Евлија Челебија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ja:エヴリヤ・チェレビ
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Слика:evlija celebija.jpg|thumb|right|200px|Евлија Челебија]]
[[Слика:evlija celebija.jpg|thumb|right|200px|Евлија Челебија]]
'''Евлија Челебија''' ([[тур.]] ''Evliya Çelebi'') е еден од најславните [[Отоманска империја|отомански]] патеписци, кој патувал низ териториите на [[Отоманска империја|Отоманската империја]] и околните земји во период од четириесет години. Патеписите на Челебија се особено значаење за [[историографија]]та на разните градови во [[Република Македонија|Македонија]], бидејќи истите даваат увид во нивниот изглед, дух и локалниот начин на живот во тоа време, кој инаку би го немале.

Преработка од 00:00, 15 ноември 2009

Евлија Челебија

Евлија Челебија (тур. Evliya Çelebi) е еден од најславните отомански патеписци, кој патувал низ териториите на Отоманската империја и околните земји во период од четириесет години. Патеписите на Челебија се особено значаење за историографијата на разните градови во Македонија, бидејќи истите даваат увид во нивниот изглед, дух и локалниот начин на живот во тоа време, кој инаку би го немале.

Челебија е роден на 25 февруари, 1611 во Истанбул како син на дворски јувелир. Како таков тој се стекнува со одлично образование. По првичните тури низ Истанбул во кои прави белешки за згради, пазари, обичаи и култура, во 1640 Челебија првпат патува вон градот. Неговата збирка белешки од сите негови патувања е сместена во десет тома и е наречена Сејахатнаме („Книга на патешествијата“ или „Патепис“). Иако многу од описите му се прилично претерани, неговите белешки се општоприфатени како водич низ културните аспекти и начинот на живеење во Отоманската империја во XVII век. За жал неговите патешествија никогаш никаде не се преведени и издадени во целост. Ова е случај и во Македонија.

Евлија Челебија починал во Истанбул во непозната година.

Посета на Македонија

Челебија посетил разни места во Македонија за кои оставил детални записи. За старата скопска чаршија при неговата посета на Скопје во 1660-61 тој напишал:

"Таа [чаршијата] брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Алеп."

Во негова чест е именувана улицата Евлија Челебија во Скопје.

Надворешни врски