. Формата на нејзиното лице ја дава аголската форма со лице на пирамида. Исто така, многу е застапен и контрастот на светлината. Според многумина, оваа женска фигура ја дава формата на изобразената Мадона, слика што во тоа време била многу распространета. Раката на Лиза на столот, според многу толкувачи всушност го претставува растојанието меѓу набљудувачот и Мона Лиза. Нејзиниот став на столот е знак за нејзината зачувана позиција за подолго време.

Најголем предизвик за набљудувачите е нејзината насмевка. Силното изразено лице е практично оформено со други многу поразлични и потемни елементи (косата или сенките, на пример). Привлекувањето на лицето на Мона Лиза е од најголем размер. Затоа, композицијата на сликата предизвикува двосмислен ефект: Ние сме привлечени кон оваа жена, но треба да останаме на растојание од неа.

До денешен ден, сите овие работи не се изјаснети за Мона Лиза.

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA