Бугарија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ова е многу понебитно за да биде во прв ред
сНема опис на уредувањето
Ред 63: Ред 63:
}}
}}


'''Бугарија''' ([[бугарски јазик|бугарски]]: ''България'') е држава во југоисточна [[Европа]]. Бугарија излегува на [[Црно Море]] на исток, со [[Република Грција]] и [[Република Турција]] граничи на југ, со [[Република Србија]], [[Република Македонија]] на запад, и со [[Романија]] на север. Северната граница, главно е по должината на реката [[Дунав]], при што источниот дел на границата ја завзема [[Добруџа]]. Бугарија завземна површина од 110.911,5 квадратни километри. [[Главен град]] на Бугарија е [[Софија]],1 270 337 жители. Други поголеми градови се: [[Пловдив]] (373&nbsp;586), [[Варна]] (343&nbsp;603), [[Бургас]] (210&nbsp;954), [[Русе]] (173&nbsp;952), [[Стара Загора]] (161&nbsp;108), [[Плевен]] (135&nbsp;170), [[Добрич]] (113&nbsp;820), [[Сливен]] (111&nbsp;301). <ref>[http://grao.bg/tn-izb.html Гражданска Регистрация и Административно Обслужване - 03.08.2007]</ref>, Таа е членка на [[НАТО]] и на [[Европска Унија|Европската Унија]]
'''Бугарија''' ([[бугарски јазик|бугарски]]: ''България'') е држава во југоисточна [[Европа]]. Бугарија излегува на [[Црно Море]] на исток, со [[Република Грција]] и [[Република Турција]] граничи на југ, со [[Република Србија]], [[Република Македонија]] на запад, и со [[Романија]] на север. Северната граница, главно е по должината на реката [[Дунав]], при што источниот дел на границата ја завзема [[Добруџа]]. Бугарија завземна површина од 110.911,5 квадратни километри. [[Главен град]] на Бугарија е [[Софија]],1 270 337 жители. Други поголеми градови се: [[Пловдив]] (373&nbsp;586), [[Варна]] (343&nbsp;603), [[Бургас]] (210&nbsp;954), [[Русе]] (173&nbsp;952), [[Стара Загора]] (161&nbsp;108), [[Плевен]] (135&nbsp;170), [[Добрич]] (113&nbsp;820), [[Сливен]] (111&nbsp;301). <ref>[http://grao.bg/tn-izb.html Гражданска Регистрация и Административно Обслужване - 03.08.2007]</ref>. Таа е членка на [[НАТО]] и на [[Европска Унија|Европската Унија]].


{|
{|

Преработка од 21:51, 4 октомври 2009

Оваа статија се однесува на Република Бугарија, за други значења погледнете Бугарија (појаснување).


Република Бугарија
Република България
Знаме на Бугарија Грб на Бугарија
Знаме Грб
Мото: Съединението прави силата!, Соединувањето ја прави силата!
Химна: Мила Родино
Положба на Бугарија
Положба на Бугарија
Главен град  Софија
42°41′N, 23°19′E

Најголем град Софија
Службен јазик бугарски
Влада Парламентарна демократија
 - Претседател Георги Прванов
 - Премиер Бојко Борисов
Независност 1878 од Османлиската империја 
 - Оcновање 681 Кан Аспарух 
 - Христијани-
зација
865 Кнез Борис I 
 - Автономија од Османлиската империја 3 март, 1878 
 - Соединета со Источна Румелија (Тракија) 6 септември, 1885
(22 септември — стар стил) 
Пристап во ЕУ Членка од 1 јануари, 2007
Површина  
 - Вкупно 111 001 км² (102.)
 - Вода (%) 0,3%
Население  
 - 2003 7.801.929 (88.)
 - Густина 69,5/km² (124.)
БДП (ПКС) 2005 приб.
 - Вкупно $93,78 милијарди (65.)
 - По глава на жител $12 900 (65.)
ИЧР (2006) 0,824 (53.) – висок
Валута Лев (BGN)
Часовен појас UTC {{{часовен појас}}}
НДД .bg
Повикувачки број +359

