Мале: Разлика помеѓу преработките

Координати: 4°10′N 73°30′E / 4.167° СГШ; 73.500° ИГД / 4.167; 73.500
Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: be-x-old:Мале
с Бот Додава: yo:Malé
Ред 170: Ред 170:
[[vi:Malé]]
[[vi:Malé]]
[[war:Male]]
[[war:Male]]
[[yo:Malé]]
[[zh:馬累]]
[[zh:馬累]]

Преработка од 21:08, 28 ноември 2009

Мале Мале

Островот Мале од запад со Халхуле во позадина
Податоци
Припаѓа на Единицата на глацвниот град
Координати 4°10′N 73°30′E / 4.167° СГШ; 73.500° ИГД / 4.167; 73.500
Површина 5.798 km²
Население 103,693 (2006)

Мале (малдивски: މ ާ ލ ެ), (се изговара: „Маале“) е главен град и најголем град (во однос на населението) во Република Малдиви. Во градот живеат 103.693 (2006). Градот се наоѓа во јужните делови од атолите Кафу, на истоимениот осторв Мале. Градот е дел од административната поделба на Малдивите. Според традицијата. градот е кралот на островот, каде што античката малдивска кралска династија владеела и каде што се наоѓала палатата. Низ историјата, градот бил нарекуван и Махал. Порано, градот бил ограден со ѕидини и порти („дороши“). Кралскиот дворец („Гандувару“) бил уништен заедно со живописни тврдини („коте“) и бастиони („бурузу“), кога градот бил обновен, во времето на претседателот Ибрахим Насир, по укинувањето на монархијата. Во последните години, островот значително се проширува, со помош на активностите за проширување на копното.

Етимологија

Поглед во населба во Мале

Името „Мале“ е земено од зборот „Махалај“, кој има потекло од санскрит. Името е добиено од „маха“, што значи „голема“ или „големи“ и „алај“, што значи „куќа“. Општо, зборот „махалај“ се користи за дворецот на царот или капиталот (царскиот остров остров) во санскрит (на пр. махалај на кралот Ашик).[1] Сепак, според народната приказна, потеклото на името е различна.

Според народната приказна, целата група на острови, Малдиви, е именувана според нејзиниот капитал. Зборот „малдиви“ значи „островот (нурнат) на Мале“.[2]

Историја

Градот Мале е повеќе од 800 години центар на островската држава Малдиви. Од неодамна, порастот на населението и зголемувањето на важноста на островот доведе до тој степен, што се јави потребата од вештачко зголемување на површината. Околу една четвртина од земјиштето на островот е создадено со современите мерки на мелиорација. Според прописите, секоја града којашто се гради во Мале не смее да биде повисока од главната џамија, наречена „Петочна џамија“. Животот на главниот остров отсекогаш била сосема во спротивност со смиреноста, која доаѓа од другите острови.

Во 2004, островот Мале беа погодени од цунами, кои причинија големи штети и однесоа десетици човечки животи.

Територијална поделба

Градот е поделен во шест градски единици, од кои четири се на островот Мале: Хенвеиру, Галолху, Маафану и Махханголхи. Блискиот остров на Вилингили, поранешно туристичко место, а пред тоа затвор се наоѓа во петтата населба Вилимале. Шестата единица е Хулхумале, која се наоѓа на вештачки остров, населен од 2004 година. Покрај тоа. островот Хулхуле, на кој се наоѓа аеродромот Мале е дел од градот. Има планови за изградба на пристаниште на островот Гулхи Фалу.[3]

Nr. Division Area
(ha)
Population
Попис 2006
Население
Густина
координати Забелешки
1 Хенвеиру 59.1 23,597 39,927.2 04°10′37″S 73°30′48″E / 4.17694° ЈГШ; 73.51333° ИГД / -4.17694; 73.51333 (Henveiru) Остров Мале
2 Галолху 27.6 19,414 70,340.6 ... Остров Мале
3 Махханголхи 32.6 19,580 60,061.3 ... Остров Мале
4 Маафану 75.9 29,964 39,478.3 ... Остров Мале
1-4 Мале 195.2 92,555 47,415.5 04°10′28″S 73°30′34″E / 4.17444° ЈГШ; 73.50944° ИГД / -4.17444; 73.50944 (Malé) Остров Мале
5 Вилимале 31.8 6,956 21,874.2 ... Остров Вилингили
6 Хулхумале 200.9 2,866 1,426.6 ... вештачки остров
- Хулхуле 151.9 1,316 866.4 ... аеродромски остров
- Gulhi Falhu - - - ... планиран пристанишен остров
  Malé (city) 579.8 103,693 17,884.3 04°10′28″S 73°30′34″E / 4.17444° ЈГШ; 73.50944° ИГД / -4.17444; 73.50944 (Malé)  

Инфраструктура

Улица во Мале
„Паркот на султанската градина“

Во Мале се наоѓаат главните болници и сите средни училишта во островската земја. Градот е седиште и на владините агенции и на самата владата. Дури и седиштето на безбедносните сили на Малдиви, кои немаат војска се наоѓа во Мале. Градот претставува трговски и економски центар на земјата, а градското пристаниште речиси секогаш е преполно.

Снабдувањето со електрична енергија во Мале се обезбедува, како и во остатокот на Малдивите. Државната компанија STELCO, којашто работи со инсталиран капацитет од 35 мегавати и е најголема термоелектрана во Малдивите го врши снабдувањето. Електрична енергија се произведува со користење на дизел генератори, кои трошат 115.000 литри дизел на ден.[4]

За водоснабдување и канализација на главниот град е одговорна компанијата Male' Water & Sewerage Company. Водата се пумпа од длабочина од 50-60 метри и се прочистува со обратна осмоза, се отсолува и потоа се меша со хлор за да се зголеми рокот на траење. Одвојувањето се врши без фабрика за преработка на отпадни води директно во морето. Отпадот во Мале го собира државната компанија Waste Management Section, која го носи отпадот на вештачкиот остров Тилафуши, каде што се користи за полнење и на тој начин се врши мелиорацијата.[5]

Аеродром Мале

Островот Хулхуле, каде што денес се простира меѓународниот аеродром Мале, некогаш бил густо пошумени остров. Овој остров бил поврзан со вториот, по завршувањето на изградбата на пистата во 1966 година. Во последните години имаше планови за замена на земјата на пистата. Островот Хулхуле се наоѓа на околу 1,5 километри од Мале.

Знаменити џамии

Податотека:Malé Mosque.JPG
Исламскиот центар, во чии рамки се наоѓа Петочната џамија

Од трите најбави џамии во Малдиви, две се наоѓаат во Мале:

  • „Хукуру Мискиј“ е една од страна на еден од најпознатите и најхаризматични владетели, султанот Ибрахим Искандар I во средината на 17. век.
  • „Петочната џамија“ со златна купола доминира во небото над Мале. Џамијата Асаари хуманаја Мискиј се наоѓа во џамија во северниот атол Ниландхо и потсетува на владеењето на првиот султан на островите во 12. век, кога населението го прифатило исламот. Денес, исламот е државна религија во земјата.

Видете исто така

Референци

Надворешни врски