Тоше Проески: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vekip8 (разговор | придонеси)
с Откажано уредување 782117 (автор: Flix | Разговор)
Vekip8 (разговор | придонеси)
с Откажано уредување 782116 (автор: Flix | Разговор)
Ред 242: Ред 242:
*[[2008, DVD Toše Proeski - Live 2007, Beogradska Arena]]
*[[2008, DVD Toše Proeski - Live 2007, Beogradska Arena]]
*[[2009, The hardest Thing]] [post mortem]
*[[2009, The hardest Thing]] [post mortem]



Боже анѓели од небо прати тој нема да се врати боже лувајго од зло тој нема никој свој БОЖЕ ЧУВАЈ ГО ОД ЗЛО


== Најголеми хитови ==
== Најголеми хитови ==

Преработка од 17:47, 14 октомври 2009

Тоше Проески
Основни податоци
Родено имеТодор Проески
Познат(а) и какоТоше
Жанр(ови)Поп
македонска народна музика
класична музика
Рок
Занимање/њаПејач, композитор, изведувач на гитара, текстописец
Години на активност1996–2007
Мрежно местоТoseProeski.info

Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 - 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Умира на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост [1].

Биографија

Рани години

Тоше на детскиот фестивал Златно славејче - Скопје, 1992 година

Првите почетоци на музички план Тоше Проески ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал „Златно Славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“ испеана на влашки јазик. Тоше Проески ја започнува својата музичка кариера на фестивалот “Мелфест” каде во 1997 година победува со изведбата на Yesterday на Битлси. Истата година учествува и на “Макфест” со композицијата “Пушти ме". Тоше работи со еден од најпознатите македонски композитори и текстописци Григор Копров, соработка која ќе му донесе два од најголемите хитови Усни на усни и Сонце во твоите руси коси. Во 1999 година го издава својот деби-албум "Некаде во ноќта" кој содржи единаесет песни. Летото истата година, Тоше го одржува својот прв концерт, кој, и покрај дождот и лошото време, останува незаборавен за неговите обожаватели.

Во 2000 година Тоше учествува на “Скопје Фест” (од каде се избира македонскиот претставник на Евровизија) со песната "Солзи прават златен прстен" која, и покрај тоа што победува на теле-воутингот, на крајот го освојува третото место, зад Каролина Гочева и победнициите XXL. Во овој период почнува да ги снима и песните за својот втор албум “Синот Божји" кој е промовиран во јуни 2000 година. Албумот ќе даде голем број хитови во опусот на Тоше, како "Немир" (дует со Каролина Гочева), "Во коси да ти спијам", "Излажи ме уште еднаш", како и "Илузија" и "Тајно моја", две песни компонирани од Кире Костов, (со втората го освојува второто место на фестивалот "Сунчане скале" во Херцег Нови, Црна Гора).

Српската продукциска куќа “BK Sound” ги откупува правата за издавање на следниот албум на Тоше на просторот на поранешна Југославија, што пак ќе резултира со Оскар на популарноста на просторот на поранешните југословенски републики за 2000 година, како и со целосно распродани концерти во Скопје и Белград. Во 2001 година Тоше, заедно со неколку други македонски пејачи, отпочнува турнеја низ Австралија.

Ѕвездена слава

Откако минува одредено време заедно со својата нова менаџерка Лилјана Петровиќ снимајќи во студио во Атина, Грција, Тоше го пушта во продажба својот трет албум "Ако ме погледнеш во очи" на македонски и српски јазик. Следи период на интензивна промоција во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Во април 2003 година, Тоше победува на фестивалот "Беовизија" со песната "Чија си" која станува огромен хит во поголем дел од балканските републики.

Со цел да го подобри своето пеење, Тоше оди на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њуjорк кој е в својата кариера е и учител на Лучијано Павароти. По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низ Македонија. Ја добива Хуманитарната награда Мајка Тереза а во 2003 година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор.

Следната година МРТВ го избира Тоше за претставник на Евровизискиот настап кој се одржува во Истанбул, Турција. Во февруари, со помош на теле-воутинг, жири и лично мислење, избрана е песната Ангел си ти. Во април Тоше го издава албумот "Ден за нас", двојно це-де на кое се сместени осумте песни изведени на изборот за песна на Евровизија. Следниот месец, Тоше го освојува 14тото место со песната "Life", англиската верзија на “Ангел си ти”. Пред изборот, станува омилена личност меѓу репортерите, преку демонстрација на неговите инзворенди оперски квалитети на прес-конференциите.

Во 2004 година, именуван е за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја снима песната За овој свет која има и англиска верзија - This World и која станува химна на УНИЦЕФ. Тоше потпишува договор со Dallas Records за издавање на неговиот следен албум во Хрватска и Словенија. Тоше ја снима “Krajnje Vreme” со словенската пејачка Ања Рупел. Во 2005, неговиот петти албум “По тебе” е издаден низ целата територија на поранешна Југославија. По тебе е сѐ уште еден од најуспешните албуми било кога издадени на Балканот - неколку недели останува на врвот на листите во Република Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Сингловите од овој албум пак, со месеци се задржуваат на највисоките места на музичките топ листи во овие земји.

Неговиот следен албум - Божилак - е компилација на 14 избрани македонски народни песни пропратени од симфониски оркестар. Во 2007 година, Тоше го издава и Игри без граници - неговиот последен албум.

Неговиот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти) оддржан на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.

Композитор и текстописец

Тоше Проески исто така се потврдува и на полињата на компонирањето музика. Има напишано неколку песни за себе - Има ли ден за нас?, Слушаш ли?, Малечка и Полско цвеќе. Во 2004, Проески ја компонира и Муза - голем хит за Мартин Вучиќ и наслов на неговиот следен албум. Во едно интервју, Тоше има речено дека има повеќе од 100 искомпонирани и напишани песни за кои чека прав момент за да ги издаде.

Супер Тоше

Борба против злото, елиминација на непријателите, победа на доброто беа главните црти на стрипот „Супер Тоше“, во кој главниот јунак беше правен според ликот на Тоше Проески. „Супер Тоше“ беше првиот стрип во државава во кој главен протагонист беше популарниот пејач, а сето тоа беше дел од хуманитарната кампања која се одвиваше под мотото „Суперхерој на хуманоста“.

„Во стрипот ги вметнавме сите доблести и карактеристики на Тоше за да изградиме фиктивен суперхерој, кој се надеваме ќе прерасне во идол на младите. Тоше е идеализиран, но на тој начин сакаме да им дадеме верба на младите за победа на доброто над злото“, изјави своевремено Оливер Ромевски, автор на „Супер Тоше“. Задачата на Тоше воопшто не беше лесна. Тој како оружје го имаше својот суперглас со кој се обидуваше да го елиминира злото и да ги победи непријателите, меѓу кои предничеше Мистер Пират, главен во пиратеријата во целиот свет, шверцот со деца, криминалците со дрога и оружје...“

Згодите и незгодите на Супер Тоше беа стокмени на 32 страници во црно-бела техника, а на дел од нив беше сместено и интерактивното катче Супер Тоше фан-клуб, како и хуманитарните содржини наменети за оние што имаат потреба од помош.

Победа на Беовизија

На 13 април 2003 година, Тоше Проески победи на првата Беовизија (фестивал на кој од 2004 година се избира српско-црногорскиот, а од 2007 само српскиот претставник на Евровизија). Тоше на Беовизија настапи со песната Чија си, на авторскиот тандем Леонтина Вукомановиќ и Жељко Јоксимовиќ, која на крајот имаше вкупно 75 поени, што беше дури за 29 гласа повеќе од второпласираната композиција.

Значењето на победата на Тоше беше голема пресвртница и значаен момент во неговата кариера, особено поради тоа што на фестивалот настапија мошне популарни екс-југословенски ѕвезди, а во стручното жири членуваа истакнати музички дејци. Искачувајќи се на сцената, уште еднаш да ја отпее победничката песна, Тоше Проески не пропушти прилика да ја спомне својата земја, истакнувајќи дека би било убаво доколку Македонија или СЦГ во 2005 ја организираат Евровизија.

Песната Чија си стана еден од најголемите хитови што Тоше ги испеа во целокупната кариера, песна која заедно со Тајно моја ја лансираше македонската мегаѕвезда директно во редот на најпопуларните изведувачи кај нашиот северен сосед и пошироко.

Тоше Проески на Еurovision Song Contest 2004

На 49-тото издание на Изборот за песна на Евровизија, Македонија ја претставуваше нејзината најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше се претстави со песната Life, која всушност беше преработена верзија на оригинално избраната Ангел си ти.

Оваа песна беше избрана на 14 февруари 2004 година, во конкуренција со уште седум други песни од еминентни музички имиња, напишани специјално за Тоше.

Инаку, музиката и аранжманот на песната Ангел си ти се на Јован Јованов, а текстот на Илија Николовски. Оваа композиција беше убедливо најдобра, како според телевоутингот, така и според 11-членото жири, а најмногу му се допадна и на самиот Тоше.

На Изборот за песна на Евровизија, Тоше со својата моќна и енергична изведба како и со придружните вокали кои направија артистично шоу на сцената, успеа да се пласира од полуфиналната на финалната вечер. На финалната вечер, со освоени 47 поени се пласираше на 14-тото место.

Иако Тоше не беше задоволен од својот пласман, поради познатата соседска размена на гласови, како и поради самиот евровизиски концепт кој не бара врвни пејачки квалитети, туку акробации и жонглирање на сцена, сепак Македонците достојно ја пречекаа својата ѕвезда при враќањето од Истанбул во толкава бројност и толкава еуфорија, исто како Тоше да победил на Евровизија.

Вториот голем концерт на Градски стадион

На 23 јуни 2006 година се случи вториот голем солистички концерт на Тоше, на Градскиот стадион. Спектакуларниот концерт започна со атрактивна танчерска група од Белград и во ритамот на придружниот состав на Тоше, Blue Funky Individuals. Воведните стихови на огромниот хит По тебе ветуваа дека журката на Градски ќе биде незаборавна.

Легендарната Јужна трибина беше преполна, како и тревникот пред бината, што уште повеќе го мотивираше Тоше да го даде својот максимум. Се редеа хитовите од албумот По тебе: Рани на усните, Громови на душа, Кој ли ти гризе образи, Полско цвеќе..., како и песните од претходните изданија: Во коси да ти спијам, Лејди, Излажи ме, Сонце во твоите руси коси, Далеку од мене, Ангел си ти... Секоја од нив беше прифатена еуфорично.

Некаде на половината на концертот, на сцена се појави етно пејачката Биља Крстиќ, која во дует со Тоше ја испеа Јовано, Јованке, а додека Тоше се пресоблекуваше, Биља ја почести публиката со својот голем хит Пуче пушка од филмот Зона Замфирова. Со неверојатна енергија, Тоше беше брилијантен и во другиот дел од концертот, кој официјално заврши длабоко по полноќ.

На бисот уште еднаш ја отпеа По тебе, како и Зајди,зајди. Веднаш после концертот Тоше замина за Будва.

Концерт во Белградска Арена

Нa 14 февруари 2007 година, Тоше одржа спектакуларен концерт во српската престолнина - Белград. На неговиот концерт присуствуваа помеѓу 15 и 20 илјади луѓе од сите генерации. Концертот се одржа во Белградската Арена, најубавата сала за концертни, културни и спортски активности на Балканот.

За концертот на Тоше, српските медиуми известуваа неколку дена претходно, респектирајќи го како голем и централен настан во српската метропола. Тоше со своето тричасовно шоу успеа да го докаже тоа. Тој го започна концертот со песната Пратим те (македонска верзија По тебе), а потоа се изнаредија сите негови хитови од српската фаза на неговата кариера, со исклучок на Тајно моја, која публиката на течен македонски ја испеа хорски, од прв до последен збор.

"Ова е најсреќен ден во мојот живот. Првпат ми се случува концертот кој уште да не е почнат, јас се плашам дека ќе заврши" - рече Тоше по неколку испеани песни. На одличен српски јазик, Тоше без проблем комуницираше со својата публика како никогаш до сега. Ерупција од задоволства настана кога најпрво им го честиташе православниот празник Св. Трипун, па интернационалниот Св.Валентин. Фидбекот постојано се враќаше од другата страна, оти фановите ги знаеја сите песни напамет.

Како што забележаа некои медиуми, Тоше на концертот се покажа како одличен гитарист, речиси на самиот старт кога се фати за гитара, во изведба на Лејди. Со него на сцена беа и членовите на неговиот бенд Blue Funky Individuals, диригентот Саша Николовски - Ѓумар, симфониски оркестар, хор... и сите беспрекорно си ја завршија својата работа.

Тоше на концертот имаше и многубројни гости, Биља Крстиќ со која ги испеа македонските народни песни Јовано,Јованке и Море сокол пие, Џана Нанини, со која заедничката песна Арија ја имаше својата светска премиера, Александра Милиќевиќ со која ја испеа песната 1200 Милји (во оригиналната изведба со Гоца Тржан), оркестарот на Срѓан Азировиќ со кој ја исполни Несаница (тема од филмот Ивкова слава) и Танец кои уште еднаш докажаа дека се вистински македонски културни амбасадори.

Крајот на концертот беше вистински делириум, бидејќи за крај беа оставени неговите најголеми хитови - Лагала нас мала, Чија си и Срце није камен. Како специјален подарок од Тоше за неговите фанови, тој ги исполни Fragile од Стинг, Nothing else matters од Металика и Као какао од Леб и сол.

На 12 февруари 2008 година концертот од Белградската арена започна да се продава во ДВД издание. Овој концерт е одлика на неговиот патриотизам и сè она што беше Тоше – велат од неговата матична продукција „Аворд“. На ДВД-то има материјали од хрватскиот Радијски фестивал во Хвар, промоцијата на албумот „Игри без граници“ од Загреб.

Победа на Хрватски радиски фестивал

Најпопуларниот македонски пејач Тоше Проески, го продолжи искачувањето кон врвот на балканската музичка сцена со победата на Хрватски радиски фестивал на 9 јуни 2007 година. Тој со песната Veži me za sebe, сосема заслужено освои Гран при во категоријата поп рок и урбана музика, освојувајќи вкупно 16.589 гласови.

Третиот голем концерт на Градски стадион

Под мотото „Образованието е одговорност на сите“ поп-ѕвездата Тоше Проески, на 5 октомври 2007 во 19:30 часот, одржа спектакуларен хуманитарен концерт на Градскиот стадион во Скопје, поддржан од организацијата УСАИД. Парите од билетите, кои чинеа 200 денари, се искористија за петгодишниот проект за основно образование финансиран од фондацијата. Со нив ќе бидат реновирани околу 100 училишта во Македонија, ќе се подобри наставната програма и ќе се спроведат образовните реформи. На вeчерната прес-конференција во хотелот „Континентал“, освен Тоше, присуствуваа претставници од УСАИД. Директорот Мајкл Еди, кој се обрати на македонски, рече дека се гордее што работи со ѕвезда од рангот на Проески. Тоше истакна дека „Никола Карев“, училиштето во кое учел во Крушево, забрзано се реновира.

- Чест ми е што сум дел од проект од вакви размери и од големи планови за македонското образование. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните многу ми значат оти остануваат трајно. Ако се подобри образованието во Македонија, ќе имаме поздраво општество - изјави Тоше.

Како негови гости настапија Адријан Гаџа, Бојан Маровиќ и Антонија Шола. Тоше на прес конференцијата непосредно пред концертот истакна дека секогаш ќе се чувствува како Македонец и никогаш нема да ја напушти својата татковина. - На успехот секогаш е залепено зло зашто човечката природа е таква. Се надевам на поддршка од сите за да се справам со злобните луѓе, оти не можам да го направам тоа сам - рече пејачот. Вториот голем солистички концерт на Тоше Проески, на Градскиот стадион, повеќеилјадната публика ќе го памети по неговиот силен и енергичен настап, како и по фактот дека таа ноќ Тоше максимално ѝ се даде на македонската публика. Особено запаметено останува неговото барање: "Сликајте ме со ѕвезденото небо", кога илјадници мобилни телефони и запалки светнаа на неговите романтични рефрени.

По завршувањето на концертот, на Тоше и на неговите колеги им беа доделени статуетки Мајка Тереза, од истоимената фондација, како знак на благодарност за хуманото дело. Тоше ја предаде статуетката на неговата мајка Доминика, која му ја всадила хуманоста од мали нозе. Додека се случуваше сето тоа, небото над Скопје, го осветлуваше величествен огномет во чест на Тоше.

Со специјални материјали, концертот од 5 октомври 2007 година, беше емитуван на Бадник - 6 јануари 2008 година на А1 Телевизија, од 15 до 19 часот.

Сообраќајна несреќа

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.[2] Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на со-возачкото седиште во возилото Volkswagen Touareg кој со голема брзина удира во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда. Останатите двајца патници - возачот Ѓорѓе Георгиевски поминува со потешки додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ со полесни повреди. И двајцата се вон-животна опасност. [3] [4] [5].

Последното испраќање на Тоше

Телото на Тоше, пречекано на аеродромот Александар Велики од премиерот и висока владина делегација

Телото на Тоше пристигна на аеродромот "Александар Велики" од Хрватска, на 16 октомври, околу 23 часот, со хеликоптер на Армијата на Република Македонија. Целата нација со солзи го пречека својот ангел, во родната Македонија, со оглед на тоа дека настанот беше пренесуван од сите национални телевизии. На аеродромот, неговото тело беше пречекано од неговите најблиски и од владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски. Беше организирана мала процесија од страна на почесната гарда на Армијата. Во сите македонски градови и села веќе беше отпочнато оплакувањето на најомилениот естраден лик и македонска национална гордост. На плоштадот "Македонија" во Скопје, масовно се палеа свеќи, а народот спонтано излегуваше на улиците за да го пречека и испрати на патот до Крушево.

Погребот на најголемата македонска музичка ѕвезда започна утредента во 13 часот, откако претходно беше одржана комеморација пред споменикот Македониум. "Крушево и Македонија уште од Илинден 1903-та не ги обземало таква тага и очај. И со право, зашто изгуби ангел. Продолжи Тоше да пееш, на небото, придружуван од ангели" - се прости архиепископот г.г. Стефан од „ангелскиот глас“. Овие зборови на архиепископот г.г. Стефан најдобро ја опишуваат атмосферата во која Македонија се прости од својот „ангелски глас“ Тоше Проески. Со липање и со неизмерна почит верната публика и на крушевско Гумење му го подари последниот аплауз на својот сакан. Премиерот Никола Груевски во обраќањето рече дека Тоше нè научи на чистота, на јасност, на упорност, на скромност, на хуманост, на искреност. - Нè научи на вредности на кои треба да почива универзумот. "Ни остави песна за да нè теши и да нè потсети како е да се биде човек" - рече Груевски на комеморацијата пред неколку илјади крушевчани, Македонци, почитувачи на Тоше, кои како река дојдоа да се простат со својот миленик. Тажното простување од големата ѕвезда почна уште во 11 часот, во црквата „Пресвета Богородица“, каде што Тоше бил крстен. Мирисот на темјан измешан со мирисот од запалените свеќи само ја дополнуваше траорната атмосфера, во која присутните го оплакуваа милиот пејач. Црквата беше претесна да ги собере сите што за последен пат дојдоа да се поздрават со големиот човек.

Од црквата ковчегот беше ставен на лафет од каде што поворката тргна кон месноста Гумење, кај Споменикот на крушевската револуција. Другарите на Тоше со венци и со цвеќиња во рацете го предводеа ковчегот до вечното почивалиште. Мајката на Тоше, која ни за момент од рацете не го испушти македонското знаме што го покриваше сандакот неутешно плачеше изговарајќи го неговото име. Големиот простор кај Споменикот на Крушевската Рeпублика беше премал за да ја собере сета тага што надвисна над малото гратче.

Трогателно, со многу емоции актерката Весна Петрушевска со говор се прости од својот пријател. - "Најстрашно е што Македонија го изгуби најдоброто нешто. Мислам дека умре надежта. Мислам дека умре најголемата ѕвезда што некогаш се родила во Македонија" - рече Петрушевска.

Долга беше редицата на сите што сакаа да се поклонат пред неговиот ковчег и последен пат да ја бакнат сликата на Тоше. Освен родителите и најблиските роднини најнеутешни беа неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и блиската пријателка на Тоше, Адријана Будимир. Илјадници крушевчани и луѓе од другите градови со часови се стискаа на гробиштата во Крушево за да го испратат Тоше до вечниот дом. Неколку часови имаше само молк и по некоја воздишка. И со некој шепот за тоа каков ангел изгуби земјата. Молк. Но, по само првиот такт на посмртниот марш залелека цело Крушево. Дури и кучињата болно завиваа како да ја чувствуваа тагата по земниот ангел. Покрај свежо ископаниот гроб, таткото на Тоше, скршен од болка, побара да го отворат сандакот за да види го својот син за последен пат. Додека го отвараа капакот и Адријана Будимир посака да го види. И на двајцата им ја исполнија желбата.

Болни крикови одекнуваа додека ковчегот со телото го спуштаа во гробот, испратен со почесна стрелба на почесната стража на АРМ. Постхумно прогласен за почесен граѓанин на Македонија, Тоше беше погребан со најголеми државни почести. На неговото испраќање присуствуваше државниот врв, а венци пред ковчегот со неговото тело положија претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Груевски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски и речиси сите членови на Владата, делегации од политичките партии, хуманитарни организации на кои тој несебично им помагаше. Во реката луѓе што се поклонија пред големиот пејач беа неговите колеги, пејачи од Македонија и од Балканот, актери, црковниот врв, но и одбојкарите од неговиот клуб, игроорци, неговите пријатели, илјадници обожаватели... Последна почит му оддадоа и многу негови пријатели од балканската естрада, меѓу кои македонската поп дива Калиопи и нејзиниот сопруг, актерот Васил Зафирчев, оперската дива Весна Гиновска-Илкова, Бени и Нора Шакири, пејачот Адријан Гаџа, хрватските пејачи Аки Рахимовски, Тони Цетински, српските пејачки ѕвезди Жељко Јоксимовиќ, Светлана Ражњатовиќ и други. Беа и амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ, евроамбасадорот Ерван Фуере и градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.

Поради големиот стрес, неколку лица колабираа за време на погребот и им беше дадена лекарска помош. Меѓу нив беше и Лилјана Петровиќ, која не дојде на гробиштата бидејќи по комеморацијата ја однесоа во болница.

Македонија навива за вас

Црквата „Преображение Господово“ што Тоше започна да ја гради

Песната "Македонија навива за вас", која, како последен проект во својот живот ја сними Тоше Проески, со 196 илјади гласа победи на изборот за официјална спортска химна, што се одржа на 10 ноември 2007 во "Метрополис арена" на Скопски саем. Од оваа манифестација од 213 илјади телефонските гласања собрани беа околу 17 илјади евра, кои беа донирани за помош во лекувањето на малиот Тео Тасев. Авторот на победничката химна Александар Митевски добри ваучeр од 3.000 евра, кои, како што рече тој, исто така ќе бидат донирани за помош на Тео.

Претходно на фудбалскиот натпревар Македонија - Андора повеќеилјадна публика го скандираше името на Тоше. Поради големиот интерес, непосредно пред почетокот на фудбалскиот квалификациски натпревар, од безбедносни причини влегувањето на Јужната трибина беше запрено. Службените лица од УЕФА за ваквите пропусти во организацијата имаа разбирање. Токму со реприза на отпеаната химна од Тоше во хор со гледалиштето пред натпреварот со Англија, сите се присетија дека тој беше нераскинлив дел и од спортските настани. Младите, начичкани на скалилата, ги креваа постерите со ликот на крушевчанецот, на кои стоеше пораката „Секогаш во срце ќе те носиме“. „Комитите“ од Запад ја повикуваа Јужна, а Исток - Северната трибина, сите заедно да го скандираат во хор името на Тоше. „Поздрав за Тоше“, „Тоше е еден“, „Играјте за Тоше“ или само едноставно „Тоше“ ечеше во свежата квечерина преку ридиштата. Како да сакаа да ги слушне од неговиот вечен дом во Гумење.

Андора сама за себе на студот ќе привлечеше можеби одвај илјада гледачи. Но, повикот на Фудбалската федерација на Македонија, која во знак на почит кон својот навивач ширум ги отвори портите на Градски, беше повод на денот на жалоста да се слави. Не се славеше првата победа по 38 месеци, 80. меч на капитенот Гоце Седлоски, туку се славеше ликот и делото на Тоше.