Бугарија (бугарски: България) е држава во југоисточна Европа. Бугарија излегува на Црно Море на исток, со Република Грција и Република Турција граничи на југ, со Република Србија, Република Македонија на запад, и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел на границата ја завзема Добруџа. Бугарија завземна површина од 110.911,5 квадратни километри. Главен град на Бугарија е Софија,1 270 337 жители. Други поголеми градови се: Пловдив (373 586), Варна (343 603), Бургас (210 954), Русе (173 952), Стара Загора (161 108), Плевен (135 170), Добрич (113 820), Сливен (111 301). [1]. Таа е членка на НАТО и на Европската Унија.

Административна поделба на Бугарија

Од 1999 г. Република Бугарија административно е поделена на 28 области, кои што се именувани по обласниот центар. Кон Северна Бугарија припаѓаат: Видинска, Монтанска, Врачанска, Плевенска, Ловечка, Габровска, Великотрновска, Русенска, Силистренска, Разградска, Трговишка, Шуменска, Добричка и Варнска, додека области во Јужна Бугарија се: Бургаска, Сливенска, Јамболска, Старозагорска, Хасковска, Крџалиска, Пловдивска, Смолјанска, Пазарџичка, Благоевградска (или позната и како Пиринска Македонија), Ќустендилска, Перничка, Софиска и, како посебна област, се вбројува и градот Софија.

Во Бугаријa има 264 општини и 354 града.

Историја на Бугарија

Потекло на бугарската државност

Средновековна Бугарија

Плиска - главен град на Првата бугарска држава од 681 до 890.

Бугарско царство (бугарски јазик: Българско царство) е термин кој се користи за опишување на два периода од средновековната историја на Бугарија, во текот на кои таа била клучна регионална сила општо во Европа а посебно во Југоисточна Европа, којашто често се борела прoтив Византија. Двете Бугарски царства не се сметаат како различни ентитети, туку како една држава која се обновила после периодот на Византиското владеење на нејзината територија[се бара извор].

  • Првото Бугарско царство било формирано како резултат на проширувањето на Стара Велика Бугарија на териториите јужно од реката Дунав, и вообичаено се смета дека постоело помеѓу 681 година (кога постоењето на ова царство за прв пат било спомнато од страна на Византија во мировен договор) и 1018 година, кога подпаѓа под Византиска управа. Својот зенит го достигнало во текот на деветиот и почетокот на десетиот век, кога со царството владеел Борис I и Симеон Велики, кој ја развил Бугарија во културен и литературен центар на Словенска Европа,[2].
  • Средновековна Бугарија претставува обновување на Второто Бугарско царство после успешното Бугарско востание на двајца велмошти од Трново, Асен и Петар, во 1185 година. Средновековна Бугарија опстојувала се до инвазијата на Турците на Балканот при крајот на четиринаесетиот век. Последната Бугарска територија која подпаднала под Отоманска доминација бил Созопол, се до 1453 година. Под водство на Иван Асен II во првата половина на тринаесетиот век поголемиот дел од територијата бил повратен.

Кнежество Бугарија

Рилскиот манастир

Почетоците на современата бугарска држава се тесно поврзани со Бугарската Егзархија, Априлското востание од 1876, Цариградската дипломатска конференција од истата година и Руско-Турската војна од 1877 - 1878 година. Војната ја започнала Русија со оправдување за „ослободување на христијаните на Балканот од турското ропство“ по Априлското востание, кое било крваво задушено. Големите сили веќе не верувале дека е можно без реформи да се зачуват мирот и добрите односи меѓу Турци и Бугари, али обидот тие да се помират со посебна конференција претрпел неуспех, бидејки планот да се креират два автономни реона со границите на Бугарската Егзархија бил отфрлен од Османската Империја. По многуте жестоки битки и бројни жртви во луѓе и материјални средства, руската армија успева да ја истисне турската војска од поголемиот дел од нејзините територии на Балканскиот Полуостров, а во опасност била и престолнината Истанбул. Немајќи друг излез, Османска Турција ги прифатила најтешките можни услови за постигнување на мировен договор. Русијa не јa завладеaла целата територијa на Турцијa, зашто британската флота била пратена во Босфорот. Турцијa се согласила да ги отстапи Мизија, северна Тракија и поголемиот дел од Македонија. Овие територии требало да се вклучат во идната Бугарска држава, која требело да биде под силно политичко влијание на Русијa.

