Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ext:Repúbrica de Macedónia
cite source
Ред 84: Ред 84:
'''Македонија''' или официјално '''Република Македонија''' е [[Европа|европска]] држава во централниот дел на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] со главен град [[Скопје]]. Територијата на Република Македонија претставува околу 38% од територијата на [[Регион Македонија|областа Македонија]]. Македонија на исток граничи со [[Бугарија]], на север со [[Србија]] (и [[Косово]]), на запад со [[Албанија]] и на југ со [[Грција]].
'''Македонија''' или официјално '''Република Македонија''' е [[Европа|европска]] држава во централниот дел на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] со главен град [[Скопје]]. Територијата на Република Македонија претставува околу 38% од територијата на [[Регион Македонија|областа Македонија]]. Македонија на исток граничи со [[Бугарија]], на север со [[Србија]] (и [[Косово]]), на запад со [[Албанија]] и на југ со [[Грција]].


Политички, Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава со главен град [[Скопје]]. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители, од кои мнозинството се [[Македонци]]. Официјален јазик е [[македонскиот јазик]], додека официјална валута е [[Македонски денар|македонскиот денар]].
Политички, Македонија е суверена, самостојна, демократска{{fact}} и социјална{{fact}} држава со главен град [[Скопје]]. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители, од кои мнозинството се [[Македонци]]. Официјален јазик е [[македонскиот јазик]], додека официјална валута е [[Македонски денар|македонскиот денар]].


== Историја ==
== Историја ==

Преработка од 22:22, 27 декември 2009

Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници што треба да се разгледуваат на разговорната страница.
За да ги видите претходните верзии, стиснете на врската историја.


Република Македонија
Знаме Грб
ХимнаДенес над Македонија
Локација на Македонија (зелено) со Европа (зелено + темно сиво)
Локација на Македонија (зелено) со Европа (зелено + темно сиво)
Локација на Македонија (зелено) со Европа (зелено + темно сиво)
Главен град
(и најголем)
Скопје
42°0′N 21°26′E / 42.000° СГШ; 21.433° ИГД / 42.000; 21.433
Службен јазик Македонски1[1]
Демоним Mакедонец
Уредување Парламентарна Република
 •  Претседател Ѓорге Иванов
 •  Премиер Никола Груевски
Независност од Југославија 
 •  Објавена независност 8 септември 1991 
 •  Официјално призната 8 април 1993 
Површина
 •  Вкупна 25.713 км2 (148ма)
 •  Вода (%) 1,9%
Население
 •  проценка за 2009 г. 2.114.550 (142ра)
 •  Попис 2002 2.022.547 
 •  Густина 82,2 жит/км2 (116та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $18,831 милијарди[2] 
 •  По жител $9.163[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $9,569 милијарди[2] 
 •  По жител $4,656[2] 
Џиниев коеф. (2004)29.3
низок
ИЧР (2007) 0,817
Error: Invalid HDI value · 72ра
Валута Македонски денар (MKD)
Часовен појас ЦЕВ (UTC+1)
 •  (ЛСВ) ЦЕЛВ (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .mk
Повик. бр. 389
1. Албански, турски, српски, ромски и влашки се службени јазици покрај македонскиот во населени места каде се зборуваат над 20 % од населението.

Македонија или официјално Република Македонија е европска држава во централниот дел на Балканскиот Полуостров со главен град Скопје. Територијата на Република Македонија претставува околу 38% од територијата на областа Македонија. Македонија на исток граничи со Бугарија, на север со СрбијаКосово), на запад со Албанија и на југ со Грција.

Политички, Македонија е суверена, самостојна, демократска[се бара извор] и социјална[се бара извор] држава со главен град Скопје. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители, од кои мнозинството се Македонци. Официјален јазик е македонскиот јазик, додека официјална валута е македонскиот денар.

Историја

Античка Македонија

Иако Република Македонија се здобила со независност во 1991 година, археолошките докази покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 7000 п.н.е. и 3500 п.н.е.[се бара извор] Античките Македонци веројатно биле првите што развиле државна организација на овие простори[се бара извор]. Првпат Македонското Царство се јавува во периодот на IX век п.н.е. и за први македонски цареви се сметаат Каран и Пердика I.

