Адам Смит: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: an:Adam Smith
с Бот додава Шаблон: Без извори
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[Податотека:AdamSmith.jpg|мини|десно|200п|Адам Смит]]
[[Податотека:AdamSmith.jpg|мини|десно|200п|Адам Смит]]



Преработка од 06:43, 14 ноември 2009

Адам Смит

Адам Смит (анг: Adam Smith, 1723-1790) бил британски политички економист и филозоф. Автор е на прочуената Богатството на народите: Иследување на неговата природа и причини (1776), која е еден од првите обиди за разгледување на историското развивање на индустријата и трговијата во Европа. Овој труд е особено важен за научната дисциплина економија и е една од најизвестните прегледи во поткрепа на слободната трговија, капитализмот и либерализмот. Адам Смит е еден од најзначајните претставници на англиската класична политичка економија.

Биографија

На околу 14-годишна возраст се запишал во универзитет. Учeл философија најпрвин во Глазгов, потоа на Оксфордскиот универзитет (1740-1746). Големо влијание врз кариерата на Адам Смит имаат Френсис Хатчесен (1694-1746) и Дејвид Хјум (1711-1776). При враќањето си во Шкотска во текот на 1751 бил назначен за раководител на катедрата „Логика“ во Глазговскиот универзитет. Во 1752 ја добил и катедрата „Морална филозофија“ и така станал приемник на Хатчесен. Лекциите му опфаќале теми од етиката, реториката, правната наука и политичката економија.

Дело

Првата книга на Смит, која му донасела известност, е Теорија на моралните чувства (1759). Смит оваа книгата ја смета за свој основен труд, за кое последните години од неговиот живот ги посветува повторно на овој труд. Во 1764 го напуштил Глазговскиот универзитет и станал педагог на младииот херцеговец Баклу. Заедно сo младиот благородник тој отишол да учи две години во Европа (1764-1766) односно во Франција, каде Смит се запознал со Франсоа Кене. По враќањето си во родната Шкотска започнал со работа по Богатството на народите: Иследување на неговата природа и причини (1776). (eng: "An Inquiry Into the Nature and Causes of the Wealth of Nations"). Во 1778 година бил назначен за царинар. Умира на 17 јули 1790 година во Единбург.

Докажување

За да еден понудувач на пазарот постигне успех во сопствен интерес му е да, на својата сопствена конкуренција да понуди нешто што тие тоа нешто ќе го сметаат како против вредно, кое нешто ќе му помогнат на конкурентот за создавање на други интереси.

Адам Смит е голем заговорник и подржувач на слободната трговија како во унитарните земји така и во меѓународната трговија. Неговото дело всушност претставува напад на тогашните концепти на меркантелизмот, според кои најважна цел на еден народ во една земја е количеството на злато кое се наоѓа во сопствените трезори и според која државата е должна да прави трговски биланс. Тој докажал дека таквиот концепт доведува до преоптерување на економската стабилност на една земја.

Адам Смит ја негира секоја задача и улога на државата. Тој верува дека една држава би можела да донесе голема корист за една држава за развој на нејзината економија доколку ги работи “стварните“ проблеми на таа држава, како што се заштита на договорните дела и патентите, државно образование за сиромашните и создавање на што е можно повеќе инфраструктурни проекти( патишта, мостови, тунели и сл).


Предлошка:Link FA