Границите на Бугаријa според Санстефанскиот договор од 3 март 1878

На 3 март 1878 во местото Сан Стефано, во близината на Истанбул, бил потпишан познатиот Санстефански Договор, кој ги поставил темелите на идната бугарска држава скоро следејќи ја територијата на Бугарската Егзархија. Овој договор не бил прифатен од Големите Сили поради стравот дека ваква голема словенска држава на Балканот би била слуга на руските интереси.

Само неколку месеци подоцна, во јуни 1878 година, во Берлин бил свикан Берлинскиот конгрес на кој било признато правото на Бугарија да постои како независно кнежество, но само во граници меѓу Дунав и Стара Планина и Софискиот санџак. Северна Тракија добила автономија под името Источна Румелија, со бугарска влада. Македонија била вратена под османлиска власт.

Во 1885 година Источна Румелија била приклучена кон Бугарија, а истата судбина ја дочекала и Пиринска Македонија во 1913 година.

Признавањето на одреден дел от територии на Балканот за бугарски преку опфатот на Бугарската Егзархија, Санстефанскиот договор (иако прелиминарен) и Цариградската дипломатска конференција ќе има долгорочни последици за бугарското општество. Тоа ќе има силно психолошко влијание врз бугарските политичари кои, поради него, Бугарија ја туркаа во конфликти со соседите, кои исто така претендираа на тие територии.[се бара извор]

Царство Бугарија

Бугарски воjници, 1908

Царство Бугарија (Бугарски: Царство България) било царство во Југозападна Европа од 1908 до 1947. Престолнината на царството била во Софија.

После Ослободуењето во 1878 според Берлинскиот договор Бугарија постанала "автономно трибутарно кнежество". Во Трновскиот Устав не било запишано дека земјата е под вазалната зависност од Отоманската Империја, но тоа е факт според актите на меѓународното право. Истовремено по дипломатски и политички пат многу бугарски влади морале да ги негираат одредбите од Берлинскиот договор во однос на вазалноста кон Истанбул.

На 22 септември 1908 година по анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарија и со подршката на Русија, Бугарија ја добила својата независност - Фердинанд прочитал тржествен манифест во старата престолнина Велико Трново. Променет бил и Трновскиот Устав, со којшто титулата на Фердинанд била променета од "кнез" на "цар" и соодветно официјалното именување на државата - од "Кнежество Бугарија" на "Царство Бугарија".

После доаѓањето на власт на Отчествениот Фронт на 9 септември 1944 година се организирал референдум за промена на формата на државното управување, на којшто бугарскиот народ гласал со 92,7% за републиканска форма на управување. На 15 септември 1946, Бугарија била прогласена за Народна република. Во 1947 Големото народно собрание го примило новиот Устав на Народна Република Бугарија.

Бугарија во Првата светска војна

Првата светска војна е светски конфликт што се одвива од 1914 до 1918 и започнува во Европа. На страната на Централните сили покрај Австро-Унгарија, Германското Царство и Отоманската Империја учествува и Бугарија, против сојузничките сили на чело со САД, Руската Империја, Франција, Британската Империја и Италија.

Царство Бугарија од 1941 до 1944

Бугарија во Втората светска војна

Втората Светска војна е глобален конфликт што почнува на 7 јули 1937 година, во Азија, и на 1 септември 1939 во Европа и трае до 15 август 1945 со капитулацијата на Јапонија. Втората Светска војна ги зафати мнозинството на земји во светот на секој населен континент. Речиси сите земји што биле вклучени во Првата Светска војна биле инволвирани и во Втората Светска Војна. Таа е најголемиот и најскапиот вооружен конфликт во светската историја.