Историското средиште на градот Битола.
Античкиот град Хераклеа, основан од Филип II Македонски
Архитектурата во градот Охрид.

Приближно од V век п.н.е. Македонија станува значаен политичко - економски чинител во поширокиот регион, а нејзината главна надворешно-политичка дејност била сосредоточена кон односите со Грчките градови-држави, при што често била сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак заземала страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. Филип II Македонски (359-336 п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, ќе успее да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар Македонски (356-323 п.н.е.) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин ќе го скрши внатрешниот отпор во проширеното Македонско Царство, а подоцна во походот против Персија, ќе ја уништи огромната Персиска Империја и ќе ја прошири македонската држава на три континенти, протегајќи се помеѓу Европа, Египет и Индија.

По неговата смрт, оваа огромна империја се распаднала на три дела, поради несогласувањато на неговите генерали околу тоа кој ќе му биде наследник. Освојувањата на Александар Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја.

Продорот на Римската Империја на исток ќе доведе до трите Македонски Војни (215 п.н.е.-168 п.н.е. со повеќегодишни прекини меѓу војните) во која Македонското Царство целосно ќе потпадне под римска власт, а последниот македонски цар Персеј ќе биде одведен како роб во Рим. По поделбата на Римската Империја во 395 г. од н.е. на Источно и Западно Римско царство, Македонија станува дел од Источното Римско царство.

Појавата на Словените

Во VI и VII век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до Тесалија, па дури и до Пелопонез. Тие се измешале со затекнатото месно население, во најголема мера Антички Македонци, потоа Грци, Илири и Траки. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, Македонските Словени биле организирани во полудржавни формации - македонските Склавинии. Склавиниите преземале повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.

Во 837 година Македонија почнува да потпаѓа под власта на бугарската држава, при што до средината на 9 век поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во 9 век, исто така, започнува и црковно-просветната дејност на солуњаните Кирил и Методиј, која се состоела од повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на словенската писменост, која започнува со создавањето на словенската азбука - глаголицата, во 855 година. Нивните ученици, Климент и Наум, ќе ја продолжат нивната дејност и кон крајот на 9 век, ќе ја создадат Охридската книжевна школа и Преславската книжевна школа, со што Охрид набрзо прераснува во еден од најразвиените црковно-просветни и културни средишта на Балканот, лулка на словенската писменост.

Во 10 век Македонија ќе ја зафати богомилското движење и учење, за првпат создадена во велешко-прилепската област, како одглас на потчинувачкиот феудален црковно-економски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и низ цела Европа.

Со востанијата во Македонија во втората половина на 10 век, во 969 година против бугарската и во 976 година против византиската власт била создадена македонската средновековна феудална држава,позната уште и како Самуиловото царство). Македонската средновековна феудална држава постоела се до 1018 година, кога била покорена од византиските војски. Во 13 и 14 век византиската власт врз Македонија била прекинувана со периоди на српско и бугарско владеење.

До крајот на 14 век Македонија целосно била покорена од Османлиите, со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а исто така, бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во 1767 султанот ја укинал Охридската Архиепископија. (Видете: Македонска Православна Црква)

Освестување и обединување на македонската нација во 19 век

Зацврстување на народниот јазик

Од 14 век во Македонија започнува да се засилува влијанието на српската варијанта на старословенскиот јазик. Причина за тоа било приклучувањето на Македонските краишта кон тогашната српска држава. Тоа влијание се однесува главно, на правописот. Покрај тоа, во книжевните споменици од тоа време се повидливи се и трагите од современите живи македонски говори. Во старословенската основа на писмениот јазик.

Во времето на Отоманската империја писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот народен говор веќе биле насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните богослужбени книги, во кои повеќе се водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат се повеќе и такви текстови што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат натписи за практична употреба.

Во 16 век се печатат и книги во Србија и Венеција. Во 17 век веќе доаѓаат во големи количества црковни книги печатени во Русија на рускословенски јазик.

Македонија во 20 век

Независност

Административна поделба

Општините во Македонија.

Општините на Македонија се административни единици од прв ред. Во август 2004, Република Македонија е реорганизирана на 84 општини; 10 од нив се Град Скопје, посебна единица на локална самоуправа и главен град на државата.