Македонските фудбалери излегоа на теренот во маички со ликот на Проески, беше промовирана националната спортска химна во изведба токму на Тоше, а и головите му беа посветени нему. Горан Пандев веќе стана фудбалска легенда по головите против Реал, Јувентус во дресот на Лацио, но се поклони пред музичката и легенда на хуманоста, кревајќи го погледот и рацете нагоре, по постигнувањето на голот. Тоа беше посвета од спортскиот до културниот амбасадор на Македонија.

И стрелецот на првиот гол Илчо Наумоски, веднаш по погодокот се стрча кон Јужната трибина, бакнувајќи го големиот постер со ликот на Тоше. - При последната средба со Тоше, ми рече дека сигурно ќе дадам гол на следниот меч за репрезентацијата. Тоше ни ја даде победата - вели Наумоски. Македонија ја прекина лошата серија од три години и два месеца без победа на свој терен, но Наумоски вели дека нема многу причини за радост.

- Пред мечот го загубивме еден од нашите најверни навивачи и другар на репрезентацијата. Два дена жалиме за Тоше. Ова беше меч посветен нему. Сите погодоци и победата се во негова чест - вели Наумоски, кој настапува за австрискиот Матерсбург. - Тоше често знаеше да не посети и мене и Гоце Седлоски. Се дружевме во Виена. Тој беше еден од најголемите навивачи на нашата репрезентација. Постојано нè бодреше, а често знаеше да дојде и на мечевите што ги игравме и на гости. Знам дека и вечерва ќе беше на стадион и ќе навиваше. Вака, нè гледаше од небото. Тој беше најмилата личност. Не знам зошто Господ ги зема добрите, но знам дека Тоше сега е во рајот - скршен од болка вели Наумоски, кој по мечот во публиката ги фрли дресот и тренерките.

„Збогум голем човеку“, „Ангел беше на земјата, ангел ќе бидеш на небото“, „Гордост наша, почивај во мир, Тоше“, се дел од транспарентите истакнати на оградата на стадионот. Таканаречените „мексикански бранови“ во текот на второто полувреме беа вибрациите во чест на Тоше од тие што успеаја да влезат на стадионот. Навивачите од прва ја запаметија и „Македонија навива за вас“, спортската химна што со толку страст ја отпеа токму Тоше. Химната, која е само една од 12-те што ги одбра Агенцијата за млади и спорт и што ќе се натпреваруваат за официјалната навивачка химна, беше промовирана на паузата меѓу двете полувремиња. Тоа беше и последна снимена композиција на Проески.

Македонија навиваше за Тоше.

Реакции по смртта на Тоше

Веста за смртта на Тоше Проески е објавена од најголемите светски новински агенции[6]. Најголем дел од нив го нарекуваат „најголема балканска ѕвезда“, а Би-Би-Си[7], неговата слава на Балканот ја поистоветува со онаа на Елвис Присли во САД.

По повод смртта на Тоше Проески, на главниот плоштад во Скопје се отворени книги на жалост, а илјадници скопјани оставаат пораки, палат свеќи и се потпишуваат во книгата на жалоста.

Отворена е и петиција за името на Тоше Проески да го носи Средното музичко училиште во градот Битола, каде учел Тоше Проески. Истата петиција важи и за промоција на хуманитарен фестивал кој ќе се одржува секоја година на денот на неговата смрт 16 октомври и кој ќе го носи неговото име и ќе опфаќа музичари од сите музички жанрови, се со цел да им се помогне на сите оние на кои им треба хуманитарна помош.

Постхумни признанија

На 10 декември 2007 година во Загреб официјално стартуваше продажбата на албумот „Ako me pogledaš u oči“, во Македонија објавен пред пет години, кој на некој начин беше и пресвртница во кариерата на легендарниот пејач. Ова е деби на овој носач на звук, во издание на Hit records, а секој негов купувач учествуваше во хуманитарниот проект Dodaj notu dobrote. Овој албум е прво негово издание кое е работено на македонски и српско-хрватски јазик. На албумот се наоѓаат песните: Ćini, Ako me pogledaš u oči, Još jedan stepenik, Soba za tugu... Овој албум за само три недели продажба достигна платинест тираж во Хрватска, со продадени 10.222 копии.

Издавачката куќа Hit records која за хрватскиот пазар објави неколку албуми на Тоше, јавно обелодени дека неговиот последен албум Igra bez granica во Хрватска го достигна платинестиот тираж, со продадени 50 000 копии. Во рамките на промоцијата, оваа издавачка куќа на главните автори на проектот Igra bez granica: Мирослав Рус, Никша Братош и Миро Буљан им врачи платинести плакети, а платинеста плоча постхумно му беше доделена и на Тоше.

Од 15 декември 2007 година, еден милион поштенски марки со ликот на Тоше почнаа да кружат низ светот, исто како и неговата песна. Марката на која Тоше е фотографиран со гулаб, во кој гледа со неизмерна нежност, смиреност и добрина, дело на фотографот Дарко Мораитов, беше официјално промовирана во Македониумот во Крушево.