На страната на Силите на Оската, заедно со Германија, Италија и Јапонија учествува и Бугарија, наспроти сојузничките сили предводени од САД, СССР, Обединетото Кралство, Кина, Франција и останатите.

Народна Република Бугарија

На 9 септември 1944 бугарските комунистички партизани со помош од Црвената армија jа свалили монархијата, и на 15 септември 1946 била прогласена Народна Република Бугарија на чело со Георги Димитров. Економијата почнува да се гради во режим на планирано стопанство.

При Тодор Живков НР Бугарија ги изградила наjголемите индустриски капацитети на Балканите - Металургички комплекс "Кремиковци", индустриски комплекс "Црвена могила", нуклеарна централа "Козлодуj" и компјутерната фабрика во Правец. Со колапсот на Советскиот Сојуз изчезна и НРБ, коjа била заменена од Република Бугарија.

Бугарија по 1989 година

Географија

Поглед на планината Рила

Вкупната површина на земјата изнесува 111 001 km², и според тоа се наоѓа на 102 место по големина во светот. Таа граничи со Црно Море на исток, со Република Грција 494 km и Република Турција граничи на југ 240, со Република Србија 318км2 , Република Македонија на запад 148 km, и со Романија на север 608 km. Климата во Бугарија е умерена континентална со топли лета и ладни зими. Подрачјата кои се наоѓаат на голема надморска височина имаат кратки ладни лета и долги жешки зими.

Население

Според најновиот попис, вкупното население во Бугарија е 7 928 901 жители. Густината на населеноста е 71,9 жители на квадратен километар. Природниот прираст има индекс 4,3. Средниот животен век на луѓето во Република Бугарија е следниот: за мажи - 69 години; за жени - 76 години.

Според официјалните државни извори најбројни се Бугарите со 83.9% од вкупното население. По нив по бројност следуваат Турците со 9.4%, па Ромите со 4.7% и друго население, претставено со 2% (вклучувајќи Руси, Ерменци и други народи). Иако во најголем дел асимиларини во бугарската нација, во Бугарија се зачувани остатоци и од Грци, Каракачани, Гагаузи, Власи и други етнички заедници.

Најбројна религија е православното христијанство, што може да се види од следнава листа: христијани - 87 % (од нив православни - 98,8 %, католици - 0,6%, унијати - 0,1%, протестанти - 0,3%, ерменогрегоријанци 0,2%; муслимани - 12,7% (од нив сунити - 92,9%, алевити - 7,1%, други - 0,3%).

Македонците во Бугарија

Според официјалната државна статистика на Република Бугарија, околу 5.071 лица се изјасниле за Македонци по етничка припадност[3].

Стопанство

Податотека:BulgariaBLVDBelissimo.JPG
Офис-зграда во Софијa
Ветарна централа "Калиакра"

Економска историја

Со пропаѓањето на комунистичкиот режим, заедно со него се растури и целиот економски систем на земјата.[4] Дел од обработливите површини се запуштени и сега земјоделството во стопанскиот живот на земјата учествува со околу 10%.

Во почетокот на 90-те години, услужните дејности имаа удел од 25% , исто колку и земјоделството, а индустрија учествува во вкупното стопанство учествуваше со 60%. Сега услужните дејности зафаќаат околу 60% од вкупната економија, 10% е земјоделство, и околу 30% е индустријата. [5] Индустрискиот раст е 7% (2005).[6] При приватизацијата и преструктуирањето на претпријатија од страна на новите сопственици имаше големи отпуштања на работници. Како резултат на тоа се зголеми невработеноста, која во одредени периоди достигнува и до 19%.

Метростаница Мусагеница на Софискиот метрополитен.

