Храм на Христос Спасителот: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rubinbot (разговор | придонеси)
Ред 47: Ред 47:
[[Категорија:Москва]]
[[Категорија:Москва]]


[[af:Katedraal van Christus die Verlosser]]
[[bg:Христос Спасител (Москва)]]
[[bg:Христос Спасител (Москва)]]
[[ca:Catedral de Crist Salvador]]
[[ca:Catedral de Crist Salvador]]

Преработка од 23:10, 3 септември 2009


Поглед на црквата и на големиот камен мост во 1905.

Црквата на Исус Христос Спасителот (руски: Храм Христа Спасителя) е највисоката православна црква во светот. Ситуирана е во Москва, на кејот на реката Москва.


Дизајн

Податотека:Christ the Savior Cathedral Moscow from a bridge.JPG
Реконструкција

Кога последниот војник на наполеонската војска ја напуштил Москва, царот Александар I потпишал Манифест на 25 декември 1812 преку кој јасно ја искажал неговата намера за градење на Катедрала во чест на Христос Спасителот која би ја означила нивната благодарност кон Бога за спасувањето на Русија од „непријателот кој ја затемни“ и која истовремено би служела како меморијален споменик на жртвите на рускиот народ.

Првиот архитектонски проект за катедралата бил завршен од самиот Цар во 1817, изведен во неокласичен дизајн исполнет со масонски симболи. Првите градежнички работи биле започнати на највисоката точка на Москва, која многу скоро се покажала како несигурна. Во меѓувреме, Александар I бил наследен од неговиот брат Николај I, кој бил голем патриот и православен верник и кому масонските и неокласични елементи не му се допаѓале.

Поради тоа, тој го анагажирал својот најомилен архитект Константин Тон да направи нов дизајн на катедралата, но овој пат по примерот на Света Софија од Истанбул, тогашен Константинопол. Новиот неовизантиски стил бил одобрен, и во 1839 започнала изградбата на конаците и Црквата на новоизбрана локација.


Изградба

На катедралата ѝ биле потребни многу години за нејзината изградба (сè до 1860); деталните фрески продолжиле да се изработуваат од страна на најдобрите руски сликари и резбари и во следните дваесет години од нејзината изградба. Катедралата била осветена на 26 мај, 1883 - на денот на крунисувањето на рускиот Цар Александар III.

Рушење

1931 - рушење.

По Октомвриската Револуција во Русија во 1917 местото на кое се наоѓа катедралата било избрано од страна на Советите како многу погодна локација за изградба на споменик на социјализмот познат како Палата на Советите. Споменикот бил замислен да биде изграден во модернистички стил кој би служел како поддршка на огромната статуа на Владимир Илич Ленин. Поради тоа, на 5 декември 1931 година, по наредба на Каганович, катедралата била разурната со динамит.

Конструкцијата на Палатата на Советите била попречена и запрена поради недостиг на финансиски средства, како и честите поплави од реката Москва која се наоѓа во близина и ближењето на војната. Поплавената основа останала во таа состојба сè до времето на Никита Хрушчов, кога била пренаменета во јавен базен.

Новата црква

Поглед на црквата од Црвениот плоштад во 1997.

Со крајот на Советското владеење, Руската Православна Црква добила одобрение за ре-изградба на Црквата на Исус Христос Спасителот во февруари 1990. Фондот за прибирање средства бил отворен во 1992. Пониската црква била осветена во 1996 година, додека целата црква била обновена и осветена на 19 август 2000.

Видете исто така

Надворешни врски

Координати: 55°44′40″N, 37°36′20″E