Издадената поштенска марка е преседан во историјата на Македонски пошти. По ограничениот број марки со ликот на загинатиот претседател Борис Трајковски, за прв пат се издава марка на великан од чие дело не поминале најмалку 50 години. Оваа одлука, главните луѓе на Македонски пошти, со солзи во очите ја донеле истиот ден кога Тоше трагично го загуби својот живот во сообраќајната несреќа во Нова Градишка, Хрватска. Парите од продадените марки (една марка чинеше 12 денари) се слеаа во Фондацијата Тоше Проески и се распределуваа во хуманитарни цели.

Месеци по смртта на македонскиот великан Тоше, вратите од куќата на семејството Проески, на фамозната адреса Томе Никле 32, беа отворени, и во неа со изразита почит и љубов, влегуваа посетителите на вечното почивалиште на пејачот.

Во специјалната божикна програма на телевизија Ватикан е прикажана посебна репортажа за духовната и хуманата посветеност на македонскиот поп пејач Тоше Проески. Во 15-минутната приказна за Тоше и неговото верување во Бога се истакнува дека за својот краток век, тој со целото свое битие беше посветен на верата, црквата и хуманоста, неговите песни со текстовите и музиката беа молитви, информира граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, Тоше ги радуваше и сплотуваше луѓето без разлика на која нација, вера или генерација припаѓаат. Пееше на македонски, на мајчиниот влашки, на англиски, српски, хрватски, шпански, италијански, руски, француски и други јазици. Беше поп-ѕвезда, но пееше и изворна народна музика, а не ги достигна височините на светската оперска сцена за што ги имаше сите потенцијали. Телевизија Ватикан пренесувајќи дека Тоше Проески за своја водилка во хуманоста ја сметаше блажената Мајка Тереза, со татковско влашко потекло, открива дека тој бил член на организацијата „Скопјанката Мајка Тереза“ и во нејзината спомен соба и светилиште во родниот град Скопје во честите молитви пред нејзиниот портрет го пронаоѓал мирот во душата и инспирацијата во работата.

Во репортажата се пренесува чинот кога Проески на неговиот хуманитарен концерт на стадионот во Скопје ја прима последната награда во својот живот-токму статуата на Мајка Тереза и која и ја предава на својата мајка Домника, нагласувајќи дека добрината и хуманоста ги наследил од родителите. Во телевизискиот запис се истакнува дека Тоше е личност на годината во Македонија и во Хрватска. Покрај манастирот што го градеше, до неговиот гроб во родниот град Крушево ќе биде подигната и црква во чест Тоше Проески. Потенцирајќи дека Тоше го посетил Ватикан, телевизијата, која емитува програма на 40 јазици, објавува делови од настапите што во чест на Мајка Тереза ги имал во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје и инсерти и пораки од повеќето негови хуманитарни мисии. Истакнувајќи дека Тоше е идол на младите и симбол за хуманоста, се пренесува идејата за негова световна канонизација во куќата на сестрите на Мајка Тереза во Ватикан.

Тоше постхумно е добитник на специјално признание за придонес во спортот во изборот организиран од Сојузот на спортските федерации на Македонија и од Агенцијата за млади и спорт. Проески беше награден со ова признание поради исклучителниот придонес во спортот воопшто, а особено во одбојката. Проески ја возобнови одбојката во својот град Крушево, со заживувањето на клубот Синалко, чиј активен член беше. Во име на семејството Проески, признанието го прими претставник на клубот.

На 23 јануари 2008, два дена пред роденденот на трагично загинатиот Тоше Проески во Спомен куќата на Мајка Тереза, беше откриена бронзена биста со неговиот лик.Отворена беше и изложба со 27 фотографии од хуманитарните акции на Тоше.

„Таа љубов кон него и за него не сјати и овде, во овој храм на хуманоста, во оваа мало катче во кое Тоше наоѓаше дел од својот мир, од каде повикуваше на мир, на хуманост, на добрина, на човекољубие“, изјави Стојан Тренчевски. Борис Трајанов, уметник на мирот на УНЕСКО апелираше, македонската јавност да и упати благодарност на менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ.

Чествувањето на хуманоста на Тоше Проески повторно ги собра неговите млади обожаватели, повторно солзи и потсетување на трагедијата, но и на големината на Тоше, дојдоа и неговите колеги естрадни уметници и претставници на семејството. „Некој рече дека пород не направил, нема фамилија, фамилија му се песните, фамилија му е цела Македонија“, рече Есма Реџепова, Бронзената статуа е дело на скулпторот Митко Тошев од Струмица, кој на 25 јануари ќе ја подари на родителите на Тоше. „Додека го работев ликот на Тоше почувствував дека Тоше има ангелски лик и можев да влезам внатре во неговата душа и да откријам дел од неговата чиста душа“, изјави Митко Тошев.

Изложбата на фотографиите патуваше низ градовите во Македонија, Србија, Хрватска, Индија, Ватикан и Велика Британија.

The hardest thing

На 31 мај 2008, на Хрватскиот радиски фестивал во Опатија, беше промовиран видео записот за песната The hardest thing (Најтешкото нешто).Од следниот ден, истиот започна да се емитува и на MTV Adria.