Речиси сите општини се непроменети или само претопени од претходните 123 општини формирани во септември 1996; другите биле припоени една кон друга и границите им се променети. Пред ова, локалната управа била организирана во 34 административни единици на различни нивоа.

По број на население, најголема општина во Република Македонија е Општина Куманово со 105 484 жители, а најмала Општина Вранештица со 1 322 жители.

Географија

Топографска мапа на Македонија.
Планина Кораб
Планина Јабланица
Мавровско езеро

Местоположба

Република Македонија има површина од 25.713 km² и нема излез на море. Република Македонија на исток граничи со Република Бугарија, на север со Република Србија, на запад со Република Албанија и на југ со Република Грција. Должината на државните граници изнесува вкупно 766 km, и тоа:

Значењето на географската положба на Република Македонија, како централна балканска држава која се граничи со четири држави, различни по својот стопански потенцијал и развиеност, е што тие се упатени на меѓусебна трговска размена и дополнување на нивните економии, токму преку територијата на Република Македонија.

Релјеф

Релјефот е претежно ридско-планински (75%).

Највисоките 10 планини со своите највисоки врвови се:

Име Висина (m)
1 Кораб 2,764
2 Шар Планина 2,747
3 Баба Планина 2,601
4 Јакупица 2,540
5 Ниџе 2,521
6 Дешат 2,373
7 Галичица 2,288
8 Стогово 2,273
9 Јабланица 2,257
10 Осоговски Планини 2,251
11 Бистра 2,163
12 Плачковица 1,754

Најдолга река е Вардар со 388 km (од кои во 301 km во Република Македонија) и во најголем дел тече низ централниот дел на државата. Нејзиниот слив зафаќа најголем дел од површината на државата и е дел од егејското сливно подрачје. Мал дел од територијата е дел од јадранското сливно подрачје каде се влива реката Дрим (Црни Дрим во Република Македонија) со неговите притоки, а во црноморското сливно подрачје реката Биначка Морава.

Најголема котлина е Пелагонија на која се одгледуваат многу култури специфични за ова климатско подрачје како на пример тутунот кој најмногу се одгледува во околината на Прилеп.

На јужната граница на Република Македонија лежат три големи природни езера:

  • Охридско Езеро кое е поделено меѓу Република Македонија (2/3) и Република Албанија (1/3)
  • Преспанско Езеро кое е поделено меѓу Република Македонија, Република Албанија и Република Грција
  • Дојранско Езеро кое е поделено меѓу Република Македонија и Република Грција

Територијата на Република Македонија се наоѓа на сеизмички активно подрачје.

Демографија

Етничко знаме на македонците
Етничко знаме на македонците

Дел од темата
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
НОБ (1941-1944)
НОФ (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р Македонија (1944-1991)
Р Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик


Според пописот од 2004 вкупното попишано население во Република Македонија изнесува 2.071.210 жители од кои:

Етнички состав
Македонци
  
64,18 %
Албанци
  
25,17 %
Турци
  
3,85 %
Роми
  
2,66 %
Срби
  
1,78 %
Бошњаци
  
0,84 %
Власи
  
0,48 %
други
  
1,04 %

Бројот на домаќинствата изнесува 564.296, а на становите 698.143. Во вкупното население од 2.022.547 лица, населението на возраст до 19 години брои 591.702 лица, додека со 60 и повеќе години има 303.534 лица. Лицата на возраст од над 65 години опфаќаат 10,57 % во вкупното население, додека младата популација од 0 до 14 години е застапена со 21,08 проценти.

