Франсоа Купрен: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: pl:François Couperin Le Grand; козметички промени
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Infobox musical artist
{{Infobox musical artist
|Name = Франсоа Купрен<br />''François Couperin''
|Name = Франсоа Купрен<br />''François Couperin''

Преработка од 23:36, 17 ноември 2009

Франсоа Купрен
François Couperin
Животописни податоци
Родено имеФрансоа Купрен
Познат(а) и какоКупрен Великиот
Роден(а)10 ноември, 1668
Знаме на Кралството Франција
Знаме на Кралството Франција
Париз, Франција
Починал(а)11 септември, 1733
Знаме на Кралството Франција
Знаме на Кралството Франција
Париз, Франција
ЖанровиБарок
ЗанимањаКомпозитор
органист
чембалист
Насловна страна на Купреновата Дела за чембало, Книга Трета, 1722

Франсоа Купрен (фр. François Couperin) (10 ноември, 166811 септември, 1733) бил француски барокен композитор, органист и чембалист. Познат и како „Купрен Великиот“ (Couperin le Grand) како би се разликувал од другите истакнати членови на неговото музички надарено семејство Купрен.

Живот

Франсоа Купрен е роден во 1668 во Париз. Учел кај татко му, Шарл Купрен, кој починал кога Франсоа имал 10 години, па потоа учел и кај Жак Томлен. Во 1685 станал органист во црквата Св. Жерве, Париз, место кое го наследил од татко му, па го предал на братучед му, Никола Купрен. Во подоцнежните години други членови од семејството исто така го наследуваат ова место. Во 1693 Купрен го наследува неговиот учител Томлен како органист во Кралската капела со титула „Органист на Кралот“. Ова бил Кралот-Сонце, Луј XIV.

Во 1717 Купрен станал дворски органист и композитор, со титула ordinaire de la musique de la chambre du Roi. Со неговите колеги, Купрен приредувал неделни концерти, обично во недела. Многу од овие концерти биле во форма на свити за виолина, виола да гамба, обоа, фагот и чембало, на кое тој бил виртуоз.

Купрен го признавал својот долг кон композиторот Арканџело Корели. Тој ја вовел Корелиевата трио соната форма во Франција. Великата трио соната на Купрен била со поднаслов Le Parnasse, ou l'Apothéose de Corelli („Парнас, или Корелиевата апотеоза“). Во неа Купрен ги комбинира италијанскиот и францускиот музички стил во збир дела наречени Les Goûts réunis („Здружени стилови“).

Неговата најпозната книга, L'Art de toucher le clavecin (Уметноста на свирењето чембало, обј. 1716), во кој има предлози за апликатури, допир, орнаментација и другиелементи на клавијатурната техника. Оваа книга извршила влијание врз Ј.С. Бах. Бах го презел овој апликатурен систем за чембало, заклучно со употребата на палецот.

Купреновите четири тома на музика за чембало содржат повеќе од 230 поединечни дела, кои можат да се свират на соло чембало или пак камерно. Овие композиции им станале драги и сакани на композиторите како Ј.С. Бах, Рихард Штраус, како и Морис Равел кој го овековечил нивниот композитор во своето дело Споменица за Купрен.

Многу од Купреновите дела имаат евокативни и сликовити наслови и изразуваат атмосфера преку изборот на клуч, авантуристички хармонии и дисонанци. Некои сметаат дека тие сличат на минијатрурни тонски поеми. Овие особености го привлекувале Рихард Штраус, кој има оркестрирано некои од нив.

Пијано-музиката на Јоханес Брамс била повлијаена од клавијатурната музика на Купрен. Брамс јавно ја изведувал Купреновата музика и учествувал цво првата потполна едиција на Купреновите Pièces de clavecin („Дела за чембало“) од Фридрих Крисандер во 1880-тите.

Како штѕо раномузичкиот експерт Жорди Савал забележал, Купрен бил „музичар-поет пар екселанс“. Тој сметал дека „способноста на Музиката (со големо М) да се изрази себеси во проза и поезија“. Верувал дека доколку навлеземе во поезијата на музиката, ќе откриеме дека таа е „поубава од самата убавина“.

Купрен Починал во Париз во 1733.

Наводи

  • Philippe Beaussant: François Couperin, превод од француски на англиски: Александра Ленд, Portland OR: Amadeus Press, 1990. ISBN 0-931340-27-6

Видете исто така

Медија

Надворешни врски