Спотот го изработи „Ем-ти-ви Адрија“ од снимки направени во Лондон и на Јамајка, како и кадри од некои приватни моменти на покојната ѕвезда. Тоше во 2006 година престојуваше 20 дена на Јамајка со менаџерката Лилјана Петровиќ и со Ласто Николовски од „Аворд продукција. Тие биле придружувани од Брајан Тејлор, менаџер на Тоше за странскиот пазар и композиторот, Енди Рајт кој ги направил првите пет албуми на „Симпли ред“. Обожавателите на Проески во Опатија настанот го проследија со транспаренти, маици со негов лик и со македонски знамиња. Во првите редови на публиката беше и неговата менаџерка Петровиќ. По емитувањето на спотот, во чест на Тоше беа прикажани и снимки од изведбата на „Вежи ме за себе“, со која лани победи на овој фестивал што се одржа на Хвар, како и дуетскиот спот со Антонија Шола за „Волим осмијех твој“.„Хит рекордс“ им врачи дијамантски плочи на зетот на Тоше, Славен Ристоски и на менаџерката Петровиќ.

Специјално за овој настан пристигнаа обожавателите на Тоше од сите поранешни југословенски републики, како и почитувачи на неговото дело од Фиренца. Хрватските фанови направија 20-метарско платно на кое беше напишано „Тоше, заувјек твоји потписујемо“. Платното ќе му го подарат на семејството на Проески, за да стои во спомен-куќата. Поради вонредното значење на овој настан - објавувањето на првиот сингл од англискиот проект на Тоше, фестивалот го пренесуваше и Македонската национална телевизија. Цела македонска нација со особено внимание го проследи настанот и се потсети на својот непреболен ангел.

На 6 јуни 2008 година, во етерот на македонската телевизија Канал 5, премиерно беше пуштен краткиот документарец снимен за време на престојот на Тоше Проески во Јамајка. На него може да се забележи „креативниот процес“ на создавање на песните од англискиот албум и нескриеното задоволство што Тоше го искажува во врска со материјалите и соработката со Брајан Тејлор. Во документарецот меѓу другото, Тоше ја издвојува песната The hardest thing како песна „која ги вади сите емоции од него“, со што се обвистинуваат прогнозите дека токму таа е песната со која тој требаше да се пробие и да го освои светскиот музички пазар. Во краткиот документарец има и секвенци од видео-записот за темата Aria (итал. Воздух), која Тоше ја отпеа заедно со италијанската дива Џана Нанини.

Концерт во чест на Тоше

На 05 октомври 2008 година, на Градскиот стадион во Скопје се одржа хуманитарен концерт, во чест на најголемата балканска ѕвезда - Тоше. Избран беше овај датум, бидејќи на 05 октомври 2007 година, исто така на Градскиот стадион Тоше одржа еден од најголемите хуманитарни концерти до сега. Неговата желба беше пак наредната година да го наполни Градскиот стадион, па во таа чест беше одржан овој концерт, кој се претпоставува дека ќе премине во традиција. На концертот под мотото: „Тоше - те сакаме сите“ настапија голем број на музички ѕвезди, меѓу кои и Калиопи, Гоца Тржан, Тони Цетински, Руслана и други.

Албуми

Најголеми хитови

  • Чија си - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 БиХ
  • Немаш ни благодарам
  • Тајно моја - #1 Македонија
  • Ако ме погледнеш во очи - #1 Македонија, #1 СЦГ
  • Соба за тага
  • Life - #1 Македонија, #2 СЦГ #49 Јужна Африка
  • Жао ми је
  • Кој ли ти гризе Образи (Ко ти то гризе образе) - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 Хрватска
  • Лагала нас мала (со Тони Цетински) - #1 Македонија, #1 СЦГ, #1 Хрватска (20 недели)
  • По тебе
  • Срце није камен (Хит на годината во Хрватска)
  • Вежи ме за себе (#1 на „Радиски фестивал“ во Хрватска)
  • Никој како тебе не бакнува - #1 во Македонија
  • Месечина
  • Волим осмијех твој (со Антонија Шола) - #1 во Хрватска
  • Боже, чувај ја од зло
  • Игри без граници - #1 на Балканот(3 месеци)....
  • The Hardest thing

Извори

  1. ToseProeski.info.
  2. Македонска Информативна Агенција, Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа.
  3. www.makfax.com.mk
  4. vijesti.hrt.hr
  5. dnevnik.hr
  6. МАКФАКС, Светските медиуми за Тоше
  7. BBC, Balkan pop star dies in car crash, Proeski's fame transcended ethnic divisions in the Balkans Macedonian pop star Tose Proeski, a hugely popular singer in the Balkans, has died in a car crash in Croatia
  1. 360macedonia.com Virtual Panorama IN MEMORIAM - Tose Proeski

Надворешни врски

Предлошка:Одбрана Една рефрен за Тоше,од мене

Боже анѓели од небо прати тој нема да се врати боже лувајго од зло тој нема никој свој БОЖЕ ЧУВАЈ ГО ОД ЗЛО