Актуелна економија

Економскиот пораст за 2007 година е 6,2%.[7] Бруто-домашниот производ (номинал) за 2007 има раст од 6% и изнесува 28,9 билиони евро[8], кое дава по глава на жител 3753,5 евро.[9] Во последните години има реално намалување на невработеноста во Бугарија, што се должи на отворањето на нови работни места и во почетокот на 2008 изнесува 5,8%.[10] Странските инвестиции за 2007 се 5,5 билиони евра, со кое Бугарија е на седмо место во светот во однос на инвестиции кон бруто внатрешен производ.[11] Растот на реалните доходи за истиот период е околу 4% годишно.


Трговска размена

До 1989 година Бугарија најмногу тргувала со поранешниот Советски сојуз (80%) и другите членки на Источниот блок, а многу малку со Европската унија (2%). Сега 50% од трговијата се одвива со Европската унија, 2.5% со САД, а останатиот дел со другите земји, меѓу кои е и Македонија.

Сообраќај

Поради својата географска положба, Бугарија е крстопат од речни (по Дунав), морски (Црно Море) и копнени патишта, со што има големи можности во развојот на меѓународниот товарен и патнички сообраќај, како и во другите услужни дејности. Низ Бугарија поминуваат некои од најзначајните сувоземни коридори на Балканскиот Полуостров.

Туризам

Кампинг "Смокинjа"

Најголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на туристичкото стопанство кое станува една од најзначајните стопански гранки и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот (летен) и зимскиот туризам. Во последниве години силен подем бележат и културниот, селскиот и други алтерантивни форми на туризам.

Општа информација

-Земјоделство 4.6%
-Индустрија 28.7%
-Услуги 66.7%
Автопатот „Тракиjа“
  • Буџет (2008) фискална година = календарска година
Приходи - 20.43 милијарди $
Расходи - 18.93 милијарди $

Инфраструктура

Армија

Бугарски МиГ-29

Бугарската армија е името, со кое се означуваат вооружените сили на Кнежество Бугарија (1879-1908), Царство Бугарија (1908-1947), Народна република Бугарија (1946-1990) и денешната Република Бугарија (1990-). Воената индустриja произведува модерно оружје като автоматски пушки (АК-74, АР-М1), анти-тенкови ракетски комплекси ("Фагот", "Конкурс"), пешадиски оклопни возила (БМП-23), оклопни транспортери и артилерија.

  • Активна војска : 39,000 (2009)
  • Воени трошоци : $1,339 милиарди (2008)
  • Тенкови : 160[12] (1474 вкупно[13])
  • Воени авиони : 73
  • Артилерија : 439
  • Фригати : 4
  • Други воени бродови : 8
  • ЗРС : 208
  • Балистички ракети : 36

Култура

Музика

Сликарство

Флорентинец, Константин Величков

Литература

Визен режим со Република Македонија

Од 1 јануари 2007 на македонските граѓани потребна им е виза за да може да патуваат во Бугарија. Виза не е потребна за носители на дипломатски и службени патни исправи двострано.

Литература

Извори

  1. Гражданска Регистрация и Административно Обслужване - 03.08.2007
  2. [1] ...Bulgaria, the cultural center of the medieval Slavs...
  3. Попис 2001
  4. НСИ
  5. НСИ
  6. Facts about Bulgaria
  7. "Ръстът на БВП опроверга страховете", News.dir.bg, 17 март 2008 (бугарски).
  8. "Ръстът на БВП през 2007 година е 6.2 на сто спрямо 2006 година", BgNewsroom - 17 март 2008 (бугарски)
  9. "Ръстът на БВП през 2007 година е 6.2 на сто спрямо 2006 година", BgNewsroom - 17 март 2008 (бугарски)
  10. А1, "Најмногу невработени во Словачка, најмалку во Холандија", 20. 02. 2008
  11. Весник "Дневник", "България заема лидерско място по инвестиции", 16 октомври 2007 (бугарски).
  12. http://www.soldiering.ru/country/guide2003/army-02.php
  13. http://www.soldiering.ru/country/guide2003/army-02.php

Видете исто така

Надворешни врски

Галерија

Предлошка:Link FA