Поголеми градови

Најголемите градови во Македонија
 
Најголеми градови во Македонија
Бр. Општина Нас. Бр. Општина Нас.
Скопје
Скопје
Битола
Битола
1 Скопје Град Скопје 506,926 11 Кавадарци Кавадарци 29,188 Куманово
Куманово
Прилеп
Прилеп
2 Битола Битола 74,550 12 Кочани Кочани 28,330
3 Куманово Куманово 70,842 13 Кичево Кичево 27,067
4 Прилеп Прилеп 66,246 14 Струга Струга 16,559
5 Тетово Тетово 52,915 15 Радовиш Радовиш 16,223
6 Велес Велес 43,716 16 Гевгелија Гевгелија 15,685
7 Штип Штип 43,652 17 Дебар Дебар 14,561
8 Охрид Охрид 42,033 18 Крива Паланка Крива Паланка 14,558
9 Гостивар Гостивар 35,847 19 Свети Николе Свети Николе 13,746
10 Струмица Струмица 35,311 20 Неготино Неготино 13,284

Економија

Македонски Боинг 737
Стопанска банка Битола

Република Македонија по стекнувањето на својата независност од СФРЈ излегува како нејзина најсиромашна република. Економијата уште повеќе тонела во деведесетите поради бројни фактори: распадот на заедничкиот пазар, војните во поранешна Југославија, грчката блокада, санкциите спрема СР Југославија и многу други. Кон крајот на деведесетите економијата пополека почнува да забележува раст, но тоа повторно се прекинува со војната во Косово од 1999 и домашниот етнички конфликт од 2001. Денеска економијата повторно пополека бележи закрепнување. Но Република Македонија сѐ уште го нема достигнато ни нивото од од осамостојувањето 1991 (највисокото ниво воопшто го има достигнато во 1987)

Економијата е пост-транзициска, со голем број сѐ уште нерешени транзициски проблеми. Невработеноста е најголем проблем, 38% (2005). Корупцијата е системска појава. Неефикасното судство исто така негативно се одразува врз економијата. Нивото на домашни и странски инвестиции е ниско.Пазарното стопанство го нарушуваат неколку монополи. Сивата економија е широко распространета и има проценки дека претставува и до 20% од економската активност. Од друга страна макроекономските показатели веќе долго време се добри. Исто така Македонија е релативно малку задолжена земја. Државата располага средно кфалификувана но евтин а работна сила. Инфраструктурата е во релативно добра состојба, но сепак требаат инвестиции во оваа област (пред се во транспортно-комуникациско поврзување исток-запад). Република македонија е член на Светската трговска организација и има отворена економија, високоинтегрирана во меѓународната трговска размена (вкупната размена со странство во 2005 изнесуваше 79,5%).

Денеска конечно економските перспективи на државата изгледаат поповолно. Некои од проблемите се надминати, а некој се во фаза на надминување. Ова особено поради реформите кои се прават со цел за приближување кон ЕУ. Исто така позитивно влијание се очекува и од самиот кандидатски статус за членство во ЕУ. Во секој случај Република Македонија мора да остварува континуиран и брз пораст на економијата ако сака во догледно време да се приближи до европскиот просек.

-Земјоделство 11.4%
-Индустрија 27.2%
-Услуги 61.4%
Приходи - 2.508 милијарди $
Расходи - 2.487 милијарди $
Дефицит - 2,6% (2006)


Стопанство

Енергија

  • Електрична енергија-производство: 5.935 милијарди кWh (2006 година)
  • Електрична енергија-производство по ресурси:
    • фосилно гориво: 80,7%
    • водни: 18,3%
    • друг вид: 1% (2006 година)
  • Електрична енергија-потрошувачка: 8.929 милијарда кWh (2006 година)
  • Бензин-потрошувачка: 23,000 bbl/ден (2006 година)

Енергетски сектор

  • Република Македонија има потенцијал за самостојно снабдување со електрична енергија.
  • Околу 80% од потребната енергија се обезбедува со домашно производство, од термоцентралите и хидроелектричните централи.
  • Електростопанство на Македонија (ЕСМ) е самостојно јавно претпријатие одговорно за производство, пренос и дистрибуција на електричната енергија.
  • ЕСМ е во фаза на реструктуирање и пред приватизација.
  • Вкупните производни капацитети на ЕСМ (Електростопанство на Македонија) се состојат од околу 1500 mW од кои околу 1/3 се лоцирани во хидроцентралите, било да се тоа големи или мали централи, додека останатите 2/3 од капацитетите се во термоцентралите.
  • РЕК Битола со своите 3 ч 225 mW претставува најголем и високо концентриран извор на електрична енергија во државата.
  • Главната преносна мрежа се состои од 400 kV, 220 kV и 110 kV водови низ целата земја.
  • Дистрибуцијата на енергијата се остварува преку 28 засебни целини (подружници), од кои "Електродистрибуција Скопје" има доминантно место со речиси 33% од целокупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија.
  • Исто така, важно е да се напомене дека ЕСМ има околу 650.000 корисници.
  • Нафтоводот помеѓу Скопје и Солун е веќе изграден, а гасоводот за пренесување на рускиот природен гас од бугарската граница до Скопје е во изградба.

Реализацијата на проектот за изградба на термоелектрични централи за гас со комбиниран циклус на ко-производство на електрична енергија и енергија за затоплување во Скопје е во тек.

Инфраструктура

Северна скопска обиколница Е65 / М-4

Сообраќај

Патен сообраќај

Моменталната вкупна должина на патната мрежа во Македонија изнесува 10.600 km:

  • 6.830 km или 64,5% од неа се локални патишта
  • 2.820 km или 26,5% се регионлни патишта, а
  • 950 km или 9% се автопати.

Должината на модерните патишта е 5.100 km.

Најзначаен автопат е меѓународниот автопат E-75. Започнува во Остенд - Белгија, поминува преку Брисел - Нирнберг, Виена - Будимпешта - Белград - Солун до Атина во Грција. Вкупната должина во Македонија изнесува 201 km. Поминува низ централниот дел на земјата, по должината на реката Вардар, и претставува главна артерија на патната мрежа на земјата.

Железнички сообраќај

  • Должината на постоечките железнички линии е 920 km, со 168 железнички станици.
  • Со соседите е поврзана по железнички пат со Грција и Србија, додека пак во тек е изградба на пруга кон Бугарија од 1999.

Железничкиот сообраќај во Македонија е во целосна надлежност на Македонски Железници

Воздушен сообраќај

Телекомуникации

- Dial-up пристап преку PSTN со брзина од 56кb/s
- Пристап преку ISDN мрежа со 64 kb/s или 128kb/s
- Пристап преку pre-paid картичка
- Пристап преку изнајмени линии
- Broadband пристап преку АДСЛ и кабелски интернет

Македонија е татковина на најмалиот 8 годишен професионалец за информатичка технологија. Марко Чаласан, според светките медиуми, е голем генијалец и феномен кој на својата 8 годишна возраст се здобил со врвни сертификати од Мајкрософт.[3]

Политика

Односи со ЕУ

Република Македонија во моментов има Статус на Кандидат за земја членка на Европската Унија. Хронологијата на односите помеѓу Македонија и ЕУ, датира уште од 1992 година кога првиот претставник на Република Македонија е назначен во Брисел. Во моментов Република Македонија исчекува да отпочне преговори за полноправно членство во ЕУ.

Евро-атлански асоцијации

Исто така Република Македонија е кандидат за влез во НАТО и се очекува поканата да се добие на следниот НАТО самит во Букурешт во 2008 година

Спор за уставното име на Република Македонија

Поради притисоци на Република Грција (политички, економски, културни, ...), државата е примена во Обединетите Нации под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) [1], иако е признаена под нејзиното уставно име од 114 земји членки на ОН меѓу кои и постојаните членки на Советот за безбедност: Соединетите Американски Држави, Кина, Русија; членките на ЕУ: Полска , Словенија и Бугарија; а од соседството: Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција итн.

Галерија

Видете исто така

Референци

  1. „Законот за јазиците изгласан во Парламентот“. macedoniaonline.eu. 2008-07-26. Посетено на 2008-07-27. Користејќи ги Бадентеровите принципи, Парламентот го изгласа законот за употреба на јазиците кој ги засега сите етнички групи во Македонија. Законот не дозволува употреба на албанскиот или било кој малцински јазик како втор официјален јазик на територијата на Македонија.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Предлошка:Цитирана веб страница
  3. http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/macedonia/4275150/Boy-8-becomes-youngest-IT-professional.html

Надворешни врски

Влада

Историја

Туризам


Меѓународни организации


Одредници од Македонија
 Косово  Косово  Србија
 
 Бугарија
 Албанија
С
З И
Ј
 Бугарија
 Албанија  Грција
 
 Грција