Сојуз на комунистите на Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Сојузот на комунистите на Македонија''' (СКМ) била македонска секција на [[Сојуз на комунистите на Југославија|Сојузот на комунистите на Југославија]], владејачката партија во [[СФРЈ|СФР Југославија]] во текот на нејзиното постоење. До април [[1952]] го носи називот Комунистичка партија на Македонија (КПМ).
'''Сојузот на комунистите на Македонија''' (СКМ) била македонска секција на [[Сојуз на комунистите на Југославија|Сојузот на комунистите на Југославија]], владејачката партија во [[СФРЈ|СФР Југославија]] во текот на нејзиното постоење. До април [[1952]] го носи називот Комунистичка партија на Македонија (КПМ).



Преработка од 15:38, 17 ноември 2009

Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ) била македонска секција на Сојузот на комунистите на Југославија, владејачката партија во СФР Југославија во текот на нејзиното постоење. До април 1952 го носи називот Комунистичка партија на Македонија (КПМ).

КПМ е основана на 19 март 1943 година во Тетово. Нејзиниот прв Централен комитет бил во состав: Лазар Колишевски (политички секретар), Мара Нацева (организациски секретар), Цветко Узуновски, Кузман Јосифовски - Питу, Страхил Гигов и Бане Андреев. Првиот конгрес на КПМ се одржал во 1948 година.

Со воведувањето на партискиот плурализам, СКМ го променил своето име во СКМ - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП) и под тој назив учествувала на првите повеќепартиски избори во Република Македонија во 1990 година. Истовремено, ја промениле својата комунистичка идеологија со социјалдемократска. На својот конгрес од април 1991 СКМ - ПДП го промениле своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, СДСМ. Мал дел од членството на СКМ-ПДП се отцепил од матичната партија и ја задржал комунистичката идеологија, или барем комунистичкото име.

Конгреси на СКМ (КПМ)

  • Прв конгрес 1948
  • Втор конгрес 1953
  • Трет конгрес 1959
  • Четврт конгрес 1963
  • Петти конгрес 1968
  • Шести конгрес 1974
  • Седми конгрес 1978
  • Осми конгрес 1982
  • Деветти конгрес 1986
  • Десетти конгрес 1989

Секретари на СКМ (КПМ)

  1. Лазар Колишевски (март 1943 - јули 1963)
  2. Крсте Црвенковски (јули 1963 - март 1969)
  3. Ангел Чемерски (март 1969 - мај 1982)
  4. Крсте Марковски (мај 1982 - 5 мај 1984)
  5. Милан Панчевски (5 мај 1984 - јуни 1986)
  6. Јаков Лазароски (јуни 1986 - 1989)
  7. Петар Гошев (1989 - април 1991)