Плаштари: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: fa:آب‌دزدک دریایی
Ред 39: Ред 39:
[[eo:Tunikulo]]
[[eo:Tunikulo]]
[[es:Urochordata]]
[[es:Urochordata]]
[[fa:آب‌دزدک دریایی]]
[[fi:Vaippaeläimet]]
[[fi:Vaippaeläimet]]
[[fr:Tunicata]]
[[fr:Tunicata]]

Преработка од 20:58, 6 октомври 2009

Туникати
Сино ѕвонче, Clavelina moluccensis
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Потколено: Urochordata
Giribet et al., 2000
Класи

Ascidiacea (2,300 species)
Thaliacea
Appendicularia (Larvacea)
Sorberacea

Во туникати спаѓаат животните кои се членови на истоимениот поттип на примитивни морски хордати. Постојат околу 2000 познати видови. Ларвалниот стадиум на овие животни се карактеризира со присуство на нотохорд и грбно нервно стебло, кои отсуствуваат кај возрасната единка. Возрасниот организам се одликува со слој на заштитна секреција околу телото наречена туника (оттука и името на поттипот), која се состои главно од протеинот туницин. Туникатите се чести во живеалишта како што се карпестите брегови, но можат да се најдат и во големи длабочини. Видовите познати како асцидии сочинуваат една класа во поттипот, а всушност и повеќето туникати спаѓаат во оваа класа. Туникатите се важни бидејќи се врска помеѓу без‘рбетниците и ‘рбетниците.

Одлики на ларвената и возрасната единка

Ларвалниот стадиум, кој најмногу личи на полноглавец, има грбно нервно стебло заштитено во нотохорд, потоа мозок (односно ганглија), жабри, крвни садови и целом (секундарна телесна празнина). Овие карактеристики на туникатната ларва индицираат дека оваа група е повеќе поврзана со хордатите отколку со без‘рбетниците. Слободнопливачката ларва се прикачува себеси за супстрат и поминува низ процес на видоизменување во возрасната форма, губејќи ги притоа повеќето од сличностите со повишите животни.

Возрасната единка обично претставува седентарно животно кое поседува целосен дигестивен систем, срце и циркулаторен систем, жабрена мрежа и редуциран нервен систем. Прекриена е со туника. Вазновидното животно има два сифона - еден кој дозволува водата да навлегува во телесната празнина и другиот низ кој водата излегува надвор. Водата поминува низ филтерски апарат кој ги заробува малите хранливи честички и ги предава на желудникот. Мрежестата жабрена торба го екстрахира кислородот од водата како што таа минува низ неа. Повеќето туникати се хермафродити, но некои пливачки видови, како салпите, се размножуваат и полово и бесполово (смена на генерации). Колониите може да бидат формирани по пат на бесполово размножување, а некои видови формираат заеднички одводен сифон. Една класа на мали, ларвовидни туникати се храни со помош на сложена мукозна "куќичка" која го обиколува телото.

Таксономија

Туникатите го сочинуваат поттипот Tunicata во типот Chordata. Асцидиите ја сочинуваат класата Ascidiacea, а салпите спаѓаат во класата Thaliacea. Ларвовидните туникати кои се хранат со помош на мукозната куќичка ја сочинуваат класата Larvacea.