Железница: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: mhr:Кÿртньыгорно
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Oostzijde Amsterdam CS.JPG|thumb|десно|300px|Железничка станица во [[Амстердам]].]]
[[Податотека:Oostzijde Amsterdam CS.JPG|thumb|десно|300px|Железничка станица во [[Амстердам]].]]



Преработка од 00:33, 15 ноември 2009

Железничка станица во Амстердам.

Железницата или железничкиот превоз е транспорт на патници и стоки по пруга.

Возилата што возат на пругата се распоредени во воз; серија на поединечни возила (со или без погон) поврзани заедно. Овие возила (најчесто наречени вагони или коли) се движат со многу помало триење од возилата што возат со гуми на поплочен пат, и како резултат, локомотивата што го влече возот многу поефикасно ја искористува енергијата.

Развој на железницата

Првата локомотива на Стивенсон 1814

Први железни вагони на шини се употребувале уште во 16 век во Германија и Англија за превоз на ископана руда, влечени од коњи. Англискиот инженер Џорџ Стивенсон (1781-1848) (George Stephenson) ја измислил првата парна локомотива во 1814 година. Можела со брзина на пешак да влече неколку рударски вагони. Со градбата на удобни патнички и товарни вагони, почнува развојот на железницата.

Првата јавна железница воспоставена е на 27 септември 1825 помеѓу Стоктон (Stockton) и Дарлингтон (Darlington) во Англија.

Железничкиот промет е многу значаен, но во последно време се намалува заради автомобилот, камионот и автобускиот сообраќај. После спората парна локомотива неминовна беше појавата на дизел и електрична локомотива, а како најголем дострел се возови на магнетни перници, надокнадуваќи ја со тоа брзината, ефикасноста, еколошкиот и економискиот ефект.

Историја на македонската железница

Првата железничка станица во Скопје

Првата јавна железница во Македонија воспоставена е на 9 август 1873 помеѓу Скопје и Солун.

Во 1888 година се спојува вардарската со моравската железница.

Во летото 1916 почнува со изградба линијата Ханриево (Ѓорче Петров) – Охрид преку Тетово, Гостивар, Кичево со крак према Струга и Ташмаруништа но пругата е теснолинејка наречена „пампур“ или „чајниче“ Во 1923 се поврзува пругата Генерал Ханрис (денешно Ѓорче Петров) – Охрид со Скопје односно пругата била продолжена од Ханриево до „Мала станица“ (наспроти денешна НИП Нова Македонија)

Железничка станица во Скопје градена 1937

Во 1937 година почнува изградбата на новата железничката станица во Скопје која трае 3 години. Во тоа време станицата во Скопје била една од најубавите на Балканот која имала огромен хол од 1000 м 2 со подземни премини и повеќе покриени перони.

1948 Пионерското вовче кое за само два месеци е трасирано почнува со возење низ градскиот парк од станицата "Стив Наумов", крај езерцето (денешната кафеана "Езерце") по течението на Вардар и неговите плажи па преку Ѓорче Петров до излетничкото место Сарај и крајната станица "Борка Талевски" во село Глумово покрај излетничкото место Матка.

Пампур - малата локомотива

Теснолинејката Ѓорче ПетровКичево почнува да се демонтира 1948 и е заменета со нормален колосек но во две фази првата фаза до Гостивар е завршен на 25 мај 1952 година а вториот дел до Кичево во 1969 година а делот до Охрид останува само како проект.






Видете исто така

Оваа статија е дел
од темата Транспорт
Средства и начини...

Бродски
Воздухопловство
Железнички
Животински-придвижуван
Патен
Човечки-придвижуван

Поврзано...
Теми | Портал