Ерих Фром: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бришење на "Fromm1970.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на J.delanoy порад
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Без извори|датум=ноември 2009}}

[[Податотека:Fromm1970.jpg|thumb|right|Ерих Фром]]
'''Ерих Фром''' ([[23 март]] [[1900]] – [[18 март]] [[1980]]) беше светски познат [[психоанализа|психоаналитичар]], [[Хуманизам|хуманистички]] [[филозоф]] и [[демократски социјализам|демократски социјалист]].
'''Ерих Фром''' ([[23 март]] [[1900]] – [[18 март]] [[1980]]) беше светски познат [[психоанализа|психоаналитичар]], [[Хуманизам|хуманистички]] [[филозоф]] и [[демократски социјализам|демократски социјалист]].



Преработка од 03:14, 15 ноември 2009


Ерих Фром (23 март 190018 март 1980) беше светски познат психоаналитичар, хуманистички филозоф и демократски социјалист.

Ерих Фром ги започна своите студии во 1918 на Универзитетот во Франкфурт на Мајна со студии на право. За време на летниот семестар на 1919, Фром се префрли на Универзитетот во Хајделберг, каде што се префрли на социологија. Во 1922 беше промовиран во доктор на науки по социологија на Универзитетот во Хајделберг. Во 1930 ја комплетира својата психоаналитичка обука во 1930 на Психоаналитичкиот институт во Берлин. Истата година започна со сопствена клиничка практика и се приклучи на Франкфуртскиот институт за социјални истражувања. По преземањето на власта од страна на нацистите во Германија, Фром бега во Женева, а потоа, во 1934, во Њујорк, каде што почнува да работи на Колумбија универзитетот. По напуштањето на Колумбија, во 1943 помага во основањето на њујоршкиот оддел на Вашингтонската школа за психијатрија, а во 1945 на Институтот за психијатрија, психоанализа и психологија “Вилијам Алансон”.

Во 1950 Фром се преселува во Сјудад Мексико, каде што предава на Националниот автономен универзитет на Мексико и го основа психоаналитичкиот оддел на тамошниот Медицински факултет. Во 1965 се пензионира, а во 1974 се преселува во Муралто, Швајцарија. Таму и умира на 18 март 1980.

Политичка активност

Фром беше демократски социјалист според својата идеолошка ориентација и како таков се противеше како на западниот капитализам така и на источниот комунизам, залагајќи се за социјализам со човечки лик. Во средината на 50-тите стана и член на Социјалистичката партија на Америка.

Фром беше близок до марксизмот, но неговото толкување на марксизмот не беше на линија на ленинизмот, туку на линија на марксистичкиот хуманизам. Тој даде значителен придонес за запознавањето на западниот свет со хуманистичката димензија на учењето на Карл Маркс, објавувајќи во своето дело „Марксовиот концепт за човекот“ извадоци од раните трудови на Маркс.

Творештво

Ерих Фром е исклучително плоден автор. Негови позначајни дела се:

  • „Бегство од слобода” (1941)
  • „Човек за себе” (1947)
  • „Психоанализа и религија“ (1950)
  • „Здраво општество” (1955)
  • „Уметноста на љубовта“ (1956)
  • „Зен-будизмот и психоанализата“ (заедно со Д.Т. Сузуки и Ричард де Мартино) (1960)
  • „Марксовиот концепт на човекот“ (1961)
  • „Отаде оковите на илузијата: мојата средба со Маркс и Фројд“ (1962)
  • „Човековото срце” (1964)
  • „Револуција на надежта“ (1968)
  • „Анатомијата на човековата деструктивност” (1973)
  • „Да се има или да се биде” (1976).

Надворешни врски