Рембрант: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Менува: cs:Rembrandt |
с Бот Додава: yo:Rembrandt |
||
Ред 165: | Ред 165: | ||
[[war:Rembrandt]] |
[[war:Rembrandt]] |
||
[[yi:רעמבראנדט]] |
[[yi:רעמבראנדט]] |
||
[[yo:Rembrandt]] |
|||
[[zh:伦勃朗]] |
[[zh:伦勃朗]] |
||
[[zh-min-nan:Rembrandt van Rijn]] |
[[zh-min-nan:Rembrandt van Rijn]] |
Преработка од 22:51, 28 ноември 2009
Рембрант Херменсзун ван Рејн | ||
Податотека:Rembrandt van rijn-self portrait.jpg | ||
Роден | Rembrandt Harmenszoon van Rijn 15 јули 1606 Лејден, Холандија | |
---|---|---|
Починал | 4 октомври 1669 Амстердам, Холандија | |
Занимање | сликар | |
Сопружник | Саскиа Хендрикје (неформално) | |
Татко | ||
Родители | Harmen Gerritsz van Rijn and Neeltgen Willemsdr van Zuytbrouck | |
Деца | Rumbartus, Hendrickje, Titus, Cornelia, Cornelia |
Рембрант Херменсзон ван Рејн (холандски: Rembrandt Harmenszoon van Rijn) (15 јули, 1606 или 1607– 4 октомври, 1669) се смета за најбитниот холандски сликар и еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста. Рембрант исто бил умешен печатар и нацртал многу цртежи. Неговите допринеси во уметноста се случиле за време на Холандското Златно доба (за време на 17 век) кога холанѓаните го достигнале зенитот на нивната моќ низ светот, нивното политичко влијание, наука, трговија и култура (особено во сликарството).
Во биографскиот речник Чемберс пишува: „Ниеден уметник немал толкава комбинација на способности, енергија и сила“. „Неговиот однос спрема човештвото е полн со хумана симпатија и емоции“ (Џ. О. Торн: 1962).
Творештво
Единственото познато објаснување од самиот Рембрант за што тој се обидувал да постигне со неговата уметност е пронајдено во писмо кон еден од неговите патрони. Во него Рембрант напишал: „најдоброто и најприродното движење“ (на холандски „die meeste ende di naetuereelste beweechgelickheijt“). Дали тоа се однесува на материјална цел или нешто друго е оставено отворено за интерпретација. Во секој случај, Рембрант беспрекорно ги составувал материјалното и духовното како ниеден друг уметник во западната уметност.[1].
Рембрант создал повеќе од 600 слики, 300 графики и 2.000 цртежи. Тој бил мошне продуктивен сликар на авто-портрети и создал скоро стотина (вклучувајќи и 20 графики) низ неговата долга кариера. Овие авто-портрети ни даваат мошне јасна слика за Рембрант, неговиот изглед и уште побитно, неговото битие што може да се осознае во неговото разбраздено лице.
Битни карактеристи на творештвото на Рембрант се: киароскуро, техника на користење на драматичен контраст на светло, сенки и темница која што Рембрант ја адаптирал од техниката на Караваџо; драматично и живо претставување на неговите субјекти без крута формалност која што била типична за тогашните сликари; длабоко сочувство за човекот без разлика на човековата старост и имотна состојба.
Во неговите дела кои често биле со митолошка, библиска или историска тематика, Рембрант често ја насликувал најблиската фамилија: неговата прва жена Саскиа, синот Титус и неговата неформална жена Хендрикје.
Извори
- Hughes, Robert (2006), "The God of Realism", The New York Review of Books (Rea S. Hederman) 53 (6)
Надворешни врски
„Rembrandt“ на Ризницата ? |
- Рембрант ван Рејн во „Историја на Уметноста“
- Четврт Амстердамски Период
- Прв Амстердамски Период
- Рембрант ван Рејн во галерија на Олга 192 големи слики
- Рембрант ван Рејн: Живот и Дело детаљни информации за големиот холандски сликар Рембрант ван Рејн со повеќе од 500 слики во висока резолуција од неговите насликани дела, графики, цртежи и авто-портрети
- Куќата на Рембрант во Амстердам
- Рејк музејот во Амстердам
- Рембрант компјутерски тапети Најразлични дела на Рембрант во форма на компјутерски тапети во висока резолуција
- Artcyclopedia има долга листа на музеи кои ги изложуваат делата на Рембрант.
- Истражувачки проект за Рембрант
- Избор на слики од Рембрант
- Веб Музеј Париз: Многу слики на Рембрант скенирани во висока резолуција
- Архива седум слики во висока резолуција
- УК Беркли Уште една колекција на слики
- Авто-портрети
- Разглобување на погледот на Рембрант
- Рембрант ван Рејн, Сите Врски
- Уметничка Веб Галерија Авто-портрети во хронолошки ред.
- Rembrandt.startpagina.nl
- ↑ Hughes 2006, стр